Контакт

Македонија

Иванов одликуваше тројца македонисти со Медал за заслуги за Македонија

Објавено пред

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги одликуваше со Медал за заслуги за Македонија истакнатите научни работници, лингвисти и македонисти Волф Ошлис, Виктор Фридман и Кристина Крамер.

Волф Ошлис, професор, автор и преведувач на повеќе дела од врвни македонски автори, е одликуван со Медал за заслуги за Македонија за исклучителен придонес за афирмацијата и за популаризацијата на современиот македонски јазик, литература и култура во Германија, како и за унапредување на пријателските односи меѓу Република Македонија и Германија.

Виктор Фридман, еден од најпознатите и најактивни лингвисти со македонистичка ориентација, е одликуван со Медал за заслуги за Македонија, за исклучителен придонес за афирмацијата и за популаризацијата на современиот македонски јазик, литература и култура во САД, како и за унапредување на пријателските односи меѓу Република Македонија и САД.

Американскиот лингвист Кристина Крамер е одликувана со Медал за заслуги за Македонија за исклучителен придонес за афирмацијата и за популаризацијата на современиот македонски јазик, литература и култура во САД и Канада, како и за унапредување на пријателските односи меѓу Република Македонија и САД и Канада.

Претседателот Иванов рече дека му претставува чест и должност што ги одликува овие истакнати македонисти со Медал за заслуги за Македонија, како израз на благодарност за сето она што тие го направиле и што допрва ќе го прават за македонскиот јазик.

Избори 2019

Сиљановска од Пробиштип: Идентитетот не сме го создале ние, а уште помалку премиерот и тие околу него

Објавено пред

Кандидатот за претседател на Република Македонија, проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова се сретна со граѓаните во Пробиштип. Таа ги поздрави граѓаните и им се заблагодари на поддршката која и ја даваат во текот на оваа изборна кампања, бидејќи, како што истакна, ѝ даваат дополнителна сила за да победи на изборите се со цел правдата да преовладее во државата.

„Мислам дека оваа пролет власта ќе си замине, а ние прво на претседателското место, а потоа и во владата со новиот премиер доаѓаме“, истакна Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова порача дека со нејзе доаѓаат и жените бидејќи досега не сме имале жена претседател на Собрание, не сме имале жена премиер, ама редно е да се почне од жена претседател на државата.

„Во 21 век власта нема проблем што треба да се смени името, немаат проблем што за нас велат дека одново сме биле најмладата држава и нација, 75-годишна возрасна жена Македонија, била најмладата нација и држава. Тоа што сме го зацврстиле идентитетот, а тие го осквернавиле го нагризале и сега ние треба да докажуваме игнорирајќи ја нивната придавка „северна“ дека се согласуваме на промена на идентитетот. Идентитет нема да дозволиме да се смени, зошто е тоа дел од нас. Идентитетот не сме го создале ние, а уште помалку премиерот и тие околу него“, нагласи Сиљановска Давкова.

Таа појасни дека идентитетот е граден со векови, идентитетот е неразделен од името Македонија, идентитетот е неразделен од македонскиот јазик, идентитетот не трпи придавка „северна“. „Зошто тој беше е, и ќе си остане македонски“.

Сиљановска Давкова додаде дека срамот власта ќе го носи додека се живи. Никогаш нема да им се заборави ова. Зошто никој досега од АСНОМ до денеска не го направил тоа што го направија тие, обвини таа.

„Ако беше толку едноставно, иако беше толку безболно сигурно уште во 90-тите години по нивниот модел ќе го решеше некој проблемот. Ама јас кога се повикувам на славни државници и политичари велам во 90-тите години на сите умни луѓе им беше јасно дека спорот е вештачки. Дека не може соседот да има спор со моето име. Може да има со своето. Ама јас не можам да му помогнам ако тој има спор со моето име, нема логика“, рече Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова напомна дека оваа власт од реформи спроведе криминал, корупција, клиентелизам, непотизам. Во овие реформи никој не може да ги надмине, шампиони се.

„Ама не може да го лажете народот цел мандат, можете да го убедувате дека жртвата била неминовна и дека таа е влезот, визата на патот кон ЕУ. Ништо од датумот за преговори за ЕУ. Не се оди во ЕУ со економија и економски амбиент оценети со нула. Нашиот премиер постојано си игра со бројките на вработените те 48.000, те 26.000, па министерот за финансии 28.000, па другиот министер за информатика 26.000, тоа е статистика што нема никаков основ. А, бараат од друга страна сите експертски сили да се собереле за да им помогнеле во реформите на патот кон ЕУ“, истакна Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова додаде дека власта единствено се фали дека го реформирале името. Тоа не е реформа тоа е катастрофа. Тоа е погубен потег.

„На 21 април и на 5-ти мај ќе сфатат дека нивното време истече. Нашето време доаѓа“, порача Сиљановска Давкова.
Сиљановска Давкова вети дека како претседателка ќе се обиде секој ден, на секој чекор да ги уверува граѓаните дека таа нема да се фали дека добила уште една функција туку да решава македонски проблеми. Вети дека ќе им помогне и на текстилните работници, за да се почитуваат и нивните права, да не се чувствуваат загрозено и да ги мачат.

„На власта партијата им е поважна од народот. Статусот им е поважен од народот. Ама министер во превод значи слуга на народот, а не 102% слуга на премиерот“, истакна Сиљановска Давкова.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела (20 и 21.4.2019 и на 4 и 5.5.2019 година).

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи, и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота (20.4.2019 година) до 16 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до одделенијата за управни работи. На денот на претседателските и локалните избори (недела, 21.4.2019 година) одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање лични карти во периодот од 7 до 19 часот.

Истото ќе важи и за вториот круг, кој ќе се одржи на 5.5.2019 година. Барањата за лични карти ќе се примаат до 4.5.2019 до 16 часот, а на денот на изборите, 5.5.2019 година, ќе се издаваат во периодот од 7 до 19 часот.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Пендаровски во Лабуништа: Мојот концепт е за заедништво, заеднички живот во европска и напредна земја

Објавено пред

Стево Пендаровски, кандидатот за претседател поддржан од граѓаните и од 30 политички партии, денеска ги посети и граѓаните на Лабуништа.

„Се радувам што ве гледам во толкав број и што гледам толку млади луѓе. Ми кажаа дека противкандидатите не дојдоа овде кај вас, во Лабуништа. Тоа е разликата. Мојот концепт е за заедништво, заеднички живот во европска и напредна земја. Мојот слоган е ‘Заедно напред’. Само така можеме да просперираме, а не еден по еден. Јас не правам разлика по верска и етничка припадност. Нашиот концепт е едно општество за сите нас затоа што сите сме исти и мора сите да ги уживаме правата што ни припаѓаат“, рече Пендаровски.

Тој рече дека опцијата што ја нудат опозицијата и кандидатката Силјановска е опција за враќање назад кон изолација, поделби, неизвесност, запирање на почнатиот напредок на земјата и изрази уверување дека граѓаните го препознаваат тоа и ќе изберат напредок.

„Да бидеме сложни и да си помогнеме. Тргнавме напред. Ова е единствениот автопат што нè носи кон развиениот свет. Да не дозволиме да нè вратат назад, да го закочат напредокот, да застанеме. Уверен сум дека в недела, 21 април, ќе направите вистински избори и ќе изберете напредок, да продолжиме заедно напред“, порача Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија7 часа

(Видео) Јанушев, Кирацовски и Асани се ракуваа и ветија фер и демократски избори

Шефовите на изборните штабови на кандидатите за претседател денеска присуствуваа на средба со Државната изборна комисија од каде порачаа дека...

Избори 20197 часа

(Видео) Деркоски: Ниту една кампања не може да е кристално чиста, но оваа беше релативно мирна

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, на средбата со шефовите на изборните штабови на кандидатите за претседател оцени дека...

Македонија8 часа

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија9 часа

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија9 часа

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток10 часа

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Македонија11 час

Теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал денеска ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Европа12 часа

Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

Шпанската полиција, наводно, спречила планиран напад на велигденските поворки во Севиља, при што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти...

Избори 20191 ден

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија1 ден

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Избори 20191 ден

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија1 ден

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија1 ден

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет1 ден

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет1 ден

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет1 ден

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија1 ден

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет1 ден

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа1 ден

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Досие