Контакт

Македонија

ИВЗ: Невозможно е Реџепи да се сретне со Бузаку

Објавено пред

Портпаролот на Исламската верска заедница, Агрон Војника, запрашан дали ќе се бара компромисно решение меѓу Сулејман Реџепи и Скендер Бузаку по вчерашните тензии, за „Макфакс“ вели дека е невозможно реисот да оствари средба со него.

Актуелниот поглавар на ИВЗ, Реџепи, дојде во седиштето, но не сакаше да коментира ништо во врска со преземањето на ИВЗ од страна на Скендер Бузаку.

Реџепи само даде кус коментар дека ќе има средба со Киро Стојанов, бискуп на Скопската бискупија, кој исто така пристигна во ИВЗ, и дека немал контакт со ниту една политичка партија кога вчера ги повика да го поддржат во ситуацијата во која се наоѓа.

Во седиштето на ИВЗ пристигна и генералниот секретар.

Превирањата во ИВЗ, кои почнаа вчера, се за смена на поглаварот Реџепи, на чие место треба да седне Скендер Бузаку, а за тоа дека ситуацијата била тензична, сведочеше и зголеменото полициско присуство. Бузаку тврди дека за ваквата смена постои и судска одлука и дека законот треба да се почитува.

Реџепи за сѐ ја обвини Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи и рече дека никогаш нема да го признае директорот на Комисијата, Даријан Сотировски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Следниот петок неработен за припадниците на албанската заедница

Објавено пред

Денот на Албанската азбука, 22 ноември 2019 година (петок), е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во земјава, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Од таму додаваат дека оваа одлука е во согласност со Законот за празниците на РМ.

Воедно, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев: Направивме договори за стратешко партнерство, отвораме простор за бизнис иницијативи

Објавено пред

„Северна Македонија и земјите од Западен Балкан имаат само еден пат – патот кон ЕУ. Интеграцијата на земјата и на регионот започна од Солун, со резолуцијата од Самитот на ЕУ во овој град во 2003 година. Бугарија и Романија беа првите земји од Балканот кои ги остварија определбите од тој самит. Сега е време да направиме чекор повеќе и Северна Македонија и другите да им се придружат во европското семејство“, рече премиерот Зоран Заев на Самитот во Солун на панел дискусијата „ЈИЕ Европа: Унапредување на регионалната соработка и реформите“.

На панелот, на кој присуствуваа сите учесници на годинашниот Самит во Солун зборуваа и премиерите на Грција и на Бугарија Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов.

Премиерот Заев во своето обраќање истакна дека Северна Македонија последните три години направи многу на домашен и меѓународен план. Како еден од главните приоритети на Владата на Северна Македонија тој ги издвои решавањето на билатералните спорови со Бугарија во 2017 година и со Грција во 2018 година, и дека земјата веќе нема отворени проблеми со соседите и тоа ја прави единствена во регионот на Западен Балкан од таа перспектива.

Договорот од Преспа е најдобриот пример за успех на дипломатијата и дијалогот. Тој стави крај на долг и тежок спор. Проблемот со името беше отворен три децении. Овие беа три децении неизвесност за нашата иднина. Три децении блокирани перспективи за нашиот клучен стратешки интерес.

„Договорот од Преспа е достоинствено и прифатливо решение за обете страни. Тој се заснова на компромис што гради пријателство. Компромис што е добар и за двете страни. Нашето достигнување ги охрабрува другите водачи во регионот да бидат посветени на одржување на мирот и стабилноста, да ја зголемат регионалната соработка, да го зајакнат економскиот развој и да бидат силно посветени на интеграцијата во ЕУ. Цел свет ни оддаде признание за решавањето на проблемите, и сега е време да им дадеме пример дека правиме чекор понатаму и дека ја остваруваме надежта што беше отворена во Солун во 2003 година“, истакна премиерот Заев.

Тој потенцираше дека Северна Македонија ги исполни домашните задачи за да ги оствари условите за старт на преговорите со ЕУ и оцени дека одлуката на ЕУ да не даде согласност за ова прашање беше историска грешка и има негативни ефекти и испрати негативна порака за другите во регионот кои наоѓаат мотивација за демократски реформи во интеграцијата во ЕУ.

„Сепак, ние нема само да седиме и да чекаме. Продолжуваме со европеизацијата на нашето општество и ќе ги зајакнеме и спроведеме нашите реформи. Ние сме одлучни во борбата против организираниот криминал и корупцијата, нема да отстапиме и веќе имаме значителни резултати. Затоа сме посветени да се придвижиме кон ЕУ и НАТО. Добро е за нас, добро е за регионот, а исто така и за самите ЕУ и НАТО. Тоа е добра стратегија за сите“, нагласи премиерот Заев.

Заев подвлече дека евро-атлантската иднина на земјата е поттик за економски развој: стимул за инвестиции, поголема трговија, пристап до единствен пазар на ЕУ, зголемена подвижност на луѓе, стоки и капитал, пониски кредитни стапки, и помага во создавањето повеќе и подобро платени работни места.

„Дојдете во Северна Македонија. Стабилноста и реформите носат економски напредок. Во 2018 година имавме највисоко ниво на директни странски инвестиции – 624 милиони евра. Растот зајакна во 2019 година и се предвидува да достигне 3,8 проценти до крајот на годинава, поттикнат од зголемувањето на инвестициите и потрошувачката. Развивме политики за поддршка на бизнис иницијативите. Оваа година државата помогна со 50 милиони евра. За идната година имаме во Буџетот повеќе за поддршка во таа насока. Регионалната соработка со отстранување на бариерите за слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал отвора добри можности да правите профит во нашата земја, а на нас да ни донесете повисок БДП, развој, нови работни места. Тоа е вин-вин ситуација“, им порача премиерот Заев на претставниците на најголемите компании од Грција и од регионот, и додаде дека сите земји од Западен Балкан ги делат европските вредности и продолжуваат да ги имплементираат европските стандарди во своите општества.

„Од стагнацијата во меѓудржавните односи, дојдовме до моментот кога сите три земји, Грција, Бугарија и Северна Македонија се гледаат себеси како партнери во трансформацијата на регионот. Направивме договори за стратешко партнерство, сега е време максимално да ги поддржиме и да го отвориме широко просторот за бизнис иницијативите“, рече премиерот Заев на Самитот во Солун на панел дискусијата „ЈИЕ Европа: Унапредување на регионалната соработка и реформите“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев и Шекеринска е работна посета на Стокхолм

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерката Радмила Шекеринска денеска е во работна посета на Стокхолм, Кралството Шведска. Предвидено е, во рамки на работната посета, премиерот Заев да се сретне со Стефан Лофвен, премиерот на Кралството Шведска.

Претседателот на Владата, Заев и заменик претседателката Шекеринска се поканети во Стокхолм и на Конвенцијата на Прогресивната алијанса, меѓународно движење на прогресивни, социјалдемократски и социјалистички сили од целиот свет, кои се заложуваат за модерна, демократска форма на отворена соработка со фокус на одржливиот развој, социјалната правда, можностите за младите луѓе, економијата, а на којашто ќе учествуваат повеќемина премиери и претставници на влади на европски земји и од светот.

Отворени се можности и за други билатерални средби на премиерот Заев во текот на работната посета на Стокхолм, којашто започнува со неговиот шведски колега, Лофвен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Мајката на Пино: Го убиле и го оставиле животните да го јадат

Да не бевте вие, немаше да бидеме тука. Тие четири коски што останаа и тие немаше да се најдат. Моето...

Европа33 минути

Снежна бура во Франција: Еден загинат, 300 000 домови останаа без струја, сообраќајот во колапс

Железниќкиот сообраќај е во колапс, а 300.000 домаќинства останаа без електрична енергија заради ненадејната снежна бура во југоисточна Франција. Едно...

Свет52 минути

Полската полиција евакуираше училиште и зграда откако пронајде експлозив во стан

Според полското радио „РМФ ФМ“, една 11-катна зграда и блиското училиште во полскиот град Плок биле евакуирани откако полицајците откриле...

Свет2 часа

Австралиска авиокомпанија постави нов рекорд за најдолг комерцијален лет

Австралиската компанија „Кантас“ го урна светскиот рекорд за најдолг непрекинат комерцијален лет во историјата. Растојанието од Лондон до Сиднеј (17.800...

Регион2 часа

Поради говор на омраза, исклучени осум члена на ХДЗ во Хрватска

Судот на честа за Градскиот комитет на Загреб синоќа донесе одлука од партијата ХДЗ да исклучи осум члена поради говор...

Свет3 часа

Иранскиот врховен водач помилува 3.500 затвореници

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, помилува илјадници затвореници вклучувајќи 32 активисти и други обвинети за загрозување на безбедноста. Веб-страницата...

Свет4 часа

(Видео) Крвав напад во САД: Убиени двајца ученици, 16-годишниот напаѓач си пукал во главата

Двајца ученици загинаа во нападот што се случи вчера во средното училиште „Саугус“ во калифорнискиот град Санта Кларита.Напаѓачот е 16-годишен...

Македонија16 часа

Заев: Мицотакис ќе се бори да добиеме датум за преговори

Премиерот Зоран Заев во рамките на Самитот во Солун попладнево се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. По средбата, Заев...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски до наставниците: Заев не ви додава, туку ви одзема од платите кои чесно ги заработувате

„Почитувани наставници и професори, драги колеги и пријатели, вие сте луѓето коишто ја образуваат нашата нација и од мене ја...

Култура17 часа

Дорфулија од „Медена земја“ меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм

Дорфулија од „Медена земја“ се најде меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм. Изборот за најдобра локација сè уште трае...

Економија18 часа

Собранието изгласа минималната плата да биде 14.500 денари

Со 59 гласови ЗА, пратениците попладнево ги изгласаа измените во Законот за минимална плата, со што дадоа зелено светло таа...

Регион19 часа

Хан: Вучиќ ми кажа дека е демотивиран по блокадата на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Европскиот комесар за проширување во заминување, Јоханес Хан, вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ му кажал дека по блокирањето на...

Македонија21 час

Обвинителството: Случајот со катната гаража на „Никофон“ е во предистражна постапка

Случајот за кривичната пријава во врска со катната гаража, што „Никофон“ треба да ја гради кај „Аутомакедонија“, сè уште е...

Свет23 часа

Од Лондон до Сиднеј за 19 часа: се реализира најдолгиот лет во историјата

Водечката австралиска авиокомпанија „Кантас“ по еден месец од рекордно долгиот лет меѓу Њујорк и Сиднеј, планира пробен 19-часовен непрекинат лет...

Македонија1 ден

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија1 ден

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија1 ден

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера, во Тетово, била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Македонија1 ден

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република...

Свет1 ден

Насилството во Хонгконг ескалира: демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците што патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а...

Европа1 ден

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за...

Досие