Контакт

Македонија

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори.

Извршниот комитет го задолжи Јанушев до следната седница да предложи состав на Републичкиот изборен штаб.

Од опозициската партија велат дека на состанокот на ИК се анализирал и досегашниот тек на акцијата „Обнова на Македонија“ и проблемите со кои се соочуваат илјадници граѓани што пристапиле и побарале решение.

„Беше констатирано дека граѓаните не сакаат лаги и измами како ветувањата на Зоран Заев, туку инвентивна, реална, остварлива програма која ќе го подобри нивниот стандард и ќе ги врати вистинските вредности во Македонија. За актуелната политичко-економска состојба беа нотирани низа сомнителни однесувања на власта во заминување, кои ќе треба да бидат истражени кога Зоран Заев ќе биде поразен и законите ќе важат еднакво за сите.
Насилничкото однесување на власта, непочитувањето на законите и расипничкото трошење на народните пари се јасен показател дека СДСМ и Заев заминуваат. Секој обид да се узурпира волјата на граѓаните, кои се цврсто определено да го казнат Заев, ќе повлече одговорност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИК констатирал дека власта три години не направила ништо за аерозагадувањето, а Скопје и други градови во државата се на врвот на светските листи на најзагадени градови.

Македонија

Демократски сојуз: Во шестата изборна единица со 7.000 гласови се обезбедува пратеник, а во првата со 10.000

Објавено пред

Демократскиот сојуз смета дека Македонија мора да биде една изборна единица за секој глас да има иста тежина.

„Анализата што ја направи Демократскиот сојуз, недвосмислено потврдува дека поделбата на шест изборни единици единствено е во корист на шестата единица каде со седум илјади гласови се обезбедува пратенички мандат или со 140.000 гласа се освојуваат 20 пратенички мандати, за разлика од другите изборни единици (прва,трета итн.) каде за пратенички мандат гласале 10.000 гласачи или со 200.000 гласачи се избрани 20 пратеници. Накусо, во шестата изборна единица со 60.000 гласа помалку имаме 20 пратеници“, велат од Демократскиот сојуз.

Демократскиот сојуз бара Макединија да биде една изборна единица, со цел, како што велат,  составот на Парламентот да биде реален одраз на волјата на граѓаните, а не непринципиелен политички договор, каде се фаворизираат партиите кои имат помногубројно гласачко тело во шестата изборна единица.

Оттука сметаат дека доколку Македонија биде една изборна единица, ќе се сруши монополската позиција на големите партии и конечно ќе се демонтира “еднопартискиот систем” на владеење.

„Помалите и новите партии ќе бидат застапени во Парламентот и ќе можат да влијаат при донесување на закони и одлуки битни за владеење на правото, ефикасна борба против корупцијата и побрза евроинтеграција“, додава политичката партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нацев: Шекеринска упати несоодветен персонал во последната мировна мисија во Авганистан

Објавено пред

Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, денеска од пред Министерството за одбрана ја обвини министерката Радмила Шекеринска дека го загрозува угледот кој Армијата во земјата, а министерството го тресе скандал по испраќањето на последната воена мисија во Авганистан.

„Со лична, партиска и политичка, а не професионална одлука, Шекеринска упати несоодветен персонал во последната мировна мисија. За тоа колку е мотивиран и професионален персоналот што го испраќа во Авганистан говори и фактот што дел од кандидатите воопшто не биле заинтересирани, ниту се јавиле на конкурсот распишан од министерството“, вели Нацев.

Тој рече дека дел од кандидатите кои Шекеринска ги испратила ги немале поминато здравствените и физичките тестови предвидени со конкурсот, ниту за нив била направена проверка дали ги поседуваат соодветните НАТО сертификати, ниту е утврдено дали го познаваат англискиот јазик на неопходното ниво од 70 проценти.

„Да се исфрлаат професионалци кои го минале конкурсот и на нивно место да се ставаат партиски послушници е огромен удар врз армијата. Не само што ги демотивира професионалците кои сакаат и можат да одговорат на задачите, туку заради несоодветната селекција ги доведува во ризик сите членови на мировната мисија во Авганистан, вклучувајќи ги и нашите партнери. Дали за министерката за одбрана е доволно нејзиниот кандидат да е само партиски активист на СДСМ или да е дел од коалицијата на власт?“, рече Нацев.

Тој оцени дека ваквиот однос на Шекеринска кон армијата е продолжение на нејзиниот предлог за дополна и измена на законот за служба во Армијата во делот на поставување и унапредување на офицери во повисоки чинови. Со тој предлог, вели Нацев, Шекеринска би го заокружила целокупниот процес на партизација на Армискиот состав, односно, директно врши упад во системот на командување и контрола на Генералштабот во Армијата.

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство и надлежните институции да ги испитаат сите овие наводи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Зајкова: Со законот студентите ќе имаат право на дневна субвенција за здрав оброк од 120 денари

Објавено пред

Законот за субвенциониран студентски оброк утре ќе биде поднесен во Собранието преку пратениците Јулиана Николова од ЛДП и Александар Кирацовски од СДСМ.

Законот предвидува студентите за значително пониска цена да се хранат во рестораните коишто ќе потпишат договор со Министерството за образование и наука за субвенционирање на студентскиот оброк.

„Со донесувањето на законот ќе се овозможи секој студент кој е државјанин на Републиката, без разлика дали е на државен или приватен универзитет, да има право да користи дневна субвенција за здрав оброк во износ од 120 денари. Студентите се иднината на нашата земја и истите заслужуваат да ги користат истите придобивки кои ги имаат нивните врсници во Европа. Ваков закон веќе одлично функционира во Словенија. Мораме да покажеме дека како држава се грижиме за стандардот на студентите“ потенцира Зајкова.

Законот предвидува субвенциите да важат секој работен ден од 8 часот до 20 часот, но не и за викендите или за време на летниот и зимскиот распуст.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Седум возила учествуваa во сообраќајна несреќа што се случи утрово во Скопје

Утрово во 06.45 часот на крстосница од булеварот „Александар Македонски“, улицата „16-та Македонска Бригада“ и улицата„Интернационални Бригади“ се случила сообраќајна...

Свет2 часа

(Видео) Луѓето се разбегаа во паника од силниот земјотрес на Филипините, шестгодишно девојче загина

Шестгодишно девојче загина откако се сруши ѕид за време на силниот земјотрес oд 6,8 степени што денеска ги погоди Филипините,...

Регион3 часа

Нов земјотрес во Албанија, почувствуван во Црна Гора

Нов земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија доцна синоќа, јавуваат медиумите. Според Евромедитеранскиот сеизмолошки институт, епицентарот бил на 22...

Свет4 часа

Грета Тунберг се извини: Тоа се случува кога импровизирате говор на друг јазик

Шведската активистска за борба против климатските промени, Грета Тунберг, се извини за изјавата дека политичарите треба да бидат „турнати до...

Спорт4 часа

Македонец е светски првак во УФЦ–Александар „The Great“ Волкановски

Македонецот Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ, во перо категорија. Волкановски утринава во Лас Вегас го...

Економија4 часа

Почнува наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од...

Свет19 часа

Уништувањето на шумите во Амазонија достигна највисоко ниво за месец ноември

Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија го достигна своето највисоко ниво за месец ноември, откако почна да се бележи неславни...

Македонија21 час

Заев за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на...

Топ22 часа

Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска...

Македонија22 часа

Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари

Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата...

Македонија23 часа

(Видео) Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при...

Македонија1 ден

Николоски тврди дека со СДСМ имале договор: За изборниот модел требаше да преговараме по изборите

Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака...

Македонија1 ден

(Видео) Дескоска, Здравев и Џолев на примопредавање на златната метла

Министерката за правда, пред почетокот на денешната акција за чистење на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му ја подари...

Македонија1 ден

Коце Трајановски нема да биде гонет за конкурсот за Водовод, застарело делото

Ексградоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и уште три други лица нема кривично да одговараат за злоупотреба на службената положба...

Топ1 ден

Патнички воз удри во автомобил, жена со повреди заврши во болница

Вчера напладне на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај селото Лозово, се случи железничка незгода во која патничкиот воз...

Европа1 ден

Џонсон: Нема втор референдум за независност на Шкотска

Британскиот премиер Борис Џонсон и порача на шкотската лидерка Никола Старџен дека нема да има нов рефердендум за независност на...

Свет1 ден

Северна Кореја изведе нова нуклеарна проба

Северна Кореја ја инофмрира светската јавност за нов „важен тест“, направен на космодромот Сохе во земјата, пренесоа руските медиуми. „На...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева го злоупотребила буџетот на СЈО за роднини и пријатели

Катица Јанева , под заштита на Зоран Заев, била дел од милионска рекет шема, но и го злоупотребувала буџетот на...

Македонија2 дена

(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени...

Топ2 дена

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Скопје

Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.А., поранешна директорка на средното училиште „Браќа...

Досие