Контакт

Македонија

Избрани добитниците на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје 2019

Објавено пред

Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2019 година. Тајното гласање го спроведе комисијата што ја именува одборот, во следниот состав: претседател Вангелина Мојаноска и членови: Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова.

Добитници на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2019 година се:

– од областа на науката е проф. д-р Христина Спасевска, професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, за остварувања во науката, техниката и стопанството од областа обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност;

– од областа на хуманитарната активност е д-р Жикица Ѓорѓиевски, доктор стоматолог, за континуирана поддршка на лицата од социјален ризик;

– од областа на културата е д-р Дита Старова-Ќерим, директор на Националната галерија, за посебен придонес во културата и севкупниот развој и афирмација на град Скопје;

– од областа на уметноста е Фросина Зафировска, кустос советник во пензија, за значајни достигнувања во областа на музејската дејност, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот.

1. Бисера Чадловска – диригент, за континуирано успешно творештво во областа на музичката уметност.

– од областа на публицистиката Ерина Богоева – фотограф, за изработка и издавање на монографијата со фотографии „Скопје – архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“.

2. Александар Трајковски – музички педагог, истражувач и публицист, за значаен придонес во областа на културата, уметноста и литературата, со објавувањето на книгата „Музиката во македонскиот игран филм од Фросина до Лазар“.

Од областа на спортот:

1. Карате-клубот „Работнички“ – Скопје, правно лице, за 50 години постоење и постигнати врвни спортски резултати на домашен и меѓународен план;

2. Алили Бесир, спортист – борење, за освоено прво место на Европското првенство во борење за кадети.

Ученици и студенти:

1. Ана Марија Атанасовска, ученик во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин “ – Скопје, за постигнати резултати во воннаставни активности;

2. Стефан Стојковиќ, ученик во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин “ – Скопје, за успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности и посебен придонес за афирмација на градот Скопје во светот.

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје им се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Град Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и светот. Наградата може да им се додели и на физички и правни лица од други држави што оствариле посебен придонес за градот. Исто така, наградата им се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности, што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на град Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ЕСМ: Неетички е во услови на елементарна непогода во РЕК Битола, ВМРО-ДПМНЕ да зборува за неспособноста на комбинатот

Објавено пред

Неетички, нечовечки и неморално е во услови на елементарна непогода во рудниците во РЕК Битола, кога вработените вложуваат максимални напори да ги санираат состојбите и дури ги загрозуваат и сопствените животи, ВМРО ДПМНЕ на прес конференции да зборуваат за неспособност на комбинатот, иако од опозициската партија се свесни дека и во услови на поплави кои не се видени во рудниците во последните 25 години, РЕК Битола успева да го одржи стабилно производството не електрична енергија, реагира ЕСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека поплавата во РЕК Битола е поради неодговорноста и неспособноста на власта.

„Ниските страсти на Христијан Мицкоски и на ВМРО ДПМНЕ продолжуваат и денеска. Во истиот момент кога РЕК Битола и вработените покажуваат највисока пожртвуваност за санирање на состојбата во услови на огромни дотеци на вода и поплави на откопните полиња на јаглен, опозициската партија пласира лажни вести дека ,,непотребно се трошат пари за вода од страна на РЕК Битола”. Ја известуваме јавноста, а ВМРО ДПМНЕ ја потсетуваме, дека водата која во моментот се набавува е за вработените во РЕК Битола, особено за вработените во рудниците каде нема водовод и снабдување со вода за пиење“, пишува во реакцијата.

Од таму додаваат дека набавка за вода за рудниците е законска обврска за компанијата и таа е содржана и во Колективниот договор.

„Истата е вршена редовно сите години наназад,а вршена е и во времето на Христијан Мицкоски како директор на ЕЛЕМ. Оттука, нехумани се прес конференциите кои лица од ВМРО ДПМНЕ ги одржуваат веројатно токму по налог на Мицкоски. Го покануваме партискиот претседател Мицкоски и лицата кои ги иснесуваат лажните вести да дојдат во рудниците на РЕК Битола и да ја видат актуелната состојба на елементарна непогода, и во таа прилика да се сретнат со рударите и со сите вработени и лично да им кажат дека нема потреба да им се дава вода за пиење“, се наведува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Малиот Илче од Охрид кој беше напуштен од родителите, по десет дена лекување ја напушти Детската клиника

Објавено пред

По десетина дена лекување на Детската клиника, 11-годишниот Илче од Охрид, кого родителите го напуштија, ја напушта болницата здрав и заминува во мал групен дом.

„Илче од Охрид по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари кои се грижеа за него. Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом“, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Илче од Охрид по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно…

Posted by Венко Филипче on Friday, August 7, 2020

Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, пишува Филипче, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство.

„Огромна почит за сите здравствествени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите кои цело време се грижеа за него“, напиша министерот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Изработена студијата Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување

Објавено пред

За потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, експертите Жан Франсоа Фурнемонт и Снежана Трпевска ја изработија студијата Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување.

„Студијата, достапна на македонски и англиски јазик, има за цел да спроведе проценка на важечките законски одредби за концентрација на сопственоста во аудиовизуелниот сектор и да препорача идни чекори во политиките. Како резултат, можни се измени и дополнувања на Законот за медиуми и особено на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со оглед на тоа што постојната регулатива за концентрација на сопственоста на медиумите е застарена, а овие прашања добиваат ново значење во контекст на дигиталните технологии, конвергенцијата, ширењето на новите интернет медиуми и фрагментирањето на пазарот и публиката“, соопштија од  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Студијата е изработена во рамки на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2)“, кој е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“.

Студијата е достапна на следниот линк: Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Малиот Илче од Охрид кој беше напуштен од родителите, по десет дена лекување ја напушти Детската клиника

По десетина дена лекување на Детската клиника, 11-годишниот Илче од Охрид, кого родителите го напуштија, ја напушта болницата здрав и...

Свет59 минути

Либанскиот претседател не исклучува надворешна вмешаност во експлозијата во Бејрут со ракета или бомба

Претседателот на Либан, Мишел Аун, не ја отфрла можноста за надворешна вмешаност во катастрофалната експлозија во главниот град Бејрут, велејќи...

Свет2 часа

Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

Русија ќе ја регистрира својата прва вакцина против коронавирусот на 12 август, рече рускиот заменик-министер за здравство, Олег Гриднев, пренесува...

Македонија2 часа

Девојка пријавила дека била сексуално вознемирувана додека полагала возачки испит

Девојка, која полагала возачки испит, пријавила во Хелсиншкиот комитет дека била сексуално вознемирувана од еден од членовите на комисијата. Случајот...

Македонија3 часа

Хелсиншкиот комитет: Газди им дале 50 отсто помала плата на мајки на деца до десетгодишна возраст

Една од родовосензитивните мерки за справување со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, кои ги донесе Владата, e ослободувањето од работни...

Македонија3 часа

Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот градоначалник на Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски....

Свет4 часа

Германија воведе задолжително тестирање на коронавирус на аеродромите

Бројот на заразени со коронавирус во Германија многу загрижувачки расте, најверојатно и поради големиот број повратници од ризични земји, пишува...

Свет4 часа

Пронајдена слабата точка на коронавирусот

Научниците од Универзитетот во Канзас ја открија слабата точка на коронавирусот „САРС-КоВ-2“. Порталот „Сајенс дејли“ известува дека експертите тестирале терапевтско...

Свет5 часа

Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

Уште на почетокот на јули виролозите од Медицинскиот универзитет во Виена известија дека само половина од заболените и излекуваните од...

Свет6 часа

Асимптоматските случаи имаат иста количина вирус како и оние со симптоми

Асимптоматските случаи на Ковид-19 носат иста количина вирус како и оние со симптоми, покажува јужнокорејска студија. Јужна Кореја можеше да...

Свет7 часа

Сандерс предлага закон за даночење на добивката на милијардерите за време на пандемијата

Американскиот сенатор Берни Сандерс заедно со колегите сенатори, Ед Марли и Кирстен Гилбренд, предлага закон за даночење на милијардерите. Според...

Свет8 часа

(Видео) Антивладини протести во Бејрут поради експлозијата

По силната експлозија во Бејрут, во која загинаа голем број луѓе, на улиците на престолнината следуваат демонстрации против владата. Демонстрантите...

Регион18 часа

(Видео) Дваесет полицајци во Шпанија апселе двајца бегалци од Србија, пронајдена е лабораторија за дрога

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот...

Свет19 часа

Реконструкција на катастрофата: како се случи експлозијата во Бејрут што го шокираше светот

Силата на експлозијата што ја зафати либанската престолнина го шокираше светот. Повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив над главата,...

Свет21 час

(Видео) Се запали зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија...

Свет22 часа

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот пред експлозијата

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно...

Македонија1 ден

(Видео) Обилните дождови ги поплавија рудниците на РЕК „Битола“

Обилните врнежи од дожд во Битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“. Ископот и...

Македонија1 ден

Нови 113 заболени и шестмина починати, меѓу кои и 22-годишен пациент

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на...

Регион1 ден

Црна Гора го прошири списокот за влез без ограничувања, Македонија повторно ja нема

Црна Гора го прошири списокот на земји чии граѓани имаат право да влезат во земјата без ограничувања. Од утре граѓаните...

Македонија1 ден

МЖСПП: Опасниот отпад од ОХИС ќе биде изнесен од државата кога ќе дозволат временските услови

Винилхлоридмономерот од поранешната фабрика ОХИС ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови...

Досие