Контакт

Македонија

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Објавено пред

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат од територијалната противпожарна единица Скопје. Од таму велат дека во пожарот горела дабова шума, нискостеблести џбунови и сува трева на површина од околу 100-тина хектари. Пожарот е ставен под контрола на време, при што било спречено огнената стихија да ги зафати куќите во околните села Раовиќ и Ласкарци. Причинетата материјална штета допрва ќе се утврдува.

„Дежурна екипа на противпожарната служба по извршената контрола на теренот ни потврди дека пожарот целосно е локализиран. Во негово гасење учествуваа 4 противпожарни возила и 10 пожарникари, а помагаше и една екипа на Ј.П “Национални шуми. Голем придонес во гасењето на пожарот имаа и жителите на Ласкарци и Раовиќ, кои цело време им помагаа на пожарникарите“, информираат од противпожарната единица.

Поради непристапноста на теренот била побарана помош од авио-секторот на Дирекцијата за заштита и спасување, но од таму одлучиле да не испратат хеликоптери, па пожарикарите сами се справиле со огнот. Во гаснењето на пожарот немало помош ниту од Општина Сарај и покрај фактот што селата кои беа зафатени од огнот, се на нејзина територија.

Македонија

Спасовски – Секизќок: Има интерес за унапредување на економската соработка со Турција

Објавено пред

Премиерот Оливер Спасовски се сретна со Хасан Мехмет Секизќок, новоименуваниот амбасадор на Република Турција во нашата држава.

„Соопштено е дека Република Турција продолжува да ја поддржува Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ-интеграциите и дека се подобрува соработката на економски план. На средбата е заеднички констатиран напредок во односите помеѓу двете држави, особено во областа на економијата, образованието, одбраната, културата. Изразени се определби за унапредување на односите меѓу двете држави, за мотивирање нови турски инвестиции во земјата и за зголемување на трговската размена, која и сега е на високо ниво со оглед дека Република Турција е меѓу десетте држави со кои Република Северна Македонија има најголема трговска размена“, соопштија од Владата.

„Насочени сме како Влада, особено кон економскиот развој на државата. По решенијата на сите други прашања важни за земјата, со посветеност работиме на развојот во областите што се од директен интерес за граѓаните, како што е економијата. Остануваме посветени на сите инцијативи за олеснување на соработката на овој план меѓу нашите две држави. И особено сме благодарни за континуираната поддршка на Република Турција во остварувањето на нашите стратешки цели, членството во НАТО и напредокот во евроинтеграциите“, рекол Спасовски.

На средбата било оценето дека со полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО се создаваат можности за поблиска соработка меѓу двете земји во областа на одбраната и кон заедничките приоритети во рамките на алијансата.

Исто така, изразена била заедничка определба за борбата против тероризмот и обезбедувањето мир во државите и светот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од утре автобусите на ЈСП ќе возат по вообичаениот зимски возен ред

Објавено пред

ЈСП информира дека од утре, 21 јануари, јавниот превоз ќе сообраќа по вообичаениот зимски возен ред.

Во изминативе три недели, поради ученичкиот зимски распуст, тој беше редуциран.

Од утре автоматски продолжува и важноста на ученичките бесплатни билети за користење јавен превоз.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев: Укинувањето на договорот од Преспа е опасност за државата

Објавено пред

„Како што се наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на договорот од Преспа. ВМРО-ДПМНЕ сака да го укинува договорот што нè донесе до полноправно членство во НАТО и на чекор до почнување на преговорите со ЕУ, изјави на прес-конференција Зоран Заев, претседател на СДСМ.

„Неодамна, во октомври 2019 година, Христијан Мицкоски за српски медиум изјави дека доколку добиеле двотретинско мнозинство, ќе се отворела можност за враќање на земјата чекор назад по однос на договорот, за веќе во декември за домашен медиум да изјави, цитирам: „Со двотретинско мнозинство во парламентот го укинуваме преспанскиот договор“. Советничката на Мицкоски, Каракамишева, која се појавуваше заедно со него на партиските преговори, отворено побара поништување на договорот од Преспа и поништување на уставните амандмани за промена на името. Дали ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски навистина се свесни што ќе се случи ако се укине, поништи или измени преспанскиот договор за кој се водеа преговори повеќе од 20 години, од привремената спогодба во 1995 до 2018 година?“, рече тој.

Според Заев, укинувањето на договорот од Преспа би нè вратило најмалку 25 години назад и би го вратило името ПЈРМ, односно ФИРОМ, име со кое бевме именувани на меѓународен план, на сметка на уставното име.

„Тоа ќе значи автоматско укинување на нашето членство во НАТО, губење на ЕУ-перспективата, изгубени милијарди евра странски инвестиции и уништување на иднината на нови генерации. Без договорот од Преспа со сигурност ќе ослаби, а можеби и ќе исчезне, поддршката од нашитe стратешки партнери, а неизбежно ќе биде и влошување на политичките и економските односи со Грција, нови блокади од Грција, нова внатрешна нестабилност и ризици за конфликти по разни основи, како и зголемување на нестабилноста во регионот.

Уште еден непобитен факт е дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не успеа со Грција да договори решение, во кое истовремено ќе се признaат етничкиот идентитет на Македонците, македонско државјанство, македонскиот јазик и ќе се зачуваат кодовите МКД и МК. Затоа, пак, Владата предводена од СДСМ во последните две години успеа да преговара со Грција и да постигне договор поздравен од целата меѓународна и домашна демократска јавност, како наш и европски успех, и признаен како пример за Балканот и светот за решавање проблеми по мирен пат со дијалог.

Укинувањето на договорот од Преспа е опасност за државата, a сите што заговараат укинување на договорот, всушност заговараат опасност за државата. Затоа, тука е целата демократската јавност во нашата земја, тука сме јас и СДСМ, заедно со сите политички и граѓански демократски капацитети да гарантираме дека договорот од Преспа ќе живее и ќе создава иднина за нашата земја – таа иднина значи членство во НАТО, преговори за членство во ЕУ, европски фондови, странски инвестиции, работни места, добри плати, соработка со соседите и заштитен македонски идентитет. Тоа ќе биде така бидејќи ако нема Преспа – нема иднина.

Затоа, јавно го повикувам раководството на ВМРО-ДПМНЕ да престане со опасните и манипулативни тези за укинување, поништување или менување на преспанскиот договор, со кои се доведуваат во прашање нашето полноправно членство во НАТО и внатрешната и регионалната безбедност. Укинувањето на преспанскиот договор нема да биде враќање чекор назад, како што сугерира Мицкоски, туку враќање најмалку 25 години назад, во старите конфликти, поделби, етнички тензии, сиромаштија и меѓународна изолација. Доста веќе чекоревме назад. Нашиот пат е напред и ние мораме да продолжиме да чекориме напред, на прав пат!“, рече Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет47 минути

Во светот има 2.153 милијардери со богатство поголемо од 4,6 милијарди луѓе

Во светот има 2.153 милијардери со поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе, што претставува 60 проценти од светската популација, се...

Македонија2 часа

(Видео) Заев: Укинувањето на договорот од Преспа е опасност за државата

„Како што се наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на договорот...

Македонија3 часа

Докторката на Тони Трајковски сведочи зад затворени врати

Обвинетиот Тони Трајковски не дојде на денешното судење за ТНТ по што судот ја одложи расправата за уривањето на објектот...

Македонија3 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено, се разболеле адвокатите на Јанева

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшeфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, утринава се одложи...

Македонија4 часа

Одложено судењето против Елизабета Канческа-Милевска

Поради новото закажано рочиште за ТНТ, се одложи судењето за „Тендери“, во кој првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска....

Топ4 часа

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајна незгода во Струмичко

Еден човек загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне кај крстосницата кај Габровските...

Свет4 часа

Хари: Меган и јас немавме избор, одлуката не беше лесна

„Меган и јас продолжуваме кон непознато, но навистина немавме избор“, порача принцот Хари на првиот настап во јавноста по најавите...

Свет5 часа

Шестмина загинати во поплави во Бразил

Најмалку шест лица загинаа, а едно е пријавено за исчезнато по силните поплави во јужниот дел на Бразил, соопштија властите....

Македонија5 часа

Албанија, Црна Гора, Србија и Северна Македонија со рекорден број затвореници во регионот

Албанија, Црна Гора, Србија и Македонија имаат рекорден број затвореници во регионот. Ова го покажуваат податоците на Евростат, според кои...

Свет6 часа

Берлин: Постигнат договор да се почитува ембаргото за оружје во Либија

Земјите кои имаат интереси во долгогодишната граѓанска војна во Либија се договорија во Берлин да го почитуваат ембаргото за оружје...

Свет16 часа

Пожарите би можеле да го чинат австралискиот туризам 3,1 милијарди долари

Разорните пожари во Австралија би можеле да го чинат туристички сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината....

Свет17 часа

Како ќе заработуваат Хари и Меган по заминувањето од кралското семејство

Многу прашања остануваат отворени за иднината на принцот Хари и Меган по одлуката да не користат кралски титули и да...

Забава18 часа

Кина: Новиот вирус може да се контролира, но изворот не е познат

Кинеската национална комисија за здравство соопшти дека епидемијата на нов вид на коронавирус може да се контролира, објави Ројтерс.Комисијата се...

Регион21 час

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди денеска Албанија.Епицентарот на земјотресот е на 64 километри северо-источно од Тирана.         ...

Свет21 час

Иранците ги враќаат телата на жртвите од паднатиот авион, но не и црните кутии

Телата на 11 украински државјани коишто загинаа при падот на авионот кај Техеран  се  пренесени од Иран во Киев, но...

Македонија1 ден

(Видео) Скопјанецот Кристијан Ниневски исто како лани прв дојде до крстот во водите на Вардар

Скопјенецот Кристијан Ниневски (26) и годинава беше најсреќниот од околу 140 верници кои се фрлија по светиот крст во водите...

Европа1 ден

Осум мртви во Чешка, се запалил дом за лица со попреченост

Најмалку осум лица загинаа во пожар во Чешка, кој денеска избувнал во дом за лица со инвалидитет. Повредени се околу...

Македонија1 ден

Петар Рупески од Варош по петти пат го фати крстот во Охрид

Петар Рупески, 30-годишник од Варош, беше најсреќен меѓу неколкуте стотини верници кои денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро...

Македонија1 ден

Пендаровски: Богојавление е потсетник материјалните предизвици да не нè оттргнат од духовните вредности

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква –...

Европа2 дена

Хари и Меган останаа без кралските титули

Принцот Хари и неговата сопруга Меган веќе нема да добиваат јавни пари за кралските должности, нема да ги користат титулите...

Досие