Контакт

Македонија

Изгласан петтиот пакет мерки, гласаа и двајца пратеници позитивни на Ковид-19

Објавено пред

Собранието го изгласа петтиот пакет економски мерки за помош на стопанствениците и економијата погодени од пандемијата. Изгласани се Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за месеците февруари и март 2021 година, Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Законот за изменување на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка.

За законите гласаа сите присутни пратеници во Собранието вклучително и двајца позитивни на Ковид – 19 кои беа изолирани во посебни простории,а се појавија во Собранието со скафандери и целосна заштитна опрема. Присутни беа 115 пратеници.

Опозицијата го обвини претседателот на Собранието,Талат Џафери, дека не ги почитува мерките за заштита од коронавирусот, ги крши Уставот и законите поради тоа што дозволил во Собранието да дојдат двајца позитивни пратеници кои имаат решенија за изолација. Претседателот Џафери пак, рече дека работи според протоколи дадени од Комисијата за заразни болести и уверуваше дека двајцата пратеници, без да контактираат со било кој, биле сместени во изолирани простории.

Македонија

323 нови случаи на Ковид -19, починати се 24 лица

Објавено пред

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.928 тестирања, а регистрирани се 323 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје – 96, Куманово – 35, Прилеп – 20, Струмица – 17, Битола – 16, Кочани – 13, Велес – 12, Тетово и Гостивар – по 11, Охрид и Кичево – по 10, Кавадарци и Неготино – по 8, Штип и Радовиш – по 7, Ресен – 6, Свети Николе и Виница – по 5, Делчево – 4, Струга, Берово и Крушево – по 3, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Кратово – по 2, Гевгелија, Валандово, Богданци, Пехчево и Македонска Каменица – по 1 лице.

Според министерството за здравство регистрирани се 714 оздравени пациенти од: Скопје – 295, Струмица – 91, Прилеп – 73, Битола – 49, Куманово – 32, Штип – 30, Тетово – 24, Велес – 23, Радовиш – 13, Гевгелија и Валандово – по 11, Кавадарци – 8, Гостивар, Виница и Дебар – по 7, Кочани – 5, Охрид, Струга, Берово и Богданци – по 4, Неготино и Свети Николе – по 3, Делчево и Крива Паланка – по 2, Пробиштип и Демир Капија – по 1 лице.

Пријавени се вкупно 24 починати лица: 8 од Скопје (32г,53г,68г,71г,73г,83г,87г и 87г), 4 починати лица од Битола (72г,73г,81г и 82г), по 2 од Струмица (71г и 71г), Прилеп (72г и 80г) и Куманово (62г и72г), и по 1 починато лице од Штип (87г),Тетово (75г), Гостивар (64г), Кочани (64г), Охрид (72г) и Струга (71г). Од пријавените, 21 се починати во болнички, а 3 во домашни услови.

Направени се 2.928 тестови преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-62, ЦЈЗ Прилеп-23, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–13, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–0, МАНУ-147, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Авицена-253, Биотек-258, Систина-243, лабораторија Лаор-273, Синлаб-59, Ремедика-50, Плодност–47, Генеа–25, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 792.

Досега во земјата се направени вкупно 729.337 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.137, бројката на оздравени пациенти е 135.367, на починати е 5.016, а бројот на активни случаи изнесува 12.754, велат од здравство.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 67612, активни 5916
Куманово 8607, активни 969
Прилеп 8210, активни 530
Тетово 7136, активни 507
Битола 6186, активни 792
Велес 5423, активни 447
Гостивар 5135, активни 330
Кавадарци 5129, активни 313
Охрид 4932, активни 449
Штип 4910, активни 288
Струмица 4038, активни 243
Струга 2949, активни 153
Кочани 2741, активни 176
Кичево 2488, активни 256
Гевгелија 2179, активни 196
Неготино 2167, активни 174
Свети Николе 1499, активни 103
Ресен 1216, активни 193
Крива Паланка 1210, активни 48
Радовиш 1098, активни 85
Берово 1018, активни 30
Делчево 956, активни 78
Дебар 931, активни 25
Виница 830, активни 115
Пробиштип 775, активни 21
Валандово 661, активни 20
Богданци 492, активни 52
Крушево 484, активни 98
Демир Капија 394, активни 19
Демир Хисар 390, активни 68
Македонски Брод 355, активни 17
Кратово 356, активни 7
Пехчево 264, активни 17
Македонска Каменица 234, активни 14
Дојран 132, активни 5

Прикажи повеќе...

Македонија

МЗ: Уште еден безуспешен обид на Мицкоски да го компромитира процесот на набавка на вакцини

Објавено пред

Исплатите кои Министерство за здравство ги врши се транспарентни и објавени на страницата на отворени финансии. Toa што Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска, го споделил пред медиумите, претставувајќи го како афера, или документ до кој дошол, е достапен податок на секој граѓанин кој би ја отворил страницата на open.finance.gov.mk

„Министерството за здравство уште од самиот почеток за време на водење на преговорите, набавката и текот на испорака на вакцините, транспаренто ги информира граѓаните за целиот процес. За законитоста на целиот процес, говори самиот факт што договорите, како и плаќањата на сите набавени вакцини поминуваат на затворена седница на Влада. Ова доволно кажува колку процесот за купување вакцини е законски, без никакви недоследности или, пак, провизии кои ги измислува ВМРО ДПМНЕ. Колку за потсетување на јавноста, ВМРО ДПМНЕ во март пласираше фалсификуван документ, тврдејќи дека Министерството за здравство на 21 јануари, платило 12,5 милиони евра за набавка на вакцини, а денеска со документ испечатен од сајтот на отворени финасии каде се сите исплати на МЗ тврди дека Министерството во февруари платило 7,8 милиони евра за вакцини. Многу непрецизно за еден прецизен математичар како што милува да каже за себе претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски“, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека многу пати досега информирале дека клучен сегмент од договорите за набавка на вакцините против Ковид-19 е тоа што секоја држава па и нашата се обврзува на доверливост на склучените договори и примените информации. Сумите за набавка на вакцините против Ковид-19 се деловна тајна на производителите и нашата земја се обврзува да го почитува тоа, бидејќи во спротивно нема да бидеме во можност да купиме вакцини, наведуваат од министерството.

„Убедени сме дека манипулативните политики на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ имаат една единствена цел да фрлат дамка на еден транспарентен процес и се обидуваат да наштетат на процесот на имунизација. Партијата на Мицкоски во серијата измислици и за вакцините набавени преку  механизмот ‘Ковакс’ ги лажеа граѓаните дека биле донации. Темите за прес-конференции на ВМРО ДПМНЕ сè повеќе се трошат. Жалиме што ВМРО ДПМНЕ не се радува што во нашата земја непречено се одвива процесот на имунизација. Жалиме што на Мицкоски и неговата ВМРО ДПМНЕ им пречат насемани лица на граѓани задоволни од третманот од здравствените работници во вакциналните пунктови. Вчера во нашата земја стигна нова пратка вакцини купени во директни преговори со производителот ‘Фајзер’, секој нареден понеделник ќе стигнува нова пратка. Минатата недела во земјава стигнаа 200.000 вакцини од производителот ‘Синофарм’ кои МЗ ги купи со директни преговори. Тоа се фактите, тоа не се измислени фалсификувани афери, тоа што го работи МЗ, се гледа и граѓаните го чувствуваат тоа“, појаснуваат од министерството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ е за нов клинички центар, но само со изготвен проект

Објавено пред

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е за нов клинички центар, но само со изготвен проект, а не со физибилити студија од 35 страници, изјави Дафина Стојаноска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа порача дека наместо СДСМ да ги обвинува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, редно е да седнат и да изработат проект за нов клинички центар па потоа, како што рече, ќе се дискутира за заем за реализација на ваков сериозен капитален проект.

„Имено, да се изгласа закон за заем од 503 милиони евра за непостоечки проект, а истовремено тоа да го бара најкорумпираната влада во Европа е крајно бесмислено и несериозно. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на последната средба со Зоран Заев даде конструктивно предлог-решение кое ќе значи комплетно реновирање на Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ кое би чинело околу 100 милиони евра, како и изградба на ургентен клинички центар, кој би бил наспроти приватната болница ‘Жан Митрев’ и со кој би се поврзале Поликлиниката ‘Букурешт’ и ГОБ ‘8 Септември’ и исто така изградба на уште три универзитетски клинички болници во Тетово, Штип и Битола, кои би чинеле по десетина милиони евра. Иако Заев го побарал овој предлог на увид, до ден денешен сè уште нема никакви реакции по истиот“, истакна Стојаноска.

Таа обвини дека е срамно и лицемерно СДСМ да го поврзува овој значаен проект со ковид-кризата и со тоа да ја крие нивната неспособност, бидејќи, како што објасни таа, досега имаа речиси пет години да започнат со изградба на нов клинички центар и истиот денес ќе беше во завршна фаза, но тие немаат ниту изготвено проектно решение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

323 нови случаи на Ковид -19, починати се 24 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.928 тестирања,...

Македонија4 часа

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко...

Македонија4 часа

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна, побаравме зголемување на групите

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, се сретна со претставнички на мајките коишто се на породилно отсуство. На...

Македонија5 часа

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија6 часа

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет6 часа

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион7 часа

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет7 часа

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Свет7 часа

Бајден: Нашата цел е до 4 јули да бидат вакцинирани 70 отсто Американци

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека целта е до 4 јули барем со една доза вакцина против коронавирус да бидат...

Македонија8 часа

Полициски час од 23 часот, угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот

Од денеска полицискиот час ќе почнува од 23 часот, а угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот, одлучи...

Регион20 часа

Борисов: Жртвата на Гоце Делчев да биде пример за Бугарија и Република Северна Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешното одбележување на 118-годишнината од смртта на Гоце Делчев рече дека тој е еден од...

Свет20 часа

Колкy заработи „Фајзер“ оваа година од вакцините против коронавирусот

Минатата година во трката за развој на вакцина против Ковид-19 компанијата „Фајзер“ донесе голема одлука. За разлика од конкурентите, кои...

Свет21 час

(Видео) Масакр во Бразил: тинејџер со мачета влегол во градинка и убил три деца и учителка

Осумнаесетгодишно момче со мачета влегло во градинка и убило три деца и учителка во Саудадес во бразилската држава Санта Катарина....

Македонија21 час

Од Австрија пристигна првата количина вакцини од „Фајзер“

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со Каролине Едштадлер, сојузна министерка за ЕУ и Устав на Австрија. „Денеска, од...

Македонија23 часа

Регистрирани 67 новозаболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 1.169 тестирања, а регистрирани се 67 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопе...

Европа1 ден

Шефот на СЗО за Европа: Гледаме светлина на крајот од тунелот

Шефот на канцеларијата на СЗО во Европа, Ханс Клуге, изјави во Сараево дека е претпазлив оптимист и верува дека светот...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против Оливер Дерковски за набавката на софтверот за изборите

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, и...

Економија1 ден

Дизелот поскапува

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цената на бензините останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Свет1 ден

Светски научници: Нема да се постигне имунитет на стадо, вирусот брзо мутира

Меѓу научниците постои растечко верување дека имунитетот на стадото кога станува збор за коронавирус нема да се постигне во блиска...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Намален бројот на новозаболени и починати од коронавирус

Во периодот од 26 април до 2 мај е регистриран намален број на новозаболени и починати од коронавирус во Македонија...

Досие