Македонија
Изградба и обнова на патната инфраструктура
Годинава ќе се работи на изградба и обнова на 40-тина патишта, автопати, експресни, регионални и локални, најави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
„Оваа година ќе започнеме со изградба и реконструкција на рекорден број патишта досега. Со истото темпо продолжуваме со изградба и обнова на над 200 километри автопатска мрежа во Македонија. Годинава дополнително ќе почнеме реконструкција на две нови автопатски делници“, рече на пресконференција Мисајловски.
Планиран и почеток на изградба на три нови експресни патишта во должина од над 100 километри што е инвестиција од околу 250 милиони евра. Во регионалната патна мрежа, се работи на четири регионални патишта, а ќе почне изградба и обнова на 37, за што е предвидена инвестиција од над 55 милиони евра.
Министерот за транспорт и врски најави дека ќе се реконструира автопатот од Велес до
Градско во должина од 20 километри и од Скопје до Куманово во должина од 22 километра за што инвестицијата изнесува 7,8 милиони евра, обезбедени преку ИПА програмата. Во тек на проектирање се два нови автопата од Гостивар до Кичево и од Скопје до Блаце по што ќе се утврди финансиската конструкција и ќе се одбере моделот за финансирање.
Во планираните активности за првиот квартал од годинава Мисајловски наброја и почеток со градба на експресни патишта од Штип до Кочани, од Штип до Радовиш и од Ранковеце до Крива Паланка./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

