Контакт

Македонија

Излезе од печат книгата „Безбедносни ризици и закани – третман, феноменологија и мапирање“

Објавено пред

Во издание на Факултетот за безбедност – Скопје и Фондацијата „Конрад Аденауер“ излезе од печат книгата „Безбедносни ризици и закани – третман, феноменологија и мапирање“ од проф. д-р Марјан Ѓуровски, проф. д-р Марјан Николовски и проф. д-р Саше Герасимоски. Денес, кога живееме во време кога безбедносните ризици доминираат во современиот безбедносен хоризонт, недостига ваков тип публикации и научноистражувачки резултати, кои укажуваат на опасностите од современите видови ризици и нивната закана врз виталните интереси и безбедноста на граѓаните, пред сè.

Овој ракопис произлегува од проект за истражување од кој, меѓу другото, се презентирани дел од прелиминарните резултати, кои се однесуваат на утврдување на безбедносните ризици со кои денес се соочуваат современите држави. Воедно, објавениот ракописот дава придонес кон веќе публикуваните публикации и истражувања на Факултетот за безбедност и Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Како резултат на современите глобализациски и постмодерни промени во карактерот на ризикот доминираат надворешните безбедносни ризици и во современото македонско општество, истакнуваат авторите на книгата професорите Ѓуровски, Николовски и Герасимоски. Притоа заклучуваат дека сложените глобализациски и постмодерни општествени односи придонесуваат да дојде проширување на безбедносниот ризик во државата и пошироко.

Карактерот на ризикот дефиниран во услови на глобализација влијае врз карактерот на безбедносниот ризик во современото живеење. Глобализациските и постмодерните дефинирања на карактерот на ризикот како негативен (безбедносен) ризик влијаат врз дефинирањето на карактерот на ризикот како безбедносен ризик во Република Северна Македонија.

Посебна цел на овој ракопис е воспоставување методологија за процесот на мапирање на посебните елементи на ризикот, кои се однесуваат на податоци за идентификуваните опасности, изложеноста на потенцијалните елементи на загрозување, податоци за нивната ранливост, како и податоци за капацитетите (ресурсите) на системот за управување со кризи, кои може да се употребуваат во функција на превенција и справување со потенцијалните ризици и надминување на предизвиканите последници.

Досегашните научни истражувања во областа на безбедносните ризици во Република Северна Македонија се недоволни, со што особено се истакнува значењето на оваа книга од универзитетските професори Ѓуровски, Николовски и Герасимовски. Поаѓајќи од фактот дека живееме во ризично општество, во кое безбедносните ризици стануваат сè помногубројни, пофлуидни и поразновидни, во ова истражување се користи современа теоретска основа поврзана со проучувањето на современите ризици како општествен и безбедносен проблем, а пред сè во контекст на современите општествени услови и поставеност на државата и нејзините безбедносни институции, со цел да се утврди кои се основните карактеристики на безбедносните ризици својствени за глобализираните и постмодерните општества.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Од утре почнува вакцинацијата со трета доза во Македонија

Објавено пред

Од утре, граѓаните кои имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести, со потврда ќе можат да примат трета доза од производителот „Фајзер“ против коронавирус.

Ова го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, кој денеска ја поддржа кампањата „Напред розово“.

„Граѓаните над 60 години согласно временскиот период после примената втора доза на вакцина ќе добијат порака да се вакцинираат. Нема да има посебен термин или пункт, туку тие ќе може да одат каде било најблиску до местото на живеење“, рече Филипче.

Во однос на скринингот во училиштата министерот истакна дека најверојатно ќе почне за две недели. Како што рече, целта е да се откријат евентуални асимптоматски носители на вирусот, знаејќи дека децата се најчестите асимптоматски преносители.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кампањата за локалните избори ДУИ ќе ја почне и ќе ја заврши во Гостивар

Објавено пред

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), кампањата за претстојните локални избори ќе ја почне од Гостивар, истакна на денешната прес конференција, Крешник Бектеши.

„Кампањата за Локални избори 2021 година ќе почне во понеделник точно од Гостивар затоа што го слушнавме гласот на граѓаните на Гостивар кои бараат промена во општинската администрација и ослободување од кучињата скитници, казината, чадот од Русино, густиот сообраќај, недостатокот на паркинзи и од неспособноста на Таравари“, рече Бектеши и додаде дека во текот на кампањата во сите градови, општини, населени места ќе ги претставаат кандидатите за градоначалници и опшинските совети.

Тој посочи дека ДУИ ја завршува кампањата исто така во Гостивар.

Партијата повика на фер и демократска кампања.

ДУИ на локалните избори ќе настапи со 19 кандидати за градоначалници и 35 листи за советници. Петте завети на ДУИ за овој мандат се: зелена агенда, зигитална агенда, згенда за вклучување на граѓаните, згенда за отворени врати и агенда нулта толеранција.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ реагира: „ВМРО-ДПМНЕ конструираат случаи за Шилегов за да го ублажат поразот на изборите“

Објавено пред

„ВМРО-ДПМНЕ не престанува да конструира случаи за градоначалникот Петре Шилегов со што само го потврдува стравот од извесниот пораз на претстојните локални избори.

Може ВМРО-ДПМНЕ да пласира нецелосни и фабрикувани документи, да се обидува да врши притисок врз обвинителството но ниту тоа нема да ги спаси од седмиот изборен пораз по ред.

Граѓаните гледаат дека понудата на ВМРО-ДПМНЕ за овие избори е понуда на кадри на Груевски и лица осомничени и осудени за сторени кривични дела, дека тоа е понуда осудена на пораз, па затоа секојдневно шират лажни вести во обид да го ублажат поразот“.

Соопштение на СДСМ

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Од утре почнува вакцинацијата со трета доза во Македонија

Од утре, граѓаните кои имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести, со потврда ќе можат да...

Македонија53 минути

Кампањата за локалните избори ДУИ ќе ја почне и ќе ја заврши во Гостивар

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), кампањата за претстојните локални избори ќе ја почне од Гостивар, истакна на денешната прес конференција,...

Топ2 часа

Возило излета од патот кај Куманово – возачот е тешко повреден, сопатничката загина

Осумдесетгодишна жена од Скопје загина како последица на сообраќајна несреќа што се случи вчера на пладне кај Старо Нагоричане, Кумановско. Загинатата...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија3 часа

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа6 часа

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија6 часа

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија22 часа

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија24 часа

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа1 ден

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион1 ден

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа1 ден

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија1 ден

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија1 ден

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија2 дена

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија2 дена

Осумдесет oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија2 дена

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа2 дена

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа2 дена

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ2 дена

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Досие