Македонија
Излезноста до 18.30 часот е 48,88 проценти – најголема во Вевчани, а најмала во Сарај

Одѕивот на гласањето до 18,30 часот е 48,88 отсто. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, на една минута по затворањето соопшти дека на девет избирачки места гласањето ќе биде продолжено за онолку време колку што траел прекинот утрово.
Гласањето продолжува во Центар на избирачкото место 2867 /1 за 2 часа и 35 минути, на избирачкото место 2831 ќе се продолжи 2часа и 55минути. Во Сарај на изборачкото место 2433 гласањето ќе продолжи 2 часа и 45 минути, на избирачкото место 2435 2 часа и 45 минути и на 2438 ќе има продолжување од два часа. Во Карпош продолжување ка има на избирачкото место 2652 2 часа и 30 минути, во Чешиново – Облешево на избирачкот место 0887 гласањето ќе продолжи уште 1 час и 11 минути, во Зелениково на избирачкото место 2373 ќе се гласа уште 2часа и 15 минути, во Пробиштип на изборачкото место 1566/1 гласањето ќе продолжи уште 1час и 55 минути, на избирачкото место 1572 гласање ќе има уште два часа о во Долнени на избирачкото место 1471 гласањето ќе се продолжи за 1 час и 30 минути, колку што траел прекинот утрово.
Најголем одѕив во вториот круг до 18.30 часот има во Вевчани 81,2 отсто, а најмал одѕив е регистриран во Сарај каде што на гласање до 18.30 часот излегле 28,12 отсто од запишаните гласачи.
Во текот на изборниот ден пристигнале вкупно 739 приговори од кои 642 се прифатени, 45 одбиени и за 52 приговори било утврдено лицата ги има во Избирачкиот список.
„Сметам дека сите се уверивме дека имавме успешен и мирен ден со изолирани инциденти, не беа организирани, и фер и демократско гласање. Уредите за биометриска идентификација работеа беспрекорно освен неколку проблеми сабајлево што беа регулирани и не се повтори. Останува да се пребројат гласовите и да заклучиме дека денот помина успешно“, рече претседателот Даштевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити побара од хирурзите да оперираат за викендите без надомест за да се намали листата на чекање

Министерот за здравство Фатми Меџити ги повика хирурзите од сите специјалности доброволно да оперираат за викендите за да ги намалат листите на чекање.
Тој ги повика неговите колеги, без надомест да покажат хуманост, исто како што беше примерот на кардиохирурзите од Ниш, кои од почетокот на годината во саботите и неделите оперираа пациенти.
„Дајте тоа што беше позитивна приказна во Ниш да ја повториме тука. Да ја ревидираме таа листа на чекање, на операции. Да направиме и ние такво хумано дело со цел да не чекаат толку долго пациентите. Да покажеме дека еве, сакаме да направиме нешто повеќе за општеството, како општествена одговорност. Пред сѐ, ние сме хумани лица“ изјави Меџити.
Македонија
(Видео) Северина направи гужва на „Рузвелтова“

Поради концертот на хрватската пејачка Северина, вечерва во клубот „Мош“ во Скопје, настана хаос во сообраќајот на улицата „Рузвелтова“
Колона возила и нервозни возачи се движат и по булеварот „Илинден“. Според очевидци, на врата се чекало од 18 часот за влез на концертот на Северина.
Сообраќајот е целосно во застој, а полцијата ги брка сите што застануваат барајќи паркинг место.
Македонија
Змија во центарот на Скопје:„Ништо не е искосено, права џунгла“

Змии шират паника кај скопјани. На социјалните мрежи е споделена фотографија од змија, која, како што е наведено, се појавила на паркинг во центарот на Скопје.
„Змии шетаат во Центар. Ништо не е искосено, права џунгла е“ пишува во еден од коментарите под фотографијата.
Засега нема информации за каков вид на змија станува збор, но луѓето треба да бидат внимателни во овој период кога температурите се повисоки и змиите излегуваат.
Змија вчера беше забележана на кејот на Вардар, каде има поголемо движење на луѓе. Претходно змии имаше и во Аеродром, а ист проблем беше и лани кај МНР.