Контакт

Македонија

Изменет сообраќаен режим во Скопје поради настанот „Ден без автомобили“

Објавено пред

Со почеток од 11:00 часот, во организација на Град Скопје – Сектор за сообраќај, ќе се одржи настан под наслов „Ден без автомобили“ организиран со цел одбележување на Европската недела на мобилност 2021.

Трасата на движење ќе се одвива од паркот Ибни Пајко- ул. Филип Втори Македонски, лево по бул. Гоце Делчев, лево по бул. ВМРО, десно по бул. Партизански одреди, десно по бул. 8 Септември  и десно по бул. Илинден до Градски парк (школка).

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај од 11:00 часот до завршување на настанот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Максим Димитриевски во тесно водство пред кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово

Објавено пред

Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, кој неодамна беше исклучен од СДСМ, е во тесно водство во првиот круг на локалните избори, покажуваат првичните неофицијални резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија.

Зад него е Оливер Илиевски од СДСМ, а на трето место е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски.

Според обработени 99,88 отсто од гласовите, Димитриевски освои 15.151 глас или 32,82 отсто од излезените гласачи, Оливер Илиевски – 15.098 или 32,71 %, Тони Михајловски 8.567 или 18,56 %, Беким Салиу од Алијанса за Албанците – 4.254 гласа или 9.21 % и Теодора Димитровска од ЛДП/ДОМ 1.026 гласа или 2,22 %.

Димитриевски се заблагодари на сите кои му дале поддршка во првиот круг и најави победа во вториот круг.

„Граѓаните на Куманово победија! Тие секогаш знаат да го направат вистинскиот избор. Се заблагодарувам на сите кумановци кои ни дадоа поддршка. Се заблагодарувам и на сите оние кои не нè поддржаа во првиот круг, но ќе направам сè  за да им го објаснам концептот #ЗаНашеКуманово, кој е концептот за сите граѓани. На 31 октомври Градскиот плоштад ќе биде преполн со народ. На 31 октомври да издвојуваме уште една голема победа!“, напиша Димитриевски на „Фејсбук“.

И од СДСМ најавија победа во вториот круг.

„Согласно последните официјални резултати на Државната изборна Комисија, од 167 избирачки места во Куманово СДСМ и коалицијата се победници со советничката листа и во водство за градоначалник. Советничката листа на СДСМ и коалицијата е победник во Куманово со освоени најмногу гласови, односно 11.688. Во однос на кандидатите за градоначалник, резултатите се речиси  изедначени, со тоа што Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово има 15.098. Гласови на коалицискиот партнер ЛДП го ставаат Илиевски на водечка позиција за победа во втор круг“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Над 70 отсто обработени гласови во Град Скопје – Данела Арсовска во водство

Објавено пред

Според 73,14 отсто обработени избирачки места во Град Скопје, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, е во водство пред актуелниот градоначалник, Петре Шилегов од СДСМ.

Првичните неофицијални резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија покажуваат дека Арсовска има освоено 59.198 гласови, Шилегов 55.739 гласови.

Трет е Перо Георгиевски од Левица со 13.439 гласови, а четврт Арбен Шаќири од ЛДП/ДОМ со 6.379 гласови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно и потопло време

Објавено пред

Времето ќе биде променливо облачно и потопло со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 17 степени.

До петок следува период на стабилно и потопло време, со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Врнежи од дожд се очекуваат в сабота.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Максим Димитриевски во тесно водство пред кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово

Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, кој неодамна беше исклучен од СДСМ, е во тесно водство во...

Топ1 час

Прилепчанец со автомобил удрил во четворица пешаци, од кои две деца

Дваесет и деветгодишен прилепчанец со автомобил удрил во четворица пешаци, од кои двајца малолетни. Едно лице се здобило со тешки...

Свет2 часа

Напад со нож во трговски центар во Мелбурн – избодени двајца мажи

Двајцата мажи се пренесени во болница откако биле избодени со нож во трговски центар во Мелбурн. И двајцата се здобиле...

Македонија11 час

(Видео) Заев: На крајот СДСМ ќе има повеќе градоначалници oд ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека СДСМ и коалицијата победуваат или имаат водство во повеќе од 30 општини во...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски соопшти каде победи ВМРО-ДПМНЕ, а каде има предност: „Ова е победа на народот“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше резултати од изборите кои според аналитичкиот центар на партијата донеле победа во првиот круг....

Македонија13 часа

(Видео) Николовски: СДСМ води во Скопје и уште во најмалку 25 општини

СДСМ победува во Скопје и води во првиот круг од локалните избори, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на партијата и...

Македонија13 часа

Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласија победа во Гостивар и Дебар

Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласија победа во Гостивар и Дебар. Партискиот претседател на Алијансата, Зијадин Села соопшти дека во ...

Македонија13 часа

(Видео) Зурли и тапани пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, симпатизерите радосни за изборниот резултат

Со зурли, тапани, гласна музика и пиротехнички средства, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ слават пред централниот штаб во Скопје. Присутните се радуваат...

Македонија13 часа

Ахмети прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница. Ахмети рече дека партијата е во водство во...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ најави победа во Велес, Штип и Свети Николе а води во Битола и Охрид

Во Велес, Штип и Свети Николе води ВМРО-ДПМНЕ, брифираат од партијата. Оттаму според нивните неофицијални информации посочуваат и дека имаат...

Македонија15 часа

Мицкоски: Победа и голема одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршување на изборниот ден, посочи дека победиле а со тоа доаѓа и одговорноста. Тој...

Македонија16 часа

Спасовски: Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности

Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој оцени дека првиот изборен...

Македонија16 часа

ЗНМ го осуди односот на Даштевски кон новинарите

Здружението на новинарите регира на односот на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, кон новинарите во текот на попладневната...

Македонија17 часа

Членови на избирачки одбори самите си одлучиле да не ги користат биометриските уреди

Државната изборна комисија добила информации дека на повеќе избирачки места членовите на избирачките одбори на своја рака престанале да ги...

Македонија18 часа

До 17 часот гласале 41,38 отсто од избирачите

До 17 часот вкупно гласале 41,38 отсто од гласачите во земјава или 547.048 граѓани, покажуваат податоците од Државната изборна комисија....

Македонија18 часа

Прекини во гласањето во неколку изборни места

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13,56...

Македонија20 часа

329 новозаболени од Ковид-19, починале 18 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.045 тестирања,...

Македонија21 час

Даштевски со допис дозволи да гласаат повеќемина, за да се намали метежот

За да се намали метежот кој се создава во ходниците на избирачките места, претседателот на Државната изборна комисија со допис...

Свет21 час

Почна трката по молнупиравир – осум земји веќе потпишале договор за купување на лекот

Азиските земји побрзаа да го нарачаат најновиот потенцијален лек против Ковид-19, кој е во форма на таблети, иако се уште...

Македонија23 часа

(Видео) Ангеловски: Изборниот процес се одвива мирно

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Досие