Контакт

Македонија

Ќе остават ли предлог измените на Законот на игрите на среќа повеќе од 7.700 вработени на улица?

Објавено пред

Измените на Законот на игрите на среќа и забавни игри кои минатата година во јуни ги предложи група пратеници, денеска влегоа во јавна расправа. На дневен ред се измените со кои се предвидува просториите во кои се приредуваат игрите на среќа задолжително да бидат оддалечени најмалку 500 метри воздушна линија од објекти на училишта, факултети, универзитети, институти, библиотеки и установи во кои се врши дејност на згрижување деца, на што се надоврзува дополнување на законот со кое потврда за оддалеченоста на просторијата до најблискиот објект ќе издава единицата за локална самоуправа.

Ако се направи едноставно онлајн мапирање на два објекта на оддалеченост од 500 м воздушна линија, веднаш станува јасно дека со вакво растојание практично и физички е невозможо да има обложувалница во градско подрачје. Скопје, кој е густо населен град на релативно мала површина, со многу образовни институции на неговата територија, во 500 – те метри радиус околу сите образовни институции колку што постојат, како што е предложено во предлог-измените, не постои простор каде би можело да се отвори објект за игри на среќа. Во малите градови, оваа состојба би била уште поизразена. Вообичаено образовните институции се наоѓаат во централното подрачје, а истите се, буквално, една главна и неколку споредни улици. Така, предлог-измените на законот, најконкретно, би значеле целосно затворање на сите објекти на приредувачите на игри на среќа на територијата на целата држава.

Од тука произлегува прашањето што ќе се случи со вработените во оваа индустрија? Ќе останат ли повеќе од 7.700 вработени на улица? На ова веќе подолго време укажува Асоцијацијата на спортски обложувалници, а ставовите на асоцијацијата и негативните ефекти од предлог-измените неодамна во интервју за „Фактор“ ги изнесе претседателот на АСОМ, Васко Илиески, кој посочи дека доколку се спроведат измените на законот, сите вработени во индустријата ќе ги загубат своите работни места.

„Тоа се 7.700 семејства кои живеат од овој приход, пред сé млади луѓе кои со вработувањето обезбедуваат редовна плата, но и можност за дополнителна заработка за работа на празници и ноќни часови. Тоа им обезбедува сигурност и стабилност и им дава можност да ја планираат својата иднина во земјата. Доколку овие млади луѓе ги загубат своите работни места, ризикуваме да ја напуштат државата, нешто што за нас како држава би било погубно. Сите 7.700 директно вработени во оваа индустрија одржуваат уште седум работни места во други стопански гранки, односно индустријата на игри на среќа поддржува речиси 54.000 работни места. Земајќи ги  предвид и членовите на семејствата, од оваа стопанска гранка директно и индиректно живее речиси 10% од популацијата во Македонија. Во оваа индустрија, во текот на минатата година се вработиле 40 % повеќе луѓе отколку во 2017, што го потврдува и позитивното влијание кое оваа стопанска гранка го има врз намалувањето на стапката на невработеност во земјата и стабилноста на пазарот на трудот “- образложи Илиески.

На ова се надоврзуваат и анализите на влијанието кое оваа индустрија го има врз државната екомонија. Бидејќи приредувачите на игри на среќа подлежат на високи даноци, нивната индустрија придонесува со рекордни една четвртина милијарди евра во држаниот буџет или високи 4% удел во бруто-домашниот производ. Во 2018 година, во државниот и локалните буџети се слеале вкупно 253 милиони евра, средства кои се користат директно за потребите на граѓаните во државата.

Целта на предложените измени, како што наведува групата предлагачи, е превенција на можностите за стекнување  порочни навики кај младата популација. Но, обложувалниците и другите простории каде што се приредуваат игрите на среќа не се достапни за малолетните лица. Согласно постоечкиот закон, прашањето за забрана за учество на малолетни лица во игри на среќа и за забрана за влез во објектите во кои се приредуваат игри на среќа е целосно регулирано, а казните за непочитување на овие членови од законот се високи.

Доследно спроведување на законот и евентуално зголемување на казните за приредувачите на игри на среќа, но и воведување казни за операторот кој извршил уплата на малолетно лице, за родителите/старателите на малолетните лица кои би биле затекнати во просториите на приредувачите на игри на среќа во голема мера би придонеле кон подобра регулација и поголема превенција.

Такви казнени одредби се предвидени во други закони со кои се регулира однесувањето на малолетните лица. Ставот на асоцијација е јасен. Тие неколкупати истакнаа дека се подготвени да прифатат и построга регулација и казни за прекршување на член 20 од Законот за игри на среќа, кој ја регулира пристапноста на малолетни лица во објектите – приредувачи на игри на среќа, но и да помогнат во развој, имплементација и финансирање програми и кампањи за едукација и подигање на свеста за негативните последици.

Македонија

Нов пожар кај Велеполе кон Кондово и Свиларе, гори борова шума

Објавено пред

Нов пожар избувна вечерва спроти скопското село Љубин кај местото Велеполе, меѓу селата Кондово и Свиларе. Гори борова шума.

Противпожарната единица на град Скопје интервенира со три возила и 10 пожарникари.

Пожарот избувнал на непристапен терен, се прават напори да биде ставне под контрола и да не се прошири кон куќите во Свиларе и Кондово.

Прикажи повеќе...

Македонија

Градежни работи на патот Гостивар – Тетово и Петровец – Катланово

Објавено пред

Виадукт Трејд известува дека ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат, наплатна станица Тетово, патен правец Гостивар – Тетово во времетраење од 2 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Виадукт Трејд започна и со изведување на градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосница Катланово на магистрален пат А1, делница Петровец – Катланово, во времетраење од 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Денеска започна и изведувањето на градежни активности на дел од ул. ,,Ѓорче Петров” од крстосница со бул. ,,Кузман Јосифовски Питу” до БС Макпетрол, патен правец Скопје – Тетово,во времетраење од 10 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај (пренасочување на соседните улици, како и автобуските станици на ЈСП).

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски на средба со ИРИ – во фокус на разговорите иднината на СЈО

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со Oвен Паун, директор на Меѓународниот републикански институт за Македонија и претставници од ИРИ.

„На средбата се дискутираше за актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и за можните форми на соработка и потенцијалите кои постојат. Мицкоски ја истакна бесперспективноста и разочарувањето на граѓаните од коруптивните скандали и вмешаноста на високи претставници на власта и на специјалното јавно обвинителство во истите. Тој посочи дека законот за Јавно обвинителство е од големо значење, но тоа мора да биде врз принципиелни основи во согласност со уставот. Во спротивно, се ризикува новото Јавно обвинителство да биде продолжена рака на власта, а утре кога таа власт ќе замине во опозиција, истото да биде средство за одбрана од сторениот криминал од врхушката на власт. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во изминатите две години македонскиот граѓанин е осиромашен и не се продуцира додадена вредност во економијата. Соговорниците беа согласни дека одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ мора да продолжи и истата треба дополнително да се продалбочи, се вели во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 часа

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет9 часа

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион9 часа

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа10 часа

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ12 часа

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ13 часа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија14 часа

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија15 часа

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија19 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ19 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија19 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Македонија20 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа20 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет21 час

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија1 ден

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет1 ден

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет1 ден

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија1 ден

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет1 ден

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт2 дена

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Досие