Македонија
Измени во законот за преземање доктори и медицински сестри од приватното во јавното здравство

Министерството за здравство информира дека подготвени се измени на Законот за здравствена заштита за преземање во јавното здравство на медицински сестри кои претходно работеле во приватни здравствени установи основани под закуп во здравствените домови, а по различни основи во меѓувреме останале без работа.
За таа цел, велат од МЗ, во измените на Законот внесена е одредба согласно која медицинските сестри кои ќе останат без работа да бидат преземани во јавни здравствени установи.
„Овие законски измени ќе влезат во процедура во текот на следната недела. Во моментов се извршуваат пошироки консултации со сите релевантни чинители кои се засегнати од законските одредби. Исто така, со измените ќе биде опфатена и можноста за преземања доктори на медицина, стоматолози и фармацевти од приватно во јавно здравство“, велат од МЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МНР објави прирачник за медиуми за употреба на новото име

Министерството за надворешни работи на својата веб-страница објави прирачник за медиумите за употреба на новото име, Република Северна Македонија, во согласност со договорот од Преспа. Официјалното име, како што се наведува во прирачникот, е Република Северна Македонија, скратено Северна Македонија.
Националноста (државјанството) е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, официјалниот јазик е македонски јазик, кодовите се МК и МКД, а придавката македонски се употребува во однос на етничкиот и културниот идентитет, јазикот, историјата, културата, наследството, територијата и другите атрибути.
Овие термини во тој контекст се сосема поинакви во однос на оние што се користат за означување на регионот Македонија во Грција. Во прирачникот се наведуваат примери за точна и неточна примена на придавката. Правилно: македонски етнички идентитет, македонски јазик, македонска култура, македонска територија, македонски граѓани, македонска историја, македонски планини, македонска литература, македонско кирилско писмо, македонска храна, македонски цркви… Неточно: придавки како „северно македонски“, „с. македонски“ и „северномакедонски“.
Во прирачникот се дава појаснување и за употребата на придавката во однос на државата, нејзините органи, јавни и приватни институции и сè што е поврзано со државата, основано во согласност со законот и финансирано од државата за активности во странство.
Придавката тука треба да гласи „од Република Северна Македонија“ или од „Северна Македонија“. Правилно: Влада на Република Северна Македонија, претседател на Северна Македонија, министер за надворешни работи на Република Северна Македонија, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на Северна Македонија. Неточно: „северно македонски“, „македонски“, „с. македонски“ и „северномакедонски“.
Во однос на активностите, придавката може исто така да гласи „македонски“. Правилно: македонска економија, здравствениот сектор на Република Северна Македонија, македонска уметност, македонска музика, македонско земјоделство, македонска артихтектура, прехранбена индустрија на Северна Македонија. Неточно: „северно македонски“, „с. македонски“ и „северномакедонски“.
Крвав четврток
Одобрен куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во Шуто Оризари

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе одлука со која мерката притвор за поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, се преиначува во мерка куќен притвор, а поранешниот министер за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, останува во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.
„Постапувајќи по жалби на одбраната на М.Ј. и С.Р. изјавени против решенијата на судија на претходна постапка за прифаќање на предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, со кои им се определи мерка притвор во траење од 30 дена, кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска одржа јавна седница во присуство на странките.
По произнесување на странките, како и ценење на фактите и доказите приложени во жалбите и решенијата на судија на претходна постапка, советот донесе решенија, со кои: жалбата на обвинетиот М.Ј. се уважува, а решението на судија на претходна постапка се преиначува со тоа што спрема обвинетиот се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена, а поради постоење на причините од член 165 ст. 1 т. 1 и 2 од ЗКП, му се забранува на обвинетиот комуникација со лицата опфатени во кривично-правниот настан, без дозвола од судот“, се вели во соопштението.
Оттаму се додава дека жалбата на обвинетиот С.Р. се одбива како неоснована и се потврдува решението на судија на претходна постапка.
Крвав четврток
Утре продолжува расправата за одземање на имунитетот на Вељаноски

Утре напладне треба да продолжи седницата на собраниската Комисија за деловничко-мандатни и имунитетни прашања, на чиј дневен ред е барањето за одобрување притвор на пратеникот Трајко Вељаноски, поднесено од одделението за организиран криминал и корупција при скопскиот кривичен суд поради сомнение за вмешаност во настаните од 27 април.
Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски, ја презакажа за утре седницата бидејќи за збор се пријавиле повеќемина говорници.
Во текот на дискусијата, која продолжи попладнево по получасовната пауза, повторно имаше престрелки меѓу пратениците од власта и опозицијата дали да му се одземе имунитетот на Вељаноски.
Вељаноски заедо со ексминистрите од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанкиески и Спиро Ристовски, завчера беше приведен на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април. Велјаноски се повика на пратеничкиот имунитет, а на поранешните министри Јанакиески и Ристовски им беше одредена мерка 30-дневен притвор. Според Деловникот, Комисијата е должна да го разгледа барањето на судот и во рок од два дена да го достави до претседателот на парламентот. По добиенот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број пратеници.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа