Контакт

Македонија

Изработена студијата „Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување“

Објавено пред

За потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, експертите Жан Франсоа Фурнемонт и Снежана Трпевска ја изработија студијата „Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување“.

„Студијата, достапна на македонски и англиски јазик, има цел да спроведе процена на важечките законски одредби за концентрација на сопственоста во аудиовизуелниот сектор и да препорача идни чекори во политиките. Како резултат можни се измени и дополнувања на Законот за медиумите и особено на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги со оглед на тоа што постојната регулатива за концентрација на сопственоста на медиумите е застарена, а овие прашања добиваат ново значење во контекст на дигиталните технологии, конвергенцијата, ширењето на новите интернет-медиуми и фрагментирањето на пазарот и публиката“, соопштија од Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги.

Студијата е изработена во рамките на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2)“, кој е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа – „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“.

Студијата е достапна на следниов линк: Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување.

Македонија

Четворица починати и 162 новозаразени со Ковид-19

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-14, Дебар-1, Штип-5, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-1, Велес-2, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-2, Гевгелија-3, Струмица-10, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-1, Валандово-1, Виница-2 и еден во Свети Николе.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-10, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-10, Струга-9, Велес-1, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-2, Струмица-3, Крива Паланка-1, Кочани-13, Берово-2, Свети Николе-2 и двајца од Валандово.

Во болнички услови се починати четри лица, тројца пациенти од Скопје (на возраст од 55, 80 и 81 година) и еден од Штип (81).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.138, бројката на оздравени пациенти е 15.068, на починати е 743, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.327. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:

• Скопје 7.100, активни 775
• Куманово 1.777, активни 184
• Дебар 287, активни 32
• Штип 1.262, активни 51
• Прилеп 689, активни 124
• Тетово 1.455, активни 149
• Струга 673, активни 42
• Велес 330, активни 33
• Битола 314, активни 67
• Охрид 430, активни 33
• Кавадарци 241, активни 42
• Гостивар 936, активни 86
• Гевгелија 129, активни 41 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 261, активни 156
• Крива Паланка 113, активни 28
• Радовиш 89, активни 25
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 375, активни 161
• Пробиштип 116, активни 23
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 8
• Пехчево 44, активни 3
• Берово 104, активни 30
• Валандово 36, активни 23
• Виница 116, активни 28
• Делчево 163, активни 80 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 25, активни 1
• Свети Николе 353, активни 43
• Кичево 328, активни 34
• Ресен 164, активни 15
• Неготино 54, активни 7 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 190.127 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84, од кои на кислородна поддршка се 41 пациент.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 2 мајки позитивни на Ковид-19, какои и 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани се 30, од кои еден е на респиратор.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 172, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Статистиката на активни случаи по скопските општини во моментов е следна:

• Чаир – 56
• Гази Баба – 88
• Аеродром – 123
• Карпош – 99
• Центар – 118
• Кисела Вода – 96
• Ѓорче Петров – 55
• Бутел – 29
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 8
• Сарај – 15
• Арачиново – 5
• Илинден – 33
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 5
• Зелениково – 2
• Странец – 10
• Нераспределен-7

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски поддржува напаѓачите на новинари да се гонат по службена должност

Објавено пред

Претседателот Пендаровски дава поддршка за измени во Кривичниот законик со кои ќе се овозможи нападите врз новинарите и медиумските работници да се третираат како кривични дела кои ќе се гонат по службена должност. Ова го истакна тој на средбата во Вила Водно со претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

На средбата се разговараше за состојбата со медиумските слободи во Северна Македонија, синдикалното организирање, како и условите во кои работат новинарите и медиумските работници.

Претставниците на ССНМ го информираа претседателот Пендаровски за иницијативата на која работат заедно со останатите релевантни медиумски организации за измена на одредбите во Кривичниот законик, со цел нападите врз новинари и медиумски работници да бидат истражувани по службена должност.

Беше дискутирано за прашањата кои е потребно да се уредат во однос на работничките права на новинарите и медиумските работници, како и за овозможувањето на соодветни услови за новинарите слободно да ја вршат својата работа, со оглед на тоа дека медиумските слободи се уште остануваат предизвик за кој е потребен ангажман на сите засегнати страни со цел изнаоѓање на долгорочни решенија.

Исто така, на средбата се разговараше и за работата на новинарите и медиумските работници во услови на КОВИД-19, при што беше истакната важноста на медиумите за известување во време на пандемии и непогоди. Дополнително беше нагласено дека сите институции, организации и компании кои ги канат медиумите на своите настани е потребно да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од КОВИД-19 и да се обезбедат соодветни услови за медиумите да ја извршуваат својата работа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров во Берлин: Значајно е да се усвои економскиот-инвестициски план за регионот

Објавено пред

По вчерашните средби со советникот на претседателот Штајнмаер и советникот на канцеларката Меркел, вицепремиерот Димитров денес во германското сојузно министерство за надворешни работи ги продолжува разговорите главно фокусирани на динамиката на усвојување на Преговорачката рамка.

Тој имаше средба со Забине Штер, ополномоштеник за ЕУ политики и со Сузане Шуц, директорка за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, на која што беше разговарано за напорите за затворање на преговорите за Повеќегодишната финансиска рамка 2021 – 2027, со што ќе се финализира и Рамката за финансиска поддршка за регионот. Во фокусот на средбата беше и размена на мислења во однос на заедничката цел: отворање на пристапните преговори годинава.

„Во светло на обезбедувањето на финансиска поддршка за земјите од Западен Балкан особено ќе биде значајно усвојувањето на Економскиот-инвестициски план за регионот, во функција на забрзување на економскиот развој и подобар животен стандард на граѓаните во регионот“, рече Димитров.

Се разговараше и за можностите за зајакнување на билатералната соработка, имајќи ја предвид воделчката улога на Германија како твининг партнер во спроведување на реформите во делот на владеење на правото, но и во областите на политика на конкуренција, јавни набавки, статистика, земјоделство итн.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Четворица починати и 162 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на...

Свет43 минути

Путин, Трамп и Макрон објавија заеднички став за судирот во Нагорно-Карабах

Претседателите на Русија, САД и Франција усвоија заедничка изјава за состојбата во Нагорно-Карабах. Владимир Путин, Доналд Трамп и Емануел Макрон...

Македонија2 часа

Арсовски: Се разгледуваат сите можности и опции за импичмент на Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ не открива кога би можела да се очекува конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски, што беше навестена...

Топ3 часа

Приведени тројца малолетници, кои украле златни синџирчиња

Полицијата приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело тешка кражба на дрзок начин. „На 22 септември,...

Регион4 часа

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување државјани на трети земји до 12 октомври, пренесува МИА. Ограничувањата на копнените граници се...

Македонија4 часа

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и, искрено, сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Топ5 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Македонија7 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија7 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија20 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион1 ден

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија1 ден

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 ден

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион1 ден

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ1 ден

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет1 ден

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија1 ден

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија1 ден

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет1 ден

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет1 ден

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Досие