Контакт

Македонија

Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми

Објавено пред

Грчките медиуми со остри критики по вчерашната изјава на македонскиот премиер, Зоран Заев, кој рече дека и Грција треба да го отвори својот устав за да се види како јужниот сосед се грижи за својот народ надвор од државата.

Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ упати остри критики кон македонската страна дека сè повеќе зацврстува одредени позиции, како што се одбивањето на непреведено име, промена на Уставот, промена на името за внатрешна употреба итн.

Како што пренесуваат грчките медиуми, македонскиот премиер како одржливо решение за спорот за името предложил меѓународната спогодба да биде потпишана и ратификувана, наместо, како што е наведено, да се менува уставот на неговата земја.

„Многу е важно да се примени она што светот го знае, а ова е добро позната меѓународна практика за решавање  вакви спорови – меѓународните договори, ратификациите во парламентите, одлуките на ОН – а потоа (решението) ќе биде вечно. Убеден сум дека со ваквите пристапи, земајќи го предвид она што е важно за граѓаните на Грција и Македонија, можеме да најдеме решение за спорот што го имаме со Грција”, рече Заев.

„Не треба да поставуваме црвени линии ако сакаме да најдеме решение. Мораме да се грижиме еден за друг за да го зачуваме достоинството на двете земји и на двата народа и, во секој случај, да го зачуваме она што се чувствува, а тоа е идентитет. Идентитетот се чувствува, никој не може да преговара. Верувам дека, во овој дух, со внимателно приближување кон партнерите со кои преговараме, ќе најдеме решение “, нагласи Заев.

Македонија

Без струја делови на Карпош, Аеродром, Шуто Оризари…

Објавено пред

Од

„ЕВН Македонија“ информира дека за денеска се планирани исклучувања во електро-системот и без електрична енергија ќе останат во периодот од 8 до 9 часот корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 102. (Општина Карпош).

Без струја од 8.30 до 9.30 часот ќе бидат и дел од корисниците на булеварот АСНОМ бр.30 вл.1. (Општина Аеродром); а од 9 до 14 часот струја ќе немаат корисниците на дел од селата: Бразда, Горно Оризари, Глуво, Голиево, Чардак, Мирковци. (Општина Чучер Сандево и Шуто Оризари).

Прикажи повеќе...

Македонија

Иванов телефонски му ја честита победата на Ердоган

Објавено пред

Од

Претседателот Ѓорге Иванов телефонски му ја честита победата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на претседателските и парламентарните избори, соопштија од Кабинетот на Иванов.

Во разговорот, Иванов му посакал на неговиот колега успешно извршување на претседателската функција.

„Во телефонскиот разговор беа разменети мислења за актуелните политички случувања во двете земји, при што претседателот Иванов се заблагодари за сета досегашна поддршка од Република Турција и изрази уверување дека и во наредниот период ќе продолжи силното пријателство и соработката меѓу двете земји“, соопштија од претседателскиот Кабинет.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кошаркарите Антиќ, Стојановски и Чековски запишани како Северно Македонци на „Евробаскет“

Објавено пред

Глобалниот сајт „Евробаскет“ ги промени податоците за националноста на македонските кошаркари. На профилите од Перо Антиќ, Дамјан Стојановски и Ѓорѓи Чековски во делот за националноста се запишани како Северно Македонци.

Исто така доколку се одбере лигата на Република Македонија, сајтот појавува резултати од Северна Македонија. Кошаркарите имаат бројни успеси во репрезентацијата на Македонија. Во кариерата на Антиќ се запишани клубови од земјава, Балканот и САД. Стојановски е прогласен за најдобар кошаркар на Македонија во 2014 година, додека неговиот колега Чековски е меѓу шесте најдобри играчи на првенствата во различни категории.

Сајтот „Евробаскет“ е креиран во 1997 година, кој застапува 248 кошаркари од преку 196 земји и 435 лиги. Базата ја сочинуваат профили на повеќе од 500.000 кошаркари и тренери.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Кошаркарите Антиќ, Стојановски и Чековски запишани како Северно Македонци на „Евробаскет“

Глобалниот сајт „Евробаскет“ ги промени податоците за националноста на македонските кошаркари. На профилите од Перо Антиќ, Дамјан Стојановски и Ѓорѓи...

Европа11 час

ЕУ предлага центри за мигранти на Балканот и во Африка

Неколку лидери на Европската Унија го поддржаа планот за воспоставување на прифатни центри за мигранти во северна Африка и на...

Регион11 час

Дијалог Белград – Приштина: Разговорите тешки, позициите значително оддалечени

Во Брисел се одржува нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина, под покровителство на Европската Унија. Дописникот на РТС пренесува...

Македонија15 часа

ВМРО – ДПМНЕ: Боењето е сценарио диригирано од Зоран Заев

Фрлањето боја врз седиштето на ВМРО – ДПМНЕ е сценарио на власта, обвини денес најголемата опозициона партија ВМРО – ДПМНЕ....

Македонија16 часа

Приведени 9 лица по протестот, носеле боксирач, скалпел и фантомки

Полицијата синоќа, откако заврши протестот пред Собранието, привела 9 лица. При претрес кај нив биле најдени пиротехнички средства, боксирач, скалпел...

Македонија16 часа

Чижов: Приемот на Македонија во НАТО ќе биде грешка со последици

Постојаниот руски претставник во ЕУ, Владимир Чижов во интервју за грчкиот весник „Катимерини” вели дека се надева оти решението на...

Европа17 часа

Експлодираше зграда во Германија – повредени 25 лица

Дваесет и пет лица  се повредени, од кои четворица сериозно, кога експлозија уништи станбена зграда во западниот германски град Вупертал,...

Македонија17 часа

Заев за „Политика“: Верувам во успешен референдум

Референдумот ќе успее, а тоа би било успех за граѓаните на Македонија, вели премиерот Зоран Заев во изјава за српскиот...

Македонија18 часа

СДСМ го осуди нападот врз штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го осуди нападот на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и секаков друг вид на насилства коишто ја...

Македонија19 часа

Шекеринска со писмо до земјите членки на НАТО: Ја барам вашата поддршка за Македонија 

По постигнувањето на договорот со Грција, министерката за одбрана Радмила Шекеринска испрати писмо до министрите за одбрана на 29-те земји...

Надворешна политика20 часа

Коѕијас ги подготви писмата за ЕУ и НАТО

Mинистерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас денеска ќе ги потпише, а утре писмено ќе ги извести ЕУ и...

Македонија20 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Кукавички нападнат и каменуван штабот на партијата

Кукавички беше нападнат и каменуван централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, обвини партијата.Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека нападот на...

Свет1 ден

Претседателски и парламентарни избори во Турција 

Во Турција денеска ќе се одржат вонредни претседателски и парламентарни избори, откако на 16 јули минатата година народот на референдум...

Македонија1 ден

Демонстрантите побараа оставка од Владата и изразија поддршка за Иванов

Еден и пол час траеше вечерашниот протест за одбрана на името во Скопје. Од бината пред Собрание демонтрантите побараа оставка...

Македонија1 ден

(Видео) Комити ја провоцираа полицијата, па се обидоа да нападнат новинар

Навивачката група Комити за време на протестот пред Собрание неколку пати фрлаше со петарди кон полицијата, но не предизвикаа инцидент,...

Македонија1 ден

Помпео побара од Франција да прифати членство на Македонија во НАТО и преговори со ЕУ

Американскиот државен секретар Мајк Помпео поддржа покана за членство на Македонија во НАТО и почеток на преговори со ЕУ и...

Македонија1 ден

(Видео) „Не сакаме да живееме во Северна Македонија“ – порачаа учесниците на протестот

„Не сакаме да живееме во Северна Македонија“, порача 17-годишната Клементина од Тетово на протестот пред Собранието против промената на уставното...

Македонија1 ден

Протестот пред Собрание започна со молитва

Протестот организиран од група граѓани „Млади за Македонија“ кој се одржува пред Собранието против промена на името, започна со молитва. Насобраните...

Македонија1 ден

Ако видите лице со фантомка симнете му ја, повикаа организаторите на протестот пред Собрание

На вечерашниот протест не смее да се дозволи да има луѓе со фантомки на главите, порачуваат организаторите од студентското движење...

Свет2 дена

(Видео) Масовни протести во Лондон против Брегзит

Илјадници луѓе излегоа во центарот на Лондон против одлуката на Велика Британија за излез од ЕУ. Организаторите на т.н. „Народно гласање“...

Досие