Контакт

Крвав четврток

(Видео) Илиевски: Не знам дали ќе бидам опфатен со амнестијата, јас не изготвувам никаков закон

Објавено пред

Богдан Илиевски обвинет за случувањата од 27 април како организатор на протестите „За заедничка Македонија“, пред денешното рочиште за крвавиот четврток по однос на законот за амнестија изјави дека суштински не знае што би стоело во законот и дали ќе биде опфатен со него, што би значело стопирање на секаков прогон против него за случувањата од 27 април минатата година.

„Не знам дали ќе бидам опфатен, јас не изготвувам никаков закон, можам да кажам дека слободата е вистинска правда за тие што сме неправилно обвинети“, рече Илиевски.

Виктор Јованов

Крвав четврток

Отец Пимен: Ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не му била намерата да влезе во Собранието

Објавено пред

,,Еден ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не било намерата да се влезе во Собранието”, рече отец Пимен, кој денеска беше сведок предложен од обвинетиот Богдан Илиевски на судењето за крвавиот четврток.

Во сведочењето отецот Пимен кажа дека со Богдан се запознал на социјалните мрежи, станале пријатели и бил негов духовен водич.

,,Учеството на протестите го правеле без никаков паричен надоместок и без намера за напредок во кариерата. Богдан на 28 април, еден ден по настаните, ми рече дека треба да се врати угледот на ‘За заедничка Македонија'”, сведочеше отецот Пимен.

Сведокот пред судот кажа дека обвинетиот Богдан Илиевски на протестите го смирувал народот и го чистел ѓубрето по протестите од улиците.

Илиевски предложи 5 сведоци, меѓу кои и Сотир Костов, кој поради болест не дојде на денешното судење, па беше повлечен од листата на сведоци.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Алими до Села на 27 април: Додека сум жив, ќе те бранам

Објавено пред

„Последно што помнам е дека во прес-центарот на Собранието врз пратениците се фрлаа предмети. Видов како кон мене фрлија монитор од компјутер и веднаш потоа ја изгубив свеста. Се освестив во една од канцелариите во Собранието, беше темно, без светла. Бев сместен зад едно биро, а кога ги отворив очите, до мене беше Абдуљфета Алими, кој ме праша како сум. Во еден момент му се обратив и му реков: Мојот живот е во твои раце, а тој ми врати со зборовите Додека сум жив, ќе те бранам, а доколку не останам жив, прости ми, сведочи пратеникот и претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, на рочиштето за 27 април.

Села рече дека во просторијата заедно со припадникот на обезбедувањето од Собранието, сега обвинетиот Абдуљфета Алими, имало уште едно лице од оние што протестирале, кое му помагало на Алими.

„По одредено време, ми облекоа дуксер. Ми ставија значка од полиција и ме изнесоа надвор како повреден полицаец. Во ходникот пред да излеземе го сретнавме Никола Тодоров. Тој инсистира да ме носат во Градска, а докторот инсистира да ме носат на Клинички. Во еден момент Тодоров му рече на докторот: Правете што сакате. Цело време Абдуљфета беше со мене. Кога пристигнавме на КАРИЛ, Алими ме праша дали е слободен мислејќи на зборот што ми го даде во Собранието, дека сум во негови раце“, рече Села.

На прашањето од обвинетиот Никола Митревски – Кољо дали е вистина дека Села со негов имот го спасил Алими од затвор, Села одговори дека Абдуљфета Алими е најзаслужниот. Претседателот на Алијансата за Албанците рече дека Абдуљфета Алими е најзаслужниот што тој е жив и дека поради тоа му е должник.

„Во целата постапка, кога слушнав дека тој не може да излезе од затвор бидејќи нема доволно имот, јас одлучив да го дадам мојот имот за тој да биде на слобода. Мојата куќа е негова куќа, јас сум му должник со мојот живот“, рече Села.

Наредното рочиште за 27 април е закажано в четврток кога исказ ќе даваат 5 сведоци предложени од обвинетиот Богдан Илиевски.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Села: Претседателите на партиите што не присуствуваа на 27 април, најверојатно, се и организатори

Објавено пред

„Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина одредени претседатели на политички партии да не бидат присутни во Собранието. Сите што тој ден не беа присутни, најверојатно, знаеле и, најверојатно, биле организатори на настанот. Не зборувам само за едно име и презиме, туку за неколку претседатели кои не беа присутни тој ден“, рече пратеникот Зијадин Села на денешното сведочење за крвавиот четврток.

„Јас чекам одговори од оваа судска постапка за настаните од 27 април. Можеби и повеќе од обвинетите тука. Судската постапка ќе даде одговор на прашањето дали некој знаел или претпоставил што ќе се случи на 27 април“, рече Села.

На седницата на 27 април, на која Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, не беа присутни претседателите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Никола Груевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Штрајкот прекинат, затворениците ќе преговараат со Владата за амнестија

Затворениците што издржуваат казна во затворот „Идризово“ од утрово го прекинаа штрајкот со глад. Директорот на „Идризово“, Боби Мојсоски, вели...

Македонија2 часа

(Видео) Дебата: Секоја амнестија и насока за менување на обвинението е упад во правосудството

Секоја амнестија или аболиција претставува упад, односно мешање во судската власт бидејќи законите се обврзувачки за Обвинителството и за судствто,...

Македонија3 часа

(Видео) Анкета: Што ви значи датумот 27 април?

„27 април е обичен ден, мислам дека не е празник“, „ме асоцира на крв и насилство“, „фингирана партиска работа“, се...

Македонија4 часа

Тасева ќе оцени дали Ласкова влијаела за грантот на нејзината снаа

До 20 декември „Транспаренси интернешнал – Македонија“ треба да ја заврши проценката на ризик за четирите компании добитници на грантови...

Македонија5 часа

(Видео) Здравствените работници ја блокираа наплатната рампа на Клиничкиот центар

Здравствените работници ја блокираа наплатната рампа во Клиничкиот центар од 10 до 10:30 часот и не им дозволуваа да наплаќаат...

Европа6 часа

Захарова: Ќе се одмаздиме ако Киев не обезбеди сигурност за руските дипломати

Москва ќе преземе мерки и ќе се одмаздиме доколку Киев не обезбеди целосна сигурност и безбедност на руските дипломати во...

Екологија6 часа

(Видео) „О2 иницијатива“: Зошто нема казни за бурето со оган пред Собрание?

„Никогаш нема од нас да биде држава за почит со ваков однос. Се пали на отворено пред Собрание на Република...

Македонија6 часа

Папата ќе ја посети Македонија во мај

Македонската Влада и Ватикан соопштија дека папата Франциск ќе допатува во Македонија на 7 мај следната година.  Претходно, минатиот месец...

Крвав четврток7 часа

Отец Пимен: Ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не му била намерата да влезе во Собранието

,,Еден ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не било намерата да се влезе во Собранието”, рече отец...

Македонија8 часа

Во УБК билe следени телeфоните и на сопругата и братот на Мијалков

На денешното рочиште за предметот за масовното прислушување, „Таргет – Тврдина” продолжи да сведочи ексвработениот инеженер во МВР, Ѓоко Лазаревски....

Европа8 часа

Нов дипломатски скандал поради руски шпион

По одлуката на словачките власти за протерување руски дипломат од земјата, Москва реагираше со реципрочна мерка, објави „Спутник“. Минатата недела...

Европа9 часа

Меј: Ќе продолжам со мојата мисија за реализација на брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, по синоќешното гласање изјави дека сега ќе продолжи со својата „обновена мисија” да ја извади Велика...

Свет9 часа

Уште еден Канаѓанец исчезна во Кина

Канада соопшти дека се обидува да стапи во контакт со нејзин државјанин во Кина, кој исто така бил испитуван од...

Европа9 часа

Издадена потерница по напаѓачот од Стразбур, според полицијата, станува збор за исклучително опасна личност

Француската полиција издаде потерница по 29-годишниот Шериф Чекат, кој е осомничен за нападот на божиќниот панаѓур во Стразбур. Тој во...

Свет10 часа

(Видео) Воз излета од шините во Турција – девет мртви и 46 повредени

Деветмина патници загинаа, а 46 се повредени кога брзиот воз на линијата Анкара – Конја се судрил во машина за...

Македонија23 часа

Мицкоски до Заев: Избeри време, место и медиум, ќе дојдам таму каде што ти сакаш

Пред повеќе од 6 месеци, точно овде на платото пред Владата на Република Македонија, на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата...

Свет23 часа

Три години затвор за поранешниот адвокат на Трамп

Поранешниот адвокат на американскиот претседател, Доналд Трамп, е осуден на казна затвор од 36 месеци. Мајкл Коен, адвокатот што изјави...

Бегството на Груевски24 часа

Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Унгарија

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од...

Бегството на Груевски1 ден

(Видео) Груевски лоциран од новинари во скап унгарски ресторан

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан....

Македонија1 ден

(Видео)Рамчиловиќ: Најдовме правна формулација и јасна дистинкција меѓу насилниците и организаторите во предлогот за амнестија

Работната група за помирување го подготви предлогот за законско решение за амнестија за 27 април. Обвинетите ќе потпишат изјава дека...

Досие