Контакт

Македонија

Илина Арсова е првата Македонка која ги искачи сите седум највисоки планински врвови во светот

Објавено пред

Илина Арсова утрото на 28 декември успеа да го искачи врвот Винсон -4892м, проект на Федерацијата за планинарство на Северна Македонија и Агенцијата за млади и спорт и со тоа го комплетираше проектот Седумте врвови.

Со искачувањето на овој врв, Илина стана првата Македонка која успеа да ги искачи сите седум највисоки врвови на седумте континенти и ја вброи Република Северна Македонија со свој женски претставник во светскиот планинарски предизвик – 7 summits.

Планината Винсон на Јужниот Пол е екстремно студена, но при искачувањето на тимот, заедно со Илина имале одлични услови, ладно, но без ветер.

Македонија

Стефанова: Дејствијата на Јанева нанесоа огромна штета на СЈО

Објавено пред

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа постапка. Но, без разлика каква пресуда ќе биде донесена, дејствијата за кои Јанева е на обвинителната клупа предизвикаа огромна штета на сметка на специјалното обвинителство и разочараност кај целата правдољубива јавност во државата, изјави обвинителката Лиле Стефанова, по завршувањето на сведочењето за „Рекет“.

Стефанова кажа дека нема да коментира во однос на исказот кој го дала во судница и дека одговарала на сите прашања кои ѝ биле поставени. Уште еднаш повтори дека нема никаква поврзаност со случајот „Рекет“.

„Јавноста има доволно време и доволно информации да се сфати дали јас како предметен истражител во случајот „Империја“ и вработена во СЈО имам било каква поврзаност со дејствијата за кои Јанева денес седи на обвинителните клупи“, рече Стефанова.

Таа вели дека е разочарана што рече дека на овој начин неосновано се дискредитирани предметите и работа на ова обвинителство.

„Се покажа дека ако сте лице коие има политичка и општествена моќ ќе најдете начин преку вршителите на функциите во правосудниот систем да си ја олесните својата положба во кривичните постапки и преку преговори и договори да најдете начин да ја избегнете кривичната одговорност“, вели обвинителката Стефанова.

Таа додава дека забрзано се работи на случајот „Империја“ за да добие на ефикаснот и наскоро очекува предметот да добие епилог со донесување на јавнообвинителска одлука.

Прикажи повеќе...

Македонија

Фрчкоска: Не се согласувам со испадите на Јанева, но таа е револтирана

Објавено пред

Адвокатката Ирена Фрчкоска, која ја брани Катица Јанева во предметот „Рекет“, за однесувањето на нејзиниот клиент вели дека е последница на револт поради, како што вели, сите работи што  ѝ се случуваат. Фрчкоска вели дека Јанева постапувала согласно нејзините законски надлежности и тука нема ништо спорно.

„Јас не се согласувам со таквите испади, но Катица Јанева е прилично револтирана, поради сите овие работи кои ѝ се случуваат. Гледаме дека обвинителката Стефанова во јануари кажувала еден став, сега друг. По наш впечаток, работите се извртуваат, а во друг дел – во ред беше исказот“, рече Фрчкоска.

Адвокатката на Јанева вели дека од ексшефицата на СЈО немало незаконско постапување.

„Од исказот на Лиле денеска можевме да добиеме впечаток и да изведеме заклучок дека ниту едно дејствие на Јанева не било противзаконско, туку сите дејствија се согласно нејзините законски овластувања и можности. Во еден дел, исказот на обвинителката ќе даде појасна слика за пуштањето на Јордан Камчев од притвор, каде гледаме дека со него од притвор биле пуштени  уште пет лица. Ние сме задоволни од исказот на Лиле Стефанова, која потврди дека Катица Јанева не ѝсе мешала, ниту сугерирала, ниту барала да не се работи предметот ‘Империја’. Јас сум убедена, а тоа и Лиле го потврди, дека сè до април месец не ни знаела за колку лица се води предметот ‘Империја’, што, пак, покажува дека обвинителката Лиле е оставена сама да го виде предметот“, посочи Фрчкоска.

Во однос на изнесеното мислење од страна на Стефанова дека имало политичко влијание, Фрчкоска рече дека тоа ќе се расчисти со исказот на Јанева.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Спасовски во МАНУ: Oбврска е да се бориме против антисемитизмот и негирањето на холокаустот

Објавено пред

Во Македонската академија на науките и уметностите се одржа комеморативната академија за холокаустот на која присуствуваше премиерот Оливер Спасовски заедно со владина делегација.

Премиерот во своето обраќање истакна дека холокаустот е најголемото злосторство во современата историја на човештвото.

„Во логорите на смртта, за време на Втората светска војна, беа погубени над 6 милиони Евреи“, истакна тој и потсети на 7.144 Евреи од Скопје, Битола и Штип кои во март и април 1943 година биле депортирани и убиени во логорот на смртта Треблинка.

Спасовски нагласи дека Владата е во тесна соработка со еврејската заедница во земјава и Меморијалниот центар на холокаустот на македонските Евреи, односно посветено работи на сите полиња кои се однесуваат на холокаустот.

„Образованието е темел за негување на колективната историска меморија за злото и за трајно сеќавање и почит кон жртвите“, посочи премиерот и дополни дека нашата обврска е со сите сили да се бориме против антисемитизмот и сите останати форми на кршење на човековите права.

Спасовски нагласи дека резултатите што Република Северна Македонија ги остварува на планот на сеќавањето, едукацијата и истражувањето на холокаустот неодамна биле соодветно вреднати и во меѓународни рамки.

„Бевме помеѓу првите земји кои ја усвоија работната дефиниција на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот – ИХРА за антисемитизмот, а во план е и усвојување на работната дефиниција за негирање и за искривено толкување на холокаустот, како и превод на македонски и албански јазик на најновите препораки на ИХРА за предавањето и учењето за холокаустот“, посочи премиерот.

Во година кога се одбележуваат три значајни датуми – 75 години од ослободувањето на логорот Аушвиц, 20 години од усвојувањето на Декларацијата од Стокхолмскиот форум и 15 години од усвојувањето на резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации со која 27 јануари е утврден како Меѓународен ден на сеќавањето на жртвите на холокаустот, премиерот Спасовски потврди дека трајна определба е никогаш да не се заборават жртвите и преку образованието на младите генерации да се пренесува и зачува споменот за нив.

На комеморативната aкадемија покрај Спасовски во владината делегација присуствуваа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Стефанова: Дејствијата на Јанева нанесоа огромна штета на СЈО

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа...

Економија58 минути

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни...

Македонија1 час

Јанева отстранета од судница, на Стефанова ѝ се обрати со зборовите: „Гомнарке, ороспијо“

Судијката на рочиштето за „Рекет“ нареди да се отстрани поранешната шефица на СЈО Катица Јанева од судницата, откако таа почна...

Македонија1 час

Вработен во ФЗОМ: Мајката на Тамара не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Бранко Хаџигогов, вработен во Фондот за здравство, кој денеска  сведочеше за лекувањето на малата Тамара, потенцираше дека решение за лекување...

Македонија1 час

Сведочење за „Рекет“: Чифлиганец и Савова се обидувале да влијаат врз истрагата за Камчев и Мијалков

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на градежната компанија Адора инжинеринг, бил кај обвинителката Лиле Стефанова за да се интересира за предметот „Империја”,...

Свет2 часа

Објавена аудиоснимка од последниот разговор на пилотот на Коби Брајант и контролата на летање

На интернет е објавена аудиоснимка од последниот разговор меѓу пилотот на хеликоптерот со кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна...

Македонија3 часа

Стефанова: Јанева се однесуваше како да е адвокат на Панделески

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното сведочење за случајот „Рекет” рече дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева телефонски и се заканувала...

Свет3 часа

Познати сите жртви во несреќата во која загина Коби Брајант

Во тешка хеликоптерска несреќа во неделат, во Калифорнија загина кошаркарската легенда Коби Брајант (41). Покрај него, животот го загубија и...

Македонија3 часа

(Видео) Стефанова: Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред кривичниот суд за случајот „Рекет” каде обвинети се Бојан Јовановски –...

Свет4 часа

(Видео) Авион со 150 патници се излизга од пистата и излета на улица

Ирански патнички авион со 150 патници се излизга од писта и излезе на улица во јужниот град Махшар, откако се...

Свет4 часа

ФБИ почна истрага зошто хеликоптерот на Коби Брајант летал во услови на магла

ФБИ го истражува местото на несреќата каде што се урна хеликоптерот со НБА-играчот Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум...

Свет5 часа

Калифорнија: Ќе бидат потребни неколку дена за да се извлечат телата од непристапниот терен каде што се урнал хеликоптерот

Властите во округот Лос Анџелес соопштија дека може да потрае неколку дена за да се извлечат телата од местото на...

Свет5 часа

Рик Фокс е жив, не бил во хеликоптерот со Коби Брајант

Откако бројни американски медиуми објавија дека заедно со кошаркарот Коби Брајант во хеликоптерската несреќа загинал и неговиот поранешен соиграч од...

Свет5 часа

Најмалку 80 починати од коронавирусот, а околу 3.000 лица се заразени

Бројката на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 80, а речиси 3.000 лица се заразени. Во обид да...

Свет6 часа

(Видео) Лошото време и густата магла се можна причина за несреќата во која загина Коби Брајант

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа...

Спорт14 часа

Полицијата тврди дека имало девет лица во хеликоптерот, именувани само Коби и неговата ќерка

Полицијата на Лос Анџелес на официјална прес-конференција даде првични детали за хеликоптерската несреќа во која загина НБА ѕвездата Коби Брајант....

Спорт16 часа

Спортскиот свет во шок и неверица по смртта на Коби, фановите се собираат пред „Стејплс центарот“

Голем број на спортисти, спортски клубови, славни личности и многу обични луѓе на социјалните мрежи реагираа со неверување и со...

Спорт16 часа

Потврдено: Во хеликоптерот на Брајант била и неговата 13-годишна ќерка Џиџи

По првите извештаи на американската ТВ-мрежа „Еј-би-си“ дека во хеликоптерската несреќа во која загина НБА легендата Коби Брајант биле неговите...

Свет17 часа

(Видео) Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Легендарниот американски кошаркар и еден од најдобрите во НБА историјата Коби Брајант загина во својата четириесет и прва година во...

Топ23 часа

Со возило на Црвен крст излетале од патот на Водно додека се обидувале да спасат повреден маж

Екипа на Црвен крст не успеала да го спаси повредениот маж на Водно по којшто трганала, бидејќи нивното возило излетало...

Досие