Македонија
Илинденските коњаници тргнаа кон Крушево

Илинденските коњаници од општина Аеродром синоќа тргнаа на пат кон Крушево одржувајќи ја традицијата од 1978 година.
44. пат, во организација на здружението на граѓаните од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, 27 коњаници, меѓу кои и една девојка, тргнаа кон местото каде што почна Илинденското востание и ќе дадат свој значаен придонес во одбележувањето на 119-годишнината од големиот македонски празник.
Нивниот марш почна од паркот „Јане Сандански“, каде што градоначалникот Тимчо Муцунски им го предаде општинското знаме. Потоа, придружени со зурли и тапани, коњаниците поминаа на неколку главни булевари во Аеродром и се упатија кон црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде што се одржа богата културно-уметничка програма како круна на целиот настан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло време, попладне и вечер дожд и грмежи

Времето утре претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 28 до 36 степени. УВ=8.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.
До недела во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.
Македонија
Без струја делови на Ѓорче Петров

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улиците: Александар Македонски, Кадињача и Андреја Папарадишки. (Oпштина Ѓорче Петров)
Македонија
Повторно активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула

Пожарот во с.Вапила е повторно активиран према с.Сирула, соопшти Центарот за управување со кризи.
Се работи за карпест предел со ниска вегетација, а теренот е непристапен. На лице место присутни се представници од ДСЗ и вработени од Македонски Шуми кои моментално вршат обиколки.