Македонија
Инвеститорот на деветкатницата има уште две парцели во близина на „Мајчин дом“

Инвеститорот на деветкатницата кај „Мајчин дом“ е сопственик на уште две локации во близина, кои сега се зеленило. Друштвото за градежништво, проектирање, инженеринг, трговија и услуги „ЗСФ-ком“, според електронските податоци од Катастарот, е сопственик и на парцелата покрај „Мајчин дом“, која граничи со парцелата за деветкатницата, но оваа компанија се јавува како сопственик и на полјаната меѓу училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ и црвените кули во Аеродром, каде што сопствеништвото го дели со „Еуроактива“.
Покрај „Мајчин дом“, „ЗСФ-ком“ има 1.495 квадратни метри, а во близина на „Ѓорѓија Пулевски“ парцелата е 136 квадратни метри поголема од онаа за деветкатницата и има површина од 3.674 квадратни метри.

„ЗСФ КОМ“ е сопственик и на полјаната меѓу училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ и црвените кули во Аеродром, каде што сопствеништвото го дели со „Еуроактива“
Од Општина Аеродром смируваат и тврдат дека на полјаната не може да се појави објект оти нема маркичка за градење, туку во ДУП просторот е потврден како зеленило и покај тоа што е приватна сопственост.
Жителите на Аеродром не веруваат на ваквите тврдења од Општината бидејќи и просторот за деветкатницата до април лани беше зеленило без маркичка за градење, но во приватна сопственост, а годинава веќе се гради деветкатница. Зеленилото меѓу булеварот Јане Сандански и „Мајчин дом“ стана приватна сопственост пред десетина години, а деветкатницата беше предвидена лани.

Парцелата покај „Мајчин дом“, која граничи со онаа за деветкатницата, е исто така сопственост на „ЗСФ-ком“
Сопственикот на „ЗСФ-ком“, Фатмир Етеми, е недостапен за коментар, а не одговара ниту на прашањата испратени на официјалната имејл-адреса на компанијата.
Жителите на Аеродром очекуваат и овие две парцели да се најдат на дневен ред на вонредната седница на Советот на Општина Аеродром закажана за петок, на која треба да се бара решение за трајно стопирање на деветкатницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Советот за етика во медиумите ги осуди заканите кон новинарката Мери Јордановска

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува односот на застапникот на раководството на 1 ТВ Бојан Јовановски кон новинарката на „Макфакс“, Мери Јордановска по повод нејзините критики за емисијата „Инсајдер“ емитувана на оваа телевизија.
„Таквите критики единствено може да се разберат како закани кон новинарката и нејзината критичка проценка за начинот на којшто работат други медиуми, нешто што како носител на професијата таа апсолутно смее да го прави и е дозволиво со Законот за медиуми. Ваквите притисоци врз новинарите, било директни или индиректни, сериозно може да влијаат врз начинот на којшто ја остваруваат својата дејност, изборот на сториите за кои што известуваат и начинот на којшто ќе обработуваат прашања од јавен интерес“, се наведува во осудата што преку соопштение ја упати Советот за етика во медиумите.
Слободата на изразување, велат од СЕММ, подолго време била на удар на голем број на моќници кои се обидувале да воспостават контрола врз работата на новинарите и медиумите. Притоа цензурата, како што додаваат, била и ќе остане непримерен облик на загрозување и ограничување на слободата на изразување во новинарската професија.
„Токму општествената положба на новинарската професија е индикатор за проценка на степенот на кој е загарантирана слободата на изразување, мислење, информирањето, критиката или воопшто постоење на слободен и демократски живот. Притисоците и заканите кон новинарите мора да се разгледаат и од аспект на фактот дека државата подолго време се соочува со пад на слободата на изразување во споредба со други региони во светот, како и во однос на препораките од релевантни домашни и меѓународни тела и организации дека сѐ уште треба да се работи во оваа сфера во потенцијалните земји – членки на ЕУ“, заклучува Советот за етика во медиумите во соопштението.
Македонија
МАН: Законот за медиумите постои за заштита на новинарите, а изнесувањето невистини е клевета

Законот за медиумите го штити новинарот во изнесување на своето мислење, а изнесувањето невистини е клевета, истакнува Македонската асоцијација на новинарите (МАН) преку соопштение по заканите што застапникот на менаџментот на телевизијата „1ТВ“, Бојан Јовановски, ги упати врз новинарката на „Макфакс“, Мери Јордановска.
„МАН го поздравува ставот на редакцијата на ‘Макфакс’ и Групацијата Клип медија кои
целосно застануваат зад својата новинарка Мери Јордановска и како и досега, и во иднина
ќе ѝ гарантираат слобода на изразување и мислење осудувајќи ги сите обиди за закани и
влијанија од страна. Воедно, МАН потсетува дека клевета е изнесувањето невистини, особено ако тие се јавно изнесени. Во случајот на Бојан Јовановски, тој вчера на социјалните мрежи напиша дека во тек се преговори за соработка меѓу ‘1ТВ’ и ‘Макфакс’, а за кои редакцијата на ‘Макфакс’ јавно се произнесе дека се невистинити“, се вели во соопштението на МАН.
Јовановски на социјалните мрежи директно ја прозва Јордановска поради нејзини критики за емисијата „Инсајдер“, која се емитуваше на оваа телевизија.
Македонија
Крилото на Гаши од Беса стана Алтернатива

Со одлука на Централното собрание на крилото предводено од Африм Гаши, овој дел од Беса формира нова партија која ќе го носи името Алтернатива.
Со тоа Беса останува да ја води Билал Касами.
Расколот во Беса настана по локалните избори кога движењето се подели на две партиски крила.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал