Контакт

Македонија

Иницијативниот одбор закажа вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 28 март

Објавено пред

Иницијативниот одбор закажа вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 28 март во Скопје. Членовите велат дека главни точки за дискусија ќе бидат отчет за сработеното од страна на актуелниот претседател Христијан Мицкоски и гласање на доверба.

„Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес по неколку месеци интензивна работа, успеа да обезбеди поддршка и потписи од големо мнозинство на делегати кои учествуваа при изборот на сè уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски. Делегатите кои пристапија се едногласни дека Мицкоски ги изневерил очекувањата и дека не исполнил ниту едно од дадените ветувања за враќање на партијата на победничките патеки, за зголемување на капацитетите за коалицирање и за обезбедување меѓународна поддршка“, се наведува во соопштението.

Членовите на Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес сметаат дека е недозволиво претседателот на којшто му ја дале довербата, да не свика конгрес и да не се обиде да им објасни кои се причините за последователните изборни порази и катастрофалниот рејтинг.

„Затоа иницијативниот одбор одлучи, со поддршка на мнозинството членови, да свика седница на Конгресот надвор од редовниот термин. Иницијативниот одбор одлучи да го закаже 17. вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 28 март во Скопје. Во наредните денови, Иницијативниот одбор ќе ги формира телата за спроведување на конгрсот, ќе го промовира слоганот и ќе почне со дистрибуција на покани и материјали за делегатите“, се наведува во соопштението.

Членовите наведуваат дека ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски е руинирана до непрепознатливост.

„Партијата е поделена, раскарана, нема капацитет за коалицирање и нема поддршка од стратешките западни партнери. Неговото бегање од одговорност и од заземање ставови по сите важни прашања резултираше со низа последователни порази на парламентарните, претседателските и локалните избори во Охрид, Штип и Ново Село. Христијан Мицкоски нема капацитет да ја води партијата и тоа го препознаваат граѓаните“, велат од Иницијативниот одбор.

Од таму наведуваат дека доколку Мицкоски ѝ мисли добро на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе се повлече од функцијата и ќе го поддржи одржувањето на Конгресот.

„Секој обид да се избегне отчетот пред делегатите кои го избрале е мајтапење со членството и купување време за лично богатење на грбот на партијата“, велат од Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес.

Најново

Црна хроника44 секунди

Украдeн паричник од патничка во автобус на ЈСП во Скопје

61-годишна скопјанка пријавила дека ѝ бил украден паричникот со пари и лични документи додека се возела во автобус на ЈСП...

Свет22 минути

Пресретнати две беспилотни летала насочени кон Ријад и јужниот дел на Саудиска Арабија

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори против јеменските бунтовници Хути, соопшти дека пресретнала и уништила две беспилотни летала...

Македонија34 минути

Серафимовски: Традиционалната храна им дава пазарна предност на домашните производители

Земјоделските семејства што од сопствениот род создаваат храна со препознатливо и традиционално локално потекло можат да остварат поголем приход и...

Свет39 минути

Речиси пет години по инвазијата врз Украина, Путин повторно бара НАТО да се врати на границите од 1997 година

Русија повторно бара повлекување на силите на НАТО на позициите што ги имале во 1997 година, пред проширувањето на Алијансата...

Црна хроника1 час

Уапсен 53-годишник од Желино, се обидел да прегази шумски полицаец додека бегал со дрва

Педесет и тригодишен жител на тетовското село Желино е приведен откако, според полицијата, со автомобил натоварен со огревни дрва не...

Свет2 часа

Туск иронично му порача на Орбан дека е импресиониран од неговата „креативност“ по пронаоѓањето речиси 20 милиони долари закопани во шуми и скриени во тајни сефови во Унгарија

Полскиот премиер Доналд Туск иронично го коментираше пронаоѓањето речиси 20 милиони долари во готовина во шуми, земјоделски објекти и други...

Свет2 часа

Гутереш: Најбогатите 10 отсто од светската популација поседуваат 75 отсто од целокупното богатство

Се зголемува поддршката за формирање меѓународен панел за нееднаквост, независно тело по примерот на Меѓувладиниот панел за климатски промени, кое...

Свет2 часа

Повеќе од 2.500 откажани летови во САД по повеќечасовниот прекин на авиосообраќајот

Повеќе од 2.500 летови биле откажани во САД, а неколку стотици доцнеле по повеќечасовната целосна обустава на полетувањата од американските...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски за измените во Законот за јавни набавки: Ќе се спречат намерното уривање и одолговлекување на тендерските постапки

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека со зголемувањето на прагот за директни јавни набавки од 5.000 на 10.000 евра, односно од...