Контакт

Македонија

Инклузивно игралиште во дворот на oсновното училиште „Љубен Лапе“ во Аеродром

Објавено пред

Учениците од основното училиште „Љубен Лапе“ во општина Аеродром од денеска можат да го користат новото инклузивно и пристапно игралиште сместено во дворот на училиштето.

„Многу е важно децата со посебни потреби да имаат еднакви можности за образование, спортување, учење и другарување со сите други ученици“, рече на отворањето градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

Ова е осмо инклузивно игралиште како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиран од Европската Унија.

Овој проект веќе 16 месеци успешно работи во насока на суштинско вклучување на учениците со попреченост во редовните основни училишта.

„Целосното вклучување на децата со попреченост во редовниот училиштен систем не е лесна задача, ниту во земјите на ЕУ. Политиката на ЕУ е јасна: мора да се оддалечиме од сегрегираното специјално образование. Попреченоста е прашање на права, а не прашање на дискреција“, посочи Стефан Ходулин од канцеларијата на ЕУ во земјава.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ има за цел да им помогне на училиштата, во кои учат ученици со попреченост, да ја подобрат својата инклузивност и пристапност.

„Во рамките на проектот досега доделивме стипендии на 471 ученици во почетните одделенија, спроведовме обука за над 280 претставници од училиштата, опремивме осум инклузивни игралишта, пет сензорни соби, една сензорна градина и доделивме асистивна технологија во четири училишта. Веруваме дека со овие активности навистина ја менуваме сликата за инклузивното образование во земјава“, рече Елена Мишиќ од Фондацијата „Чекор по чекор“.

Македонија

Градот Скопје иницира предлог-закон за заштита на Водно

Објавено пред

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, се сретна со претставници на граѓанските здруженија „Го сакам Водно“ и на „Иницијативата O2“, на којашто разговараа за фазата на реализација на иницијативата за предлог- законот за заштита на Водно.

Градоначалничката Арсовска посочи дека Водно и Скопје се неразделно поврзани, a со насилната и нелегална урбанизација се загрозува овој зелен штит на градот и не треба да се дозволи узурпација на овој значаен дел од Скопје.

„ Се обврзавме на заштита на Водно, со обезбедување дополнителен степен на законски регулирана заштита во интерес на Скопје и скопјани. Започнавме со креирање предлог-решение за законски обезбедување заштита на Водно, со што инициравме Закон за заштита на Водно“, посочи градоначалничката Арсовска на денешната средба.

Заедно со граѓанските организации Град Скопје почна постапка и во својата програма за 2022 година издвои средства за изработка на Просторен план за Водно. Градот Скопје се заложува за системско решение за Водно и со иницирањето на овој предлог-закон, кој ќе биде поднесен до Собранието, конечно правно ќе се регулира заштитата на Водно.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бочварски: Преку 11 милиони евра инвестиции за нов навигациски систем во М-НАВ

Објавено пред

Преку 11 милиони евра инвестираме во модернизација на навигацискиот систем во М-НАВ со цел да овозможиме поефикасно работење на Контролата на летање и за поефикасен авиосообраќај во земјата, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при денешната посета на М-НАВ.

Бочварски, заедно со заменик-министерот Беким Реџепи и менаџерскиот тим на М-НАВ, направија обиколка на Контролата на летање и на Навигацискиот центар, каде што се запознаа со работата на институцијата.

„ Се наоѓаме на местото каде за првпат по 25 години започнуваат подготовки за изградба на нов објект за потребите на М-НАВ. Со инвестицијата од 11 милиони евра, освен за изградбата на новата зграда, ќе се набават нови радари, нова опрема за комуникација, нов АТМ-систем, со што ќе се зголемат капацитетите и ќе обезбедиме поефикасно и побезбедно одвивање на авиосообраќајот“ – изјави министерот Бочварски.

Тој истакна дека е задоволен што и покрај ковид-кризата успеале да ја обезбедат инвестицијата за модернизација на клучна институција како Македонска навигација.

Директорот на АД Македонска навигација, Хамиди, се заблагодари на Владата за инвестицијата која ја потенцираше како клучна, бидејќи, како што напомена, повеќе од 25 години никој не вложил во М-НАВ.

„Чест ни е што и покрај кризата од ковид-пандемијата, во 2021 година заедно со целиот тим во Македонска навигација ги подобривме финансиските показатели. Инвестицијата што ја добивме за изградба на новата зграда со вкупна површина од 1.200 метри квадратни и за набавка на нова опрема ќе придонесе за зголемување на нашите капацитети и за модернизација на институцијата. Продолжуваме како и до сега, бидејќи безбедноста при летањето е наш врвен приоритет“ – изјави извршниот директор на Македонска навигација, Хамиди.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јаневска: Бараме две недели онлајн настава за учениците од 4. до 9. одделение

Објавено пред

Одлуката учениците од 1 февруари да тргнат на училиште со физичко присуство, бараме Владата, Комисијата за заразни болести, а и Министерот за образование и наука да ја преиспитаат, порача професорката Весна Јаневска на Фејсбук.

„ Бројките на заразени со Ковид-19 вирусот се високи, а високи се и потребите од болничко лекување. Медиумите соопштија дека ќе треба повторно отворање на ковид-центрите (според изјавите на стручњаците), а се објави и дека детските оддели се преполни и ‘Систина’ планира отворање на детски ковид-центар.

Предлагаме 2 недели онлајн настава на учениците од 4. до 9. одделение со активно следење на епидемиолошката ситуација и настава со физичко присуство на учениците од 1. до 3. одделение со следење на епидемиолошката состојба во Македонија и училиштата. За најмладите ученици предлагаме физичко присуство, за да се избегнат дополнителни мерки, кои се неопходни за чување на децата (ослободување на родител од работни обврски), а кои влијаат на економијата на државата“, пишува Јаневска.

Синдикатот за образование побара второто полугодие да почне онлајн, поради големиот број на заразени со што училиштата би биле опасен кластер за ширење на болеста.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет43 минути

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија2 часа

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ5 часа

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа5 часа

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија6 часа

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа7 часа

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа8 часа

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија21 час

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија21 час

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија23 часа

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија24 часа

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ1 ден

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија1 ден

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ1 ден

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија1 ден

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ1 ден

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија1 ден

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет1 ден

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија1 ден

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Свет1 ден

Русија почна големи поморски вежби во Арктикот

Руски воени бродови денеска влегоа во Баренцовото Море за да вежбаат заштита на главната рута на бродскиот сообраќај на Арктикот,...

Досие