Македонија
Инспекторатот иницирал 25 стручни надзори за утврдување лекарска грешка во лекување на починати пациенти од Ковид-19

Државниот санитарен и здравствен инспекторат досега иницирал 25 стручни надзори кои треба да покажат дали имало лекарска грешка во лекувањето на починатите пациенти од Ковид-19 до 40 години.
Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Иринка Сотирова-Бухова вели дека утврдувањето на евентуалните лекарски грешки оди бавно оти се внимава лекарите кои го прават надзорот да немаат конфликт на интереси.
Стручните надзори кои ги иницира Државниот санитарен и здравствен инспекторат ги прави Лекарската комора на Македонија во која членуваат и лекарите кои се предмет на надзорот, како и нивни колеги, вработени во истите здравствени установи.
„Лекарите кои ги вршат стручните надзори кои ги иницираме се членови на лекарката комора, каде членуваат сите лекари кои имаат лиценци. Тие во моментов работаат и на лекување на пациентите. За да се избегне конфликт на интереси за стручните надзори се бираат лекари кои не работат на исто место и затоа надзорот трае подолго време, лекарите се преоптоварени. Ниту еден стручен надзор нема да остане неодговорен“, рече директорката Сотирова-Бухова.
Во моментов во инспекторатот во тек се 11 вонредни надзори, а три надзори кои веќе ги направиле се затворени оти немало причина да се иницира стручен надзор од Лекарската комора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 650 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 376 пациенти позитивен и суспектен на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 38 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 56 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 43 во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 13 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 25 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 12, Кавадарци 23, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 650 и има околу 621 празен болнички кревет во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Македонија
Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за одблокирање на патот кон ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, како и работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
На средбата со унгарскиот премиер Орбан биле констатирани одличните и пријателски односи кои што постојат помеѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и унгарската Фидес.
Од ВМРО-ДПМНЕ пренесуваат дека Мицкоски на средбата се осврнал и на блокираните европски интеграции кои се последица на последното вето на источниот сосед, кое што Македонија ја одалечува од стратешката цел членство во Европската Унија. Лидерот Мицкоски побарал поддршка од Унгарија за одблокирање на патот кон ЕУ и воедно севкупна поддршка за земјава на патот кон европските интеграции.
„ Премногу долго државата е заробена во недостаток на реформи, калкулирања и тапкање во место што резултира со оправдана нервоза, но и своевидна фрустрација во исполнувањето на стратешката агенда. Точно е дека македонската влада има огромeн застој во исполнувањето на реформите, неисполнети ветувања, и не до крај посветен пристап кон интеграциите, исто како што е точно дека државата и сите нејзини граѓани не смеат да бидат заглавени поради таквата неспособност на домашната влада, но и недоволната спремност на сите земји членки на Унијата да подадат искрено рака на земјите апсиранти кон ЕУ“ , подвлече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тие разговарале и за економската и здравствената состојба, како и предизвиците кои произлегуваат од КОВИД 19 пандемијата.
„ Македонската економија е во рецесија и над 50 илјади наши сограѓани ги загубија своите работни места. На граѓаните им недостасува конкретен план како да се излезе од кризата, но и сигурност и перспектива. Најголемиот дел од граѓаните очекуваат од владата стратегија и план како тие ја проектираат иднината за одреден период од сега. За огромна жал Македонија е меѓу земјите со најголем број на починати споредено со бројот на жители поради КОВИД 19 пандемијата. И тоа е доказ за неспособното и не до крај доволно посветеното работење на властите во надминувањето на предизвиците. На тој план клучна е размената на знаења и искуства со понапредните држави, како што е Унгарија и би бил багодарен доколку Унгарија помогне на тој план со било кој свој расположлив потенцијал“, истана Мицкоски на средбата со премиерот Орбан.
На работниот појадок со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, станало збор за стратешките приорити врзани со членството на државата во Европската Унија. Мицкоски побара од Сијарто поддршка и вклучување во одблокирање на пристапиот процес. Мицкоски посочи дека државата не смее да преговара за своите идентитетски обележја и тоа не смее да биде цената за напредок на земјава кон патот на Европската Унија, истакна лидерот Мицкоски.
Македонија
(Видео) Заев по жалбите за мобинг во Лозово: Мојата порака до градоначалниците е да не глумат шерифи

Мојата порака што секогаш ја давам за градоначалниците од СДСМ кои победија на изборите е да не глумат локални шерифи и да им служат на граѓаните достоинствено, изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, откако деновиве беше објавено дека повеќе вработени во општината се жалат на мобинг од страна на општинската управа.
„Лично разговарав со него и секако добив соодветно објаснување и корекции за одредени работи. Оваа недела сигурно ќе реагирам зашто јас сум служител на сите наши граѓани и сакам да бидам секогаш во нивна заштита. Секако, граѓанин е и градоначалникот, но тој извршува сериозна и одговорна функција. Не знам детали, не можам да инсинуирам било што, но дефинитивно ќе се информирам за случајот и ќе дадам дополнително коментар“, изјави премиерот Заев.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира