Контакт

Македонија

Инспекторите на терен – ќе откриваат кој го загадува воздухот и кој предизвикува пожари

Објавено пред

Поради зголеменото загадување и квалитетот на амбиенталниот воздух, Владата издаде насоки на дејствување до одредени надлежни институции и направи распределба на инспекциските надлежности на инспекциските служби за животна средина на централно и локално ниво.

Во наредниот период овластените општински инспектори за животна средина, комуналните инспектори, како и градежните инспектори, ќе вршат вонредни инспекциски надзори во инсталациите што подлежат на Б-интегрирани дозволи и елаборати за животна средина, секаде каде што има значителни емисии во амбиенталниот воздух.

Воведени се двосменски дежурства за што е направен распоред на расположивите човечки ресурси (инспектор за животна средина, комуналени инспектори и други службени лица од Инспекторатот) за попладневни дежурства и дежурства во деновите од викендот, при што е потребно постојана придружба, односно тимска работа заедно со униформираните лица од Полициската станица од општа надлежност на МВР Битола.

„Општинскиот инспекторат во Битола постојано дејствува на терен и веќе се преземени конкретни активности за лицата што се затекнати на самото место како палат стрништа, а во дел од случаите на терен дејствувала и територијалната противпожарна единица. Општина Битола, со цел да се намали загадувањето на амбиенталниот воздух, а истовремено секој да даде свој придонес кон оваа појава, апелира до граѓаните на општина Битола за огрев во своите домови да не користат гуми, стиропор, пластика, текстил, отпадни масла за индивидуално затоплување, паркети, стари дограми итн. Користењето несоодветни средства за огрев е штетно не само за околината туку и за воздухот и загадувањето во нивните домови, кое директно влијае врз сите членови на семејството.

Општина Битола ги потсетува граѓаните дека е забрането палење стрништа и оган на отворен простор. Лицата што ќе се затекнат како палат оган на отворен простор или, пак, поади невнимание предизвикале пожар, подлежат на законски санкции. За намерно предизвикување пожари, претстојат кривични пријави и предвидени се глоби и законски казни. Општина Битола е во постојана комуникација со Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ЈП „Национални шуми“ во насока на превентивно дејствување и спречување појава на шумски пожари. Доколку граѓаните забележат каква било опасност од пожар или какво било прекумерно загадување на животната средина, да се јават во Општинскиот инспекторат во Битола“, се вели во соопштението.

Македонија

Во сабота Марш за толеранција на различностите во образованието

Објавено пред

По повод Меѓународниот ден на толеранцијата, Хелсиншкиот комитет за човекови права во сабота ќе го организира единаесеттиот Марш на толеранција. Маршот ќе започне во 12 часот пред Музејот на град Скопје, преку улица Македонија, до крајната точка на платото пред Универзитетот на ЈИЕ во Старата скопска чаршија.

„Образованието и младите ќе бидат во фокусот на овогодишното одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата. Причините се сериозни и секојдневно видливи – најчести извршители и жртви на злосторства од омраза се малолетни лица, а подемот на меѓуврсничкото насилство дополнително се зголемува со користењето на социјалните мрежи. Намалената толеранција на младите кон различностите е резултат на повеќе околности во општеството, но образованието се издвојува како еден од најпроблематичните фактори, со оглед на неговото клучно влијание во изградбата на ставовите и светогледот на младиот човек“, велат од Хелсиншкиот комитет.

И покрај обемната материја со која се оптоварени децата и младинците во образовниот процес, велат од таму, училиштето сепак ги лишува од клучни животни вештини, од кои потоа зависи кохезијата на целото општество и иднината на цели генерации. Младите, додаваат од Хелсиншки, речиси и не се оспособуваат за критичко мислење.

„Учебниците и наставните програми се полни со дискриминаторски содржини, кои само ги зацврстуваат вкоренетите стеретотипи и предрасуди. Целосно е занемарена важноста од едукација за ненасилно разрешување конфликти. Долгогодишното игнорирање на потребата од сеопфатно сексуално образование ги направи младите дополнително затворени, ранливи и подложни на насилство. Исто така, неинформираноста на младите, но и нивното опкружување, раѓаат предрасуди и нетрпеливост во однос на децата со попреченост и нивното вклучување во редовното образование“, се вели во најавата за маршот.

Од Хелсиншкиот комитет велат дека во сабота ќе побараат вистински да се активира декларираната политичка волја за квалитетно и сеопфатно образование.

„Ќе апелираме за темелни промени во образовниот процес и содржини кои ќе соодветствуваат со времето во кое живееме и со реалните потреби на младите луѓе. Ќе ги повториме многупати изречените пораки за прочистување на наставните материјали од содржини кои дискриминираат и ја оправдуваат нетолеранцијата помеѓу различните групи и поединци. Ќе побараме континуирана надградба на наставниот кадар.  Ќе порачаме дека образованието не смее да биде терен за перпетуирање на мислења и ставови кои предизвикуваат омраза, поделби и насилство. Ќе побараме суштински пресврт во образовните политики, кој ќе ги зајакне и научи младите како да се справуваат со животните предизвици – но на хуман, толерантен и ненасилен начин, со штитење на личното и туѓото достоинство и живот“, велат од Хелсиншкиот комитет.

Прикажи повеќе...

Македонија

Планот за заштита на Охридскиот регион предвидува зонирање и забрана за градење

Објавено пред

Во Охрид и Струга вчера беа презентирани деталите содржани во Нацрт-планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и Стратегиската оцена на животната средина за периодот 2019-2028 година, со цел заштитата на регионот како културно-историското богатство и природна реткост признаена од УНЕСКО.

По презентациите следеа дискусии во кои јавноста имаше можност да ги искаже своите мислења, забелешки и предлози во однос на документите.

Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска, истакна дека планот претставува исчекор напред оттаму што предвидува зонирање во самиот простор, што ќе овозможи соодветни мерки за негова заштита.

„Тоа значи воспоставување заштитен појас од 50 метри (прва заштитна зона со две подзони – Зона А и Зона Б) од границата на катастарската парцела Охридско Езеро. Заштитните мерки ќе се утврдуваат со интегиран пристап преку урбанистички план од државно значење“, рече Петровска.

Планот предвидува во Првата А зона да не се дозволува градење со цел задржување на крајбрежната функционалност на езерото и зачувување на квалитетот на езерото, додека во Првата Б зоната се задржуваат изградените објекти, но со тенденција на зголемување на површината од зоната А, за да се подобри вкупната крајбрежна функционалност согласно рамковната директива за води.

По однос забелешките на дел од еколошките задруженија, експертска јавност дека се носи План за управување без притоа да се донесат соодветни законски решенија за Охридско Езеро, без студија за Студенчишкото блато, за управувањето со Националниот парк „Галичица“, со сливното подрачје на Охридското Езеро и слични документи, Петровска категорична дека доколку се чека на спроведување на сите потребни процедури, а потоа се носи План, Охридското Езеро никогаш нема да добие соодветна и неопходна заштита.

„Ние треба под итно да го направиме планот и да го усогласиме со сите чинители, за што е впрочем организирана оваа јавна расправа. Доколку се прават промени во зонирањето по донесувањето на Планот, тој ќе биде ревидиран и усогласуван. Потребата за ревидирање на Планот во случај кога ќе се има потреба да се ревидира зонирањето се утврдува преку соодветни преодни одредби“, рече таа.

Самиот План треба да ја даде рамката за управување со регионот, но со него управуваат институциите, но и граѓаните кои имаат свое земјиште и објекти во планот.

„Доколку тој се почитува имаме добра основа, да и помогнеме на Комисијата за управување со природното и културното наследство да може да носи одлуки. Планот овојпат е толку експлицитен што согласно мерките што ги утврдува документот, Комисијата точно ќе може да издава дозвола за градба“, рече Петровска.

Попладнето јавната расправа по Нацрт-планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и Стратегиската оцена на животната средина продолжи во Струга.

Самиот Нацрт-план на 20 октомври е испратен до УНЕСКО така што се очекува повратна информација по однос документот со нивно мислење. После одржувањето на јавните расправи процедурата понатаму предвидува разгледување на реалните забелешки од кои дел би биле интегрирани во документот, по што таквиот усогласен План би бил доставен на усвојување до Владата и во февруари идната година до УНЕСКО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Рачна бомба пронајдена во фиока, во шупа во Арачиново

Објавено пред

Рачна бомба oд моделот „Ф1“ од руско производство била пронајдена при претрес во домот на маж од Арачиново.

Од Обвинителството информираа дека претресот се случил на 18 октомври, а бомбата била пронајдена во фиока во плакар, кој се наоѓал во шупата.

„При претрес пронајдена е рачна бомба модел ‘Ф1’ од руско производство со експлозивно полнење од 60 г тротил (ТНТ). Поседувањето ваква експлозивна направа на граѓаните им е забрането со закон“, велат од ОЈО Скопје.

Против лицето поднесено е обвинение за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Истовремено, надлежниот обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетиот бидејќи постојат околности што го оправдуваат стравот дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.​

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија2 часа

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија2 часа

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера, во Тетово, била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Македонија2 часа

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република...

Свет3 часа

Насилството во Хонгконг ескалира: демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците што патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а...

Европа4 часа

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за...

Македонија4 часа

Едно од девет возрасни лица во Северна Македонија има дијабетес

Во Северна Македонија едно од девет возрасни лица има дијабетес или околу 175 илјади луѓе, објави Асоцијацијата за детски дијабетес на...

Регион15 часа

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на...

Свет16 часа

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија16 часа

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион17 часа

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија18 часа

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија21 час

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија23 часа

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија1 ден

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија1 ден

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија1 ден

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија1 ден

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа1 ден

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија1 ден

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Досие