Контакт

Македонија

Инспектор со фалсификувани дипломи напредувал во МВР

Објавено пред

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против М.М.(47) од Куманово, инспектор во МВР, за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, Б.Р.(46) од Скопје, раководител на студентски прашања на универзитет „ФОН“ , за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, В.М.Н.(58) од Скопје,  советник-државен просветен инспектор, за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“ и А.И.(38) од Штип, декан на Факултетот за правни науки при Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Имено, Б.Р. како раководител на студентски прашања на универзитет „ФОН“ Скопје во досието на М.М. внела невистинити податоци дека тој, инаку главен инспектор во отсекот за странци и реадмисија во Регионален центар за гранични работи „Север“, положил испит, по што изготвила уверение и го дала на потпис и потврдување кај деканот на Факултетот за правни науки и ректорот на универзитетот. Со тоа му овозможила на првопријавениот противправно да се стекне со диплома за завршен прв циклус на студии.

По ова, инспекторот ги употребил лажните уверение и диплома при запишување на втор циклус на специјалистички студии и втор циклус магистерски студии на Факултетот за правни науки при универзитетот „ФОН” Скопје.

Во текот на магистерските студии на Б.Р. повторно во електронското и материјалното досие на М.М. внела невистинит податок дека тој положил испит, и покрај тоа што професорот не ја впишал оценката и не ја потпишал пријавата, со што му овозможила на првопријавениот противправно да се стекне со уверение за положени испити од втор циклус и диплома за магистер по правни науки.

Потоа М.М. наведните уверенија и дипломи во повеќе наврати ги употребил приложувајќи ги како доказ за завршено образование во персоналното досие во МВР, а со намера врз основа на таквите дипломи и уверенија полесно да напредува во службата и системот на кариера во МВР на РМ. Во 2011 година, првопријавениот наведните уверенија и дипломи повторно ги употребил при запишување на докторски студии на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, при што навел уште еден лажен податок дека во 1994 година дипломирал на Природно-математичкиот факултет при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. По ова во текот на месец декември 2013 година првопријавениот наведените дипломи ги употребил во приватната високообразовна установа за бизнис-студии „Еуро колеџ” во Куманово при постапка за избор на доцент во наставнонаучна област Менаџмент во царина и шпедиција и друго, а во текот на 2014 година и 2017 година истите ги употребил во постапка за добивање согласности за вршење дополнителна дејност во МВР на РМ.

Во текот на 2015 и 2016 година првопријавениот наведените дипломи ги употребил и при аплицирање за ангажман како професор на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Државин“ во Свети Николе каде бил ангажиран како професор за што во текот на 2015, 2016 и 2017 година му бил исплатен надоместок во износ од 272.300 денари. Истиот, во текот на 2017 година наведените дипломи ги употребил и при аплицирање за полагање  правосуден испит во Министерството за правда на Р.Македонија.

Четвртопријавениот А.И., како декан на Факултетот за правни науки при Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“-Свети Николе-Битола ги ставил во сила одлуките за избор на првопријавениот како професор, и покрај тоа што знаел дека се несоодветни со подрачјето и областа на која докторирал, со што постапил спротивно од Законот за високо образование на Р. Македонија, и му овозможил на првопријавениот да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 272.300 денари. На 8 февруари годинава третопријавената В.М.Н., како советник-државен просветен инспектор, при вонреден инспекциски надзор на универзитетот „ФОН“ Скопје, во соработка со инспектори од МВР, при увид во електронското и материјалното досие на првопријавениот составила лажен записник кој го заверила и потврдила со свој потпис и печат од државниот просветен инспекторат.

Македонија

Македонски концепт: Со обнова на пропаднатиот образовен систем ќе создадеме квалитетни кадри во државата

Објавено пред

Со цел современо образование, Македонски концепт создаде долгорочна стратегија која ги подготвува сите идни генерации за полесна адаптација во модерните дигитални општества, се наведува во соопштение од оваа партија.

„Квалитетното, конзистентно и добро систематизирано образование е темелот на секое здраво општество, на нормална држава. Функционалниот образовен систем значи дека вистинските вредности управуваат со процесите во државниот систем. Образовниот кадар создава напредна сила, која ги предводи конструктивните еволутивни процеси. Македонски концепт изработи програма со која ќе создадеме образовен систем што ќе одговори на потребата од едукација, од знаење за нашите деца и нашите млади”, изјави Марија Спасовска, кандидат на листата за пратеници за втората изборна единица.

Таа нагласи и дека поради лошиот квалитет на досегашното образование, младите квалитетни луѓе масовно ја напуштиле земјата во потрага по образовен систем што може да ја задоволи нивната жед за знаење.

„Со нашите реформи предвидено е воведување на виши, практични студии со воведување двегодишно практично ниво за одредени профили, притоа додавајќи вредност на образованието која може да се преточи врз зголемување на ефикасноста на пазарот на труд. Вложување во инфраструктурата и во кадарот на училиштата, наставниците треба да добијат поддршка за обука, пред да станат одговорни за водење своја училница. Неопходно е да се создаде национална програма за училишна инфраструктура која ќе ги ажурира училишните згради, истовремено создавајќи работни места во локалните заедници. Враќање на спортот во училиштата и враќање кон основите за одгледување на храна. Ревидирање на постоечкиот материјал за учење и создавање на инвентивни курикулуми за средно и основно образование. Ставање на учителот, наставникот, професорот во центар на образованието. Овозможување на секој ученик, студент, да си ги пронајде своите силни карактеристики и да ги усовршува со тоа што кога ќе заврши неговиот период на образование ќе може да доведе до создавање на додадена вредност во општеството од поединец”, објасни Спасовска.

На крајот таа порача дека Македонски концепт ќе се залага за еднакво образование за сите, кое ќе биде јавно достапно и ќе дава еднакви можности за сите, без разлика на полот, верата, националноста и бојата на кожата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети Николе-1, Кичево-4 и Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 40 оздравени лица од: Скопје-26, Велес-2, Гостивар-3, Кичево-3 и Ресен-6.

Во изминато деноноќие починале 7 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.

На Клиниката за инфективни болести починале двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години.

Во болницата „8 септември“ починале петмина пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 7.046, бројката на оздравени пациенти е 3.027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.678. Од вчерашните тестирања еден е контролен, а во согласност со новите податоци, статистиката за заразени по градови е следна:

• Скопје 3.394, активни 2.007
• Куманово 797, активни 244
• Дебар 109, активни 57
• Штип 374, активни 161
• Прилеп 282, активни 56
• Тетово 766, активни 392
• Струга 265, активни 167
• Велес 196, активни 43
• Битола 61, активни 22
• Охрид 204, активни 175
• Кавадарци 21, активни 15
• Гостивар 156, активни 93
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 17, активни 9
• Крива Паланка 16, активни 10
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 7, активни 3
• Кочани 74, активни 21
• Пробиштип 26, активни 17
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 6, активни 4
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 3, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 5, активни 2
• Свети Николе 42, активни 37
• Кичево 48, активни 39
• Ресен 122, активни 89
• Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 67.165 тестирања, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 92 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во согласност со обновените податоци, бројот на активни случаи во скопските општини изгледа вака:

• Аеродром – 159
• Бутел – 173
• Гази Баба – 207
• Центар – 150
• Карпош – 167
• Сарај – 154
• Кисела Вода – 118
• Ѓорче Петров – 116
• Студеничани – 115
• Шуто Оризари – 93
• Арачиново – 51
• Илинден – 33
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 18
• Сопиште – 13
• Зелениково-7
• Странец – 2

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски: Цела Македонија боледува од тригодишната пандемија на Заев и СДСМ

Објавено пред

Чувствувам дека за нешто помалку од 10 дена овде во Прилеп, коалицијата за Обнова на Македонија ќе постигне историски резултат, можеби најголема победа во независна Македонија, рече во обраќањето во овој град лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Клучното прашање кое што го поставивме до прилепчани е дали живеат подобро, а без исклучок, 100 проценти од одговорите кои што ги добивме се дека не само што не живеат подобро, туку живеат многу полошо од порано“, кажа Мицкоски и нагласи дека искуствата од досегашната кампања покажуваат оти пандемијата од раководство на СДСМ и Зоран Заев буквално ја зафатило цела Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ1 час

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија3 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија4 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ5 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа6 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет7 часа

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет19 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија23 часа

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа23 часа

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија1 ден

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион1 ден

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија1 ден

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа1 ден

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт1 ден

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион1 ден

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет1 ден

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет1 ден

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет1 ден

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет1 ден

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Досие