Македонија
(Интервју) Билјана Ивановска: За несудената конзулка во Њујорк, проблемот е кај Правобранителството

Во државата сè уште имаме висок степен на корупција, вели во интервјуто за „Макфакс“ претседателката на антикорупциската комисија, Билјана Ивановска.
„Најризичните фактори што водат до корупција во државата, како што се: политичкото влијание, неказнивоста и недоволната транспарентност сè уште постојат“, предупредува Ивановска, додавајќи дека, од друга страна, радува фактот што свеста кај граѓаните се буди.
Кога станува збор за пополнување на анктетните листови од страна на политичарите, Ивановска појаснува дека тие во принцип се отчетни, но има и такви кои се избрани и именувани на одредена функција а не поднеле анкетни листови.
„Нашите предмети не дошле до судството, нашите предмети се сè уште заглавени во обвинителството“, потенцира Ивановска.
„Во случајот со Ејупи не сме ги надминале нашите надлежности, проблемот е кај Правобранителството кое треба да расчисти во своите редови“, додава претседателката на антикорупциска комисија.
За злоупотребата на службените возила во државните институции за приватни цели, за хонорарците во Генералниот секретаријат, за ризиците од корупција во државата, кој и каде затајува, во интервјуто за „Макфакс“, со Билјана Ивановска, претседателка на антикорупциска комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре без струја повеќе делови на Скопје

Од ЕВН Македонија информираат дека утре без електрична енергија ќе останат:
во периодот од 08.30 до 09.30 часот, корисниците од ул. Иван Манолев. ( општина Бутел )
во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од ул. Ордан Чопела од бр.110 до бр.140, како и дел од корисниците од ул. Јајце. ( општина Чаир )
во периодот од 09.00 до 11.30 часот, корисниците од ул. Струшка. ( општина Карпош )
во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул.21 во Сопиште ( општина Сопиште ) како и корисниците од ул. Шидска бр.10, бр.12 – влезови 2, 3 и 4, и бр.42. ( општина Ѓорче Петров )
во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од
ул. Румена Хаџи Панзова. ( општина Кисела Вода )
во периодот од 13.30до 16.00 часот, корисниците од место викано Осојница во Сопиште. ( општина Сопиште )
Македонија
Сончево и топло време со температури до 36 степени

Времето денес ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ=9
Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец, попладне со мала локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 35 степени.
Продолжува периодот на многу топло време. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
Македонија
Мицкоски: Власта веднаш да престане да преговара за македонскиот идентитет, јазик и историја

Власта да престане со преговори за македонскиот идентитет, јазик историја, да се вратат од Софија и да кажат дека преговори ќе продолжат само кога ќе има услови да се сочува нашето достоинство, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Ѓорче Петров.
Мицкоски истакна дека очекува од власта веднаш да престане да ги распродава македонските државни и национални интереси.
– Јас очекувам да престанат да ги распродаваат македонскиот идентитет, култура, наследство, историја, тоа очекувам од овие ако можам така да ги наречам македонски официјални лица, тоа очекувам. Веднаш да престанат, да се вратат од Софија и да кажат дека работата не бива, престануваме во овој момент, кога ќе се создадат услови тогаш ќе продолжиме, во овој момент очигледно не постојат услови со кои што можеме да го сочуваме нашето достоинство. Ете тоа очекувам, потенцираше Мицкоски.