Контакт

Македонија

Историчарите од регионот со поддршка за Македонија: Наметнувањето „историски вистини“ е опасно

Објавено пред

Група историчари од регионот регираат по блокадата од Бугарија коментирајќи дека со тоа се злоупотребува историјата во процесот на европските интеграции.

Историчарите од Словенија, Хрватска, Босна, Црна Гора и од Србија напишаа заедничка декларација со наслов „Да ја одбраниме историјата“. Писмото е потпишано од Дубравка Стојановиќ, Хуснија Камберовиќ, Твртко Јаковина, Божо Репе, Аднан Прекиќ, Сњежана Корен, Бранимир Јанковиќ, Момир Самарџиќ и други.

„Ние потписниците на ова писмо изразуваме протест и осуда на овој пример на историски ревизионизам и злоупотреба на историјата за политички цели. Сметаме дека овој пристап е опасен не само за историјата како хуманистичка дисциплина туку и за демократијата и просперитетот на регионот, но и за самата Европска Унија. Наметнувањето „историски вистини“ е неприфатливо и опасно. Создавањето на македонската нација не се разликува од начинот на кој се создале сите други нации, а правото на самоопределување е основно човеково право“, се наведува во Декларацијата.

Историчарите бараат од колегите во Македонија и Бугарија, но и во сите земји во регионот, да бидат професионални и да се спротивстават на злоупотребите во својата дисциплина.

„Од политичарите бараме да водат одговорни политики, да не ги подржуваат историчарите што поттикнуваат националистички конфликти и да не вршат притисоци што доведуваат до фалсификување на минатото. Од европските институции и држави бараме да реагираат на злоупотребите на историјата почитувајќи ги основните принципи на Европската Унија, кои овие денови на Балканот и во Европа се загрозени, како што се различноста, антифашизмот и демократијата. Европската Унија е создадена како лек против лошите искуства од минатото и затоа да не дозволиме преку искривување на историјата да се уништуваат принципите на кои се темели идејата за обедината Европа.

Ние, потписниците на ова писмо, им даваме поддршка на интелектуалците и историчарите во Македонија и Бугарија, кои отворено се спротивставуваат на политичките притисоци и се борат за заштита на својата професија и професионалните стандарди. Само солидарни можеме да ги совладаме сериозните пречки што стојат пред нас!“, се наведува во декларацијата.

Македонија

Филипче на работен состанок со колегите од хируршките клиники и ковид центите на интерните клиники

Објавено пред

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево се сретна со директорoт на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Александар Трајановски и со директорите на ковид центрите од комплексот „Мајка Тереза“.

Оваа средба беше редовна коориданција околу отворањето на новите болнички капацитети за ковид пациенти во склоп на хируршките клиники. На сотанокот се разговараше за реализација на новиот ковид оддел во склоп на ТОАРИЛУЦ, кој ќе биде активиран ако за тоа има потреба, а согласно епидемиолошката состојба во државата и бројот на пациенти кои бараат хоспитализација.

Во моментов околу 500 легла има во ковид центрите во Скопје, со план за дополнителни 100 кревети на ОРЛ и на хируршките клиники. Дополнителни 100 кревети ќе се обезбедат и од страна на приватните болници.

Прикажи повеќе...

Македонија

Левица: Утре поднесуваме 61 барање за надзор до инспекторат за труд поради партиски вработувања во училиштата

Објавено пред

Партијата „Левица“ реагира на партиски вработувања во училиштата, односно за, како што велат, скандалозните јавни огласи за вработување во образованието, кои незаконски траат помалку од
предвиденото.

„ Одамна се зборува за партизацијата на јавните служби, и одамна истата состојба сè подрастично се влошува. Секоја промена на власта донесува нови партиски послушници на работни позиции кои честопати се креирани само за исполнување на партиски долг кон нив, што доведува до ново пустошење на буџетската каса, ново нанесување неправда на граѓаните на Македонија кои не можат да добијат квалитетни и навремени услуги од така изобличениот и оптоварен систем.

Со намера што поквалитетно да ги сервисира потребите на партиските послушници, а без најмалку грижа за реалните потреби на граѓаните, на крајот од јуни 2018 година власта направи измени во ЗРО според кои обезбеди вулгарна нетранспарентност при огласувањето слободни работни места, скратувајќи го рокот за огласување од пет на три работни дена, а со цел да се осигура дека не оние кои се способни, туку тие кои се партиски подобни ќе ги пополнат работните места.

Меѓутоа, изгледа и тоа не им е доволно, бидејќи деновиве сведочиме на огласи за вработување во училишта (над 60 огласи!) во кои не се почитуваат одредбите од чл.23 ст.1 а.6 од ЗРО, каде што се предвидува огласот да трае три работни денови, а не само еден работен ден!? И тоа во исто време кога на министерката на надлежното министерство устата ѝ е полна со приказни за реформи, за кои планира дополнително да ги задолжи граѓаните на Македонија со кредит од 25 милиони долари кај Светска банка, додека во пракса наставата се импровизира, а илјадници деца едноставно се исфрлени од системот за образование.

Од локалниот огранок на Левица – Прилеп, вчера беше објавена скандалозна слика од документ – јавен оглас за вработување (наставник по економска географија), кадешто се гледа дека огласот трае само три дена – и тоа петок, сабота и недела, односно еден работен ден! Трудовиот сектор на Левица го истражи случајот и дојде до информации дека вакви има повеќе десетици случаеви. Поради ова, утре Левица до Државен инспекторат за труд, ќе поднесе 61 Барање за вршење на вонреден инспекциски надзор во врска со кршење на чл. 23 ст.1 а. 6 од Закон за работни односи.

Оттука, со право можеме да прашаме, што е следниот чекор на патот кон Европа? Да почнат ниту да не ги огласуваат слободните работни места надвор од партиските штабови!?“ велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Следи сончево и стабилно време, со студени утра

Објавено пред

Времето утре ќе биде сончево со умерена, а повремено со значителна облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во следните денови продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет50 минути

Оксфордската вакцина ефикасна до 90 проценти, а ќе чини само 3 долари

Вакцината против коронавирус, што ја развива Универзитетот во Оксфорд во соработка со „АстраЗенека“, ќе чини меѓу три и четири долари,...

Свет3 часа

Бајден избра нов државен секретар

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го избра Ентони Блинкен за државен секретар на САД, соопшти тимот на Бајден. Toj денеска...

Свет3 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет4 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија5 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија8 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион9 часа

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа10 часа

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија10 часа

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион10 часа

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија11 час

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа11 час

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион12 часа

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа12 часа

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија13 часа

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет14 часа

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Свет14 часа

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе кога непознат маж ги нападна...

Свет14 часа

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина против Ковид-19 в година, објави Агенцијата за деца на ООН....

Свет1 ден

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Македонија1 ден

Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на...

Досие