Контакт

Македонија

Истрагата за пожарот во Велес во кој загинаа три деца сè уште трае

Објавено пред

Сè уште не се познати причините како настанал пожарот во куќата во Велес во кој загинаа три девојчиња на возраст од четири, две и една година. Од Министерството за труд и социјална политика информираа дека Општината во соработка со Центарот за социјална работа ќе го организираат нивниот погреб.

Од таму исто така информираа дека родителите на децата биле корисници на социјална парична помош.

Пожарот со трагичен исход се случи вчера попладне во куќа на улицата Даре Џамбаз, под ридот Вршник. Според првичните сознанија на јавниот обвинител, родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница. За тоа време, од засега непознати причини, избувнал пожар и набргу ја зафатил куќата, во која нема ниту струја ниту вода.

Од Обвинителството соопштија дека ќе се врши проверка на трагите земени од местото за да се утврдат причините за настанување на пожарот. „Надлежниот јавен обвинител презема дејства за расчистување на околностите на настанот и за утврдување евентуална кривична одговорност“, велат од велешкото Обвинителство.

Крвав четврток

Судот достави барање за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски

Објавено пред

Барањето од Кривичниот суд за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски е испратено до законодавниот дом, потврдија од судот.

Според процедурите, претседателот на парламентот по добивањето на барањето веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Комисијата е должна да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Парламентот.

Со Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања претседава пратеникот Павле Богоевски. Поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, вчера заедно со поранешните министри и партиски функционери Миле Јанакиески и Спиро Ристовски вчера беа приведени под сомнение за организавија на насилните настано од 27 април 2017 година.

Вељаноски се повика на пратеничкиот имунитет, по што замина од судот, додека на Јанакиески и Ристовски им беше одреден 30-дневен притвор.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Русковска: Груевски ја ставил во функција партијата за крвавиот четврток

Објавено пред

На прес-конференција за јавноста во Јавното обвинителство беа изнесени информации за истрагата за организаторите на насилствата од 27 април 2017 година.

Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, рече дека осомничените во истрагата ја ставиле во функција партијата за организација на насилствата од 27 април, со координација на активностите. Кординатори биле осомничените Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Организацијата подразбирала ангажирање луѓе од општинските организации на партијата.

Никола Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ во телевизиско интервју ги повикал граѓаните на протест и за таа цел ја ставил во функција партијата.

Обвинителката Русковска рече дека ќе биде доставено барање за екстрадиција до судот за Никола Бошкоски, кој избега во Грција и очекува тој да биде екстрадиран во Македонија откако ќе заврши постапката, бидејќи амнестијата на претседателот Ѓорге Иванов не се однесува за ова кривично дело.

Во оваа истрага ќе биде опфатен и ексдиректорот на УБК, Валдимир Атанасовски, кој се наоѓа во притвор во Шуто Оризари. Државниот обвинител Љубомир Јовески на новинарско прашање дали Билјана Бришкоска-Бошковски, која обвинетите за крвавиот четврток ја посочија како координатор на активностите, била повикана на распит за овој случај, рече дека во оваа фаза осомничени се само пет лица, а доколку истрагата се прошири и се обезбедат докази, може да бидат опфатени и други лица.

На новинарско прашање зошто обвинителството првин ги гонеше извршителите, а не организаторите на 27 април, Јовески рече дека станува збор за сложена постапка, која уследила по ненавремено извршениот увид во Собранието што подразбира проблем во обезбедување на доказите, а се чекало и вештачењето на телефоните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерството за здравство ќе се обиде да обезбеди средства за исплата на дежурствата на специјализантите

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретна со претставници од Здружението на лекари специјализанти, Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари и со Клубот на млади лекари, при што нагласи дека фокусот на министерството се младите лекари, за кои се прави подобрување на нивниот статус, квалитетот на едукацијата и условите во коишто работат.

„Во текот на септември 2019 година ќе биде објавен нов конкурс за приватни специјализанти“, најави министерот Филипче.

Филипче нагласи дека Министерството за здравство ќе се обиде да обезбеди финансиски средства за исплата на дежурствата на сите специјализанти, како и придонеси за приватните специјализанти, а ќе продолжат разговарите со претставници на здруженијата да бидат инкорпорирани во наставно-научниот совет на Медицински факултет, со цел заедничка соработка во подобрување на условите на специјализацијата и целокупната едукација.

Во следните две недели се договорени средби на министерот Филипче со Здруженијата со цел зацврстување на соработката со институциите и реализирање на целите на специјализантите.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток12 минути

Русковска: Груевски ја ставил во функција партијата за крвавиот четврток

На прес-конференција за јавноста во Јавното обвинителство беа изнесени информации за истрагата за организаторите на насилствата од 27 април 2017...

Македонија22 минути

(Видео) Јовески за несреќата кај Ласкарци: Возачот на автобусот добива закани, засега не е утврдена одговорност

Обвинителството сè уште нема податоци дали и кој ја има одговорноста за сообраќајната несреќа кај Ласкарци каде што загинаа 15...

Крвав четврток26 минути

Груевски на „Фејсбук“: Прородлжува политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ

Експремиерот Никола Груевски се огласи на „Фејсбук“ за вчерашните приведувања на поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, како дел од истрагата на...

Македонија1 час

Манчевски бара оставки од сите роднини на функционери од опозицијата

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски,  побара да се повлечат од работните места сите роднини на функционери, не...

Македонија2 часа

Пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за Спасовски

Собранието треба да се ја продолжи 86. седница на која на дневен ред е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи,...

Свет3 часа

Силна зимска бура завеа со снег и дожд низ 39 американски држави

Силната зимска бура што провеа во САД вчера завеа во снег и во обилни дождови дури 39 американски држави на ...

Крвав четврток13 часа

Притвор за Јанакиески и Ристовски, за Груевски нова екстрадиција

Судијата на претходна постапка по барање на Јавното обвинителство им одреди мрека пртивор од 30 дена на поранешните министри Миле...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: „Апси Заев, можеш да нарачуваш и убиства, но нема да ти се исплашиме“

По информациите за вечерашното приведување на тројцата функционери на ВМРО-ДПМНЕ – Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, вечерва прес-конференција...

Крвав четврток15 часа

Русковска: Бараме притвор за Јанакиески и Ристовски поради опасност од бегство

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал при ЈО, Вилма Русковска, изјави дека распитот на осомничените ексфункционери од ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски...

Крвав четврток17 часа

Вељаноски: Не чувствувам вина за упадот во Собранието

Поранешниот претседател на парламентот, Трајко Вељаноски, штотуку излезе од Основниот суд Скопје 1, каде што беше повикан на распит за...

Македонија18 часа

Трамп со писмо до Заев: Ви честитам за лидерството, обезбедивте просперитетна иднина за Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска прими писмо од американскиот претседател, Доналд Трамп, во кое тој нагласува дека Северна Македонија е голем...

Македонија19 часа

Зелената градина на ГТЦ му се наметнува исто како и барокот, архитектите разочарани

Зелената градина за покривот на Градскиот трговски центар ги разочара архитектите како стручна јавност, а незадоволни се и скопјани, кои...

Македонија20 часа

Половина милион евра исплатени лани за патни трошоци на пратениците

Над 525 илјади евра биле исплатени за патни трошоци на пратениците во Собранието минатата година, покажува анализата на „Макфакс“ од...

Македонија21 час

Заев потврди, Села му се налутил поради одземените ингеренции на Таравари

Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања потврди дека Зијадин Села не дошол на денешната средба за консензуален претседателски кандидат поради...

Македонија22 часа

Бектеши не чувствува морална одговорност за вработувањето на сестра му во МЕПСО

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека не чувствува морална одговорност за вработувањето на неговата сестра во МЕПСО. Тој вели...

Топ22 часа

Села му се налути на Заев, не доаѓа на средба

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, одби да присуствува на закажаната средба со премиерот Зоран Заев, на која требаше...

Македонија23 часа

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили иако пред два месеца само...

Топ23 часа

Дедото на Кирацовски ќе се повлече од работното место

Таткото на сопругата на пратеникот Александар Кирацовски, Борис Поповски, ќе се повлече од работното место, објави на „Фејсбук“ Кирацовски. Тој...

Македонија1 ден

Заев и Димитров нема да одговараат за велепредавство

Скопското обвинитeлство ја отфрли кривичната пријава на Светскиот македонски конгрес поднесена против премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи,...

Македонија1 ден

Сопругата на директорот на ЕЛЕМ вработена како шефица на кабинет во Централен регистар

Александра Миновска, сопруга на директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, од октомври минатата година е вработена како шефица на кабинет кај...

Досие