Македонија
Според „Глобокан“: Во Северна Македонија дневно три-четири жени заболуваат од рак на дојката

Во согласност со податоците од Светската здравствена организација, ракот на дојката е најфреквентен тип на рак кај жените во светот, во Европа е со инциденца од 500.000 случаи годишно, а процената е дека во Северна Македонија, според истражувачката агенција „Глобокан“, во 2019 година ќе има околу 1.200 ново дијагностицирани случаи годишно, од кои околу 850 само во државните клиники, соопштија од Здружението за борба против ракот на дојка „Борка“. Тоа значи дека секој ден во нашата држава ќе се дијагностицираат по три до четири жени од овој малигном.
Според податоците на Фондот за здравствено осигурување, во 2018 година во јавното здравство се реализирани 986 болнички третмани на пациенти со дијагноза карцином на дојката. Од нив, 756 биле хируршки третирани, а другите 230 конзервативно.
Во европски рамки 20-30 отсто од случаите на рак на дојката се јавуваат кај жени помлади од 50-годишна возраст, а 33 отсто кај жени од 50 до 64-годишна возраст. Карциномот на дојката е најчестиот тип на канцер кај жените, а смртноста од овој вид карцином е на прво место кај жените.
„Според СЗО, во земјите каде што има имплементиран скрининг, морталитетот може да се намали до 35 отсто, во нашата земја беше почнат скринингот, но во овој период се реоформуваат групите и дијагностичките места, со оптимизам дека набргу ќе почне да функционира бидејќи раната дијагностика спасува живот“, велат од „Борка“.
Овие податоци беа изнесени на дванаесеттата годишна национална конференција за рак на дојката, која се одржа со мотото „Има живот и по ракот, научи како да го живееш“, на која исто така беше презентирана новата иновативна терапија составена од биолошките лекови, од неодамна присутни и во нашата земја. И оваа година од говорниците беше испратена силна порака до сите жени дека превенцијата, раното откривање и редовните прегледи е основниот и првиот чекор во борбата против ракот на дојката.
„Набавката на иновативната биолошка терапија, што се практикува веќе насекаде, претставува значаен чекор и најсилниот удар во борбата против ракот, вклучително и ракот на дојката. Со централизирана набавка се обезбедени над 30 молекули скапа биолошка терапија, која не е на позитивната листа на лекови, за да им биде достапна на пациентите во болниците. Достапноста на иновативната терапија значи можност пациентот навреме да добие соодветна дијагноза, третман и грижа за своето заболување. Се внимава и се воведуваат најсовремените дијагностички и терапевтски пристапи, како двојното читање на мамографиите од два независни читача – радиолози што имаат искуство во читање мамографии од минимум 800 пациенти, а мамографскиот скрининг се организира во согласност со европските насоки за обезбедување квалитет со цел максимално да се зголеми стапката на детекција на ракот на дојката и тоа во најраната можна фаза“, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.
Претседателката на Здружението, Биба Додева, рече дека достапноста до новите ефикасни терапии кои даваат можност за излекување овозможуваат подобар квалитет и им го продолжуваат животот на пациентите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре завршува вакцинацијата на вработените од критичната инфраструктура

Денеска и утре завршува вакцинацијата на вработените од критичната инфраструктура опфатени во првата фаза, а имунизацијата против Ковид – 19, согласно Националниот план продолжува со вакцинација на граѓани, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
„Останатиот дел од 20.000 вакцини ‘спутник В’ ќе бидат распределени по возрасни групи онака како што сега се одвива вакцинацијата од почеток со вакцината на ‘Астра зенека’ по вакциналните пунктови. Апелирам до сите да се пријават на сајтот за вакцинација vakcinacija.mk за податоците да влезат во системот Мој Термин и на тој начин бидат регрутирани. Истовремено и матичните лекари имаат обврска да ги анкетираат своите прикрепени пациенти, посебно оние постарите кои треба да го изразат интересот за вакцинација. Значи од среда вакцинацијата ширум државата продолжува со возрасните категории граѓани, како ќе доаѓаат понатаму вакцини ќе се надополнуваат двата системи – приоритетно за постарите граѓани и продолжување на делот на критичната инфраструктура“, изјави Филипче.
Министерот истакна дека вакцинирани се сите оние коишто имаа најголем ризик, кои практично учествуваат во менаџирањето на кризата од самиот почеток, како припадници на МВР, Армијата, понатаму вработените во училиштата, наставничките од 1-3 одделение, негувателките и воспитувачките и вработени во правосудниот систем. Денеска се вакцинираат вработените во медиумите.
Македонија
Ќе се ограничат цените за лекување на пациенти со коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување на пациенти со коронавирус во приватните болници, најави министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој кажа дека до Владата ќе биде поднесен предлог за измена на Законот за здравствена заштита, со кој се предвидува ограничување на висината на наплата на финансиски средства за пациенти кои се лекуваат од коронавирус.
Ваквата одлука била донесена денеска на состанокот на Кризниот штаб.
„Денеска на Кризниот штаб се дискутираа повеќе работи. Се донесе одлука да се направи измена во Законот за здравствена заштита со кој на приватните болници ќе се направи ограничување на висината на наплата на финансиски средства за времетраење на кризата, поточно за лекување на коронавирус. Го слушнавме апелот на граѓаните и веќе утре до Владата ќе го поднесеме предлогот“, рече Филипче.
Македонија
Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата, најави министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој рече дека вакцините, кои се донација, ќе пристигнат на аеродромот во Софија, од каде што со возила ќе бидат донесени во Македонија.
Филипче рече дека кинеските вакцини ќе бидат додадени на сегашниот систем на вакцинирање на граѓаните по возраст.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш