Контакт

Македонија

Италијански медиуми: Папата Франциско во мај ќе ја посети Македонија

Објавено пред

Папата Франциско во мај следната година ќе ја посети Македонија, објави римокатоличкиот интернет сервис „Религион дигитал“, повикувајќи се на извори од Ватикан. Папата ќе ги посети и Романија и Бугарија. Посетата најверојатно ќе се одвива од 3 до 7 мај.

Сервисот објавува дека ова ќе биде прва посета на еден Папа во Македонија.

„Во очекување на официјалната агенда за посетата, засега е позато дека Папата ќе ги посети Софија и Пловдив во Бугарија, Букурешт во Романија и Скопје во Македонија, која е четврта земја во Европа по бројот на муслиманско население“, објави „Религион дигитал“.

Македонија

Спасовски на министерска конференција посветена на борбата против недозволената трговија со оружје

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска присуствуваше на меѓународната министерска конференција посветена на борбата против недозволената трговија со мало и лесно оружје во земјите од Западен Балкан, што во рамки на француско-германската иницијатива за ефикасно справување со овој проблем се одржува во Париз, Република Франција.

„Проблемот со неконтролираното ширење на малото и лесното оружје во последниве години се здоби со важност во меѓународните, регионалните и националните агенди бидејќи дополнителните глобални околности, особено во доменот на масовните миграции и видоизменувањето на терористичките концепти, ги мултиплицираа можните опасни последици од неконтролираната пролиферација на малото и лесно оружје. Неретко сме сведоци дека овој вид незаконски и криминални активности може да претставува и еден од катализаторите кој што дополнително ги трансформира локалните инциденти во многу пошироки регионални и глобални настани“, изјави Спасовски за време на своето обраќање на конференцијата.

Спасовски нагласи дека примарно е заедничкото градење на стандарди за развој на ефективни системи за размена на информации и транспарентност, споделување на најдобри пракси, како и подигање на јавната свест преку спроведување соодветни програми.

Министерот Спасовски говореше за постигнатото во оваа сфера од страна на македонската влада и пред сè од страна на МВР како клучна институција во справување со овој вид криминал, а прецизно ги нотираше и сите натамошни чекори што се неопходни за реализација, особено од аспект на целосната имплементација на „Патоказот за одржливо решение за нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје и муниција во Западен Балкан до 2024 година“, донесен на Самитот на ЕУ и Западен Балкан во Лондон во јули годинава, со цел поефикасна и поквалитетна борба против нелегалната трговија со мало и лесно оружје.

„Ние сме одлучни во намерата овие насоки во целост практично да бидат имплементирани во нашето деjствување, како во интерес на националната така и во интерес на глобалната безбедност. Имено, соработката и координацијата се најзначајниот сегмент и предизвик со кој се соочуваат државите во борбата со криминалот, вклучително и со борбата против пролиферацијата на малото и лесно оружје“, нагласи министерот Спасовски.

Спасовски рече дека приоритет на македонското Министерство за внатрешни работи е да почне со изградба на информатички систем кој понатаму ќе биде подготвен да се приклучи кон системите на ЕУ.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Студентите од Филозофски на пракса во Министерството за труд и социјала

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика потпиша меморандум за соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Метoдиј“ во Скопје. Меморандумот со кој ќе се унапредува практичната работа на студентите го потпишаа министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и деканот на Филозофски факултет, Ратко Дуев.

„Практичната работа е неопходен дел од секој квалитетен образовен процес. Образовниот систем, во соработка со сите државни институции, приватниот и граѓанскиот сектор, треба целосно да ги подготви студентите за тоа што ги чека во реалноста. Ова е периодот кога треба да им помогнеме да созреат, да работат на својот личен и професионален развој. Само на овој начин можеме да очекуваме вистински квалитетен кадар, подготвен за сите предизвици надвор од академската клупа“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Двете институции ќе соработуваат во повеќе области на социјалната политика, детската и семејна заштита, работните односи, образовна вклученост, специјална едукација и родова еднаквост, како и во однос на активности против дискриминација, овозможување еднакви можности и помагање на процесот на европска интеграција. Според најавите, ќе се спроведат повеќе активности, меѓу кои заеднички научни истражувања, организирање и спроведување на обуки, тркалезни маси, дебати, конференции и слично.

Во рамки на оваа соработка Министерството за труд и социјална политика ќе обезбеди практична работа на студентите од Филозофскиот факултет, стручно менторство за време на практичната работа и пристап до податоците потребни за научно-истражувачката дејност на Филозофскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Метoдиј“ Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сијарто по изјавата за Груевски: Хан да не се грижи за законите во земјите членки

Објавено пред

Комесарот за проширување, Јоханес Хан, треба да се грижи за проширувањето, а не за законските процеси во земјите членки. Ова го истакна унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, реагирајќи на изјавата на Хан дека Унгарија, најверојатно, нема да го испорача во Скопје поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

Сијарто ова го кажал одговарајќи на прашање на унгарска новинарка, на редовниот брифинг по одржувањето на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на Европската Унија, пренесе новинската агенција „Онаса“.

Се наведува дека Сијарто не ги споменал Македонија и случајот со Груевски, кој побегна во Унгарија поради затворската казна во Скопје.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа2 часа

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет3 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија4 часа

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа14 часа

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија18 часа

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија18 часа

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија20 часа

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија21 час

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Топ21 час

Забелешки за нацрт-законот за амнестија, работната група се консултира

За помалку од еден час заврши состанокот на Работната група за помирувањето, каде во фокус на средбата беше нацрт-верзијата на...

Крвав четврток22 часа

Кацарска до Димитриевски: Каков професионалец сте кога не може да се сетите на ниту една команда од Чавков

Судијката Добрила Кацарска, која го води случајот за 27 април по сведочењето на Никола Димитриевски, поранешно обезбедување на ексдиректорот на...

Македонија23 часа

Затворениците од „Идризово“ почнаа штрајк: Бараме амнестија за сите, не само за упадите во Собранието

Затворениците кои одлежуваат казна во затворот „Идризово“ од денеска штрајкуваат со глад бидејќи не се опфатени со законот за амнестија...

Македонија1 ден

Семејствата на убиените кај Смилковско нема да ги слушаат наодите од судската медицина

Семејствата на петтемина убиени кај Смилковско Езеро нема да присуствуваат на денешното рочиште во кривичниот суд каде што ќе бидат...

Свет1 ден

„Не можам да дишам“ – Си-ен-ен објави транскрипт од последните зборови на Кашоги во конзулатот 

„Не можам да дишам”, се последните зборови што ги кажал саудискиот новинар Џемал Кашоги пред да биде убиен, објави Си-ен-ен....

Македонија1 ден

(Видео) Пулмолозите тврдат дека ќе се зголеми бројот на заболени од рак поради загадениот воздух

Алармантните податоци за загадениот воздух, кои покажуваат дека Скопје е еден од петте најзагадени градови во светот, ги вознемири пулмолозите,...

Крвав четврток1 ден

Вељаноски ќе сведочи за 27 април

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска во Основниот суд Скопје 1 е повикан да сведочи за насилниот упад на...

Европа1 ден

Европскиот суд пресуди: Велика Британија може да го откаже брегзит

Европскиот суд на правдата (ЕСП) пресуди дека Велика Британија може да го откаже брегзит без дозвола на другите 27 членки...

Македонија1 ден

(Видео)Макрадули: Почист воздух, ама за две години

Владата најави двегодишен план за справување со аерозагадувањето. Заменик-министерот за животна средина, како раководител на интерресорката група за справување со...

Бегството на Груевски1 ден

Хан не верува дека Груевски ќе биде екстрадиран

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ изјави дека не е...

Македонија2 дена

Мицкоски побара независно тело да ги анализира прислушуваните разговори на обвинителите

Претседателот на  ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на протестниот марш во Кочани упати барање до Владата да се формира независно тело кое...

Досие