Контакт

Македонија

И вработените кај народниот правобранител протестираат, бараат поголеми плати и финансиска независност како секаде во светот

Објавено пред

Вработените кај народниот правобранител почнуваат со мирен протест, но граѓаните и во овој период ќе може да реагираат на неправилностите и повредата на правата, која секојдневно им се случува од страна на субјектите од јавниот сектор.

„Секоја омбудсман-институција во светот, па и Народниот правобранител кај нас, треба да биде самостојна и независна, целосно одвоена од институциите кон кои презема дејства за заштита на правата на граѓаните, што кај нас не е случај.

Поради закочената постапка на усвојување измени на постојниот Закон за народниот правобранител, во моментот не може да се надминат одредени слабости, кои се искажани и нотирани од страна на Европската комисија во извештаите за напредокот на државата, а осбено во извештајот за реализираната оценска мисија. Воедно, со усвојување на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобанител, кој се наоѓа во Собранието, би се спровела препораката на Европската комисија против расизам и нетолеранција при Советот на Европа, која препорачува властите да дадат финансиска независност на Канцаларијата на народниот правобранител за користење на своите буџетски средства, без да се бара одобрение од Министерството за финансии, а воедно и да се подобрат финансиската состојба и мотивацијата за работа на вработените кај народниот правобранител“, рече претседателот на синдикалната организација на Народниот правобранител.

Според него, потребно е ново законско решение со кое вработените кај народниот правобранител нема да бидат во кругот на вработени опфатени со Законот за административните службеници, туку ќе бидат самостојни и независни.

„За вработувањето во институцијата Народен правобранител и за пополнување испразнети работни места нема да се бара согласност од Министерството за финансии. Наведуваме дека е потребно да се обезбедат посебни средства со буџетот со кои ќе се финансира работата на Народниот правобранител и на Одделот за внатрешна контрола, активности кои со години повремено се финансираат со проекти финансирани од странски партнери. И, секако, не помалку значајно, без одлагање, да се зголемат платите на вработените кај народниот правобранител затоа што нашие месечни примања во моментот многу заостануваат зад платите на другите независни и регулаторни тела, како и на вработените во администрацијата воопшто“, рече претседателот на синдикалната организација на Народниот правобранител..

Вработените во институцијата Народен правобранител и како орган на Републиката формиран со Уставот и законите, јавно ги повикаа Собранието на РСМ и пратениците веднаш да спроведат постапка за измена и дополнување на Законот за народниот правобранител со вградување на горенаведените споменати прашања.

„Напоменуваме дека во согласност со нашите надлежности вработените кај народниот правобранител секојдневно работат со лични податоци на граѓаните, со класифицирани податоци, имаат директен контакт со сите категории граѓани, особено со оние најранливи групи, вршат увид во институции и установи од секаков тип, што секако е причина тие да добијат одредено покачување на платите кои го имаат повеќе субјекти во државата што немаат ни приближно вакви надлежности“, додаде претседателот на синдикалната организација на Народниот правобранител.

Најново

Спорт6 часа

(Видео) Бод за Јувентус на Сардинија

Фудбалерите на Каљари и Јувентус ремизираа 1:1 (1:0) во натпреварот од шестот коло на италијанската Серија А. Вечерва, Каљари не...

Спорт6 часа

Хамилтон по трката во Сингапур завршил на медицински прегледи

Луис Хамилтон мораше да помине медицински прегледи по завршувањето на трката во Формула 1 за Големата награда на Сингапур. Луис...

Спорт6 часа

(Видео) Винисисус како Калимеро: Нема правда, само јас секогаш добивам картони

Винисиус му се извини на Реал Мадрид и се пожали на двојните стандарди на судиите по бизарното исклучување во минималната...

Спорт7 часа

(Видео) Милан ремизираше со Сасуоло

Во средбата од шестото коло од Серија А на стадионот Мапеи во Реџо Емилија, Сасуоло и Милан одиграа без победник...

Спорт7 часа

(Видео) Сити со играч повеќе победи на „Енфилд“

Фудбалерите на Манчестер Сити победија во Ливерпул со 3:0 во дербито на шестото коло од Премиер лигата, прво за „граѓаните“...

Свет7 часа

Зеленски: Русија продолжи да ја напаѓа енергетската инфраструктура по најавата за примирје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека продолжила со нападите врз украинската енергетска инфраструктура веднаш по најавата на американскиот...

Македонија8 часа

Од утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд и засилен северозападен ветер

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд....

Свет8 часа

Полската полиција уапси маж осомничен за планирање напад врз премиерот Доналд Туск

Полската полиција уапси маж кој упатувал закани и планирал напад врз полскиот премиер Доналд Туск, соопшти министерот за внатрешни работи...

Црна хроника8 часа

МВР го откри мотоциклистот што возеше на едно тркало во Скопје, немал возачка дозвола

МВР го идентификуваше мотоциклистот кој на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје возел на едно тркало и го загрозувал сообраќајот. Против...