Контакт

Македонија

И Никола Тодоров остана без полициско обезбедување

Објавено пред

МВР му го укина полициското обезбедување на ексминистерот за здравство, Никола Тодоров, потврдија од Mинистерството.

,,По претходно направени проценки за безбедноста и ризикот на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков и на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров беше донесена одлука со која им се укинува полициското обезбедување. Полициско обезбедување не користи ниту поранешниот премиер Емил Димитриев , кој беше дел од техничката влада. Моментално од поранешните функционери користи обезбедување само експремиерот Никола Груевски, кое согласно законот му следува во период колку што му траел мандатот”, изјавија од МВР за ,,Макфакс”.

Тодоров доби обезбедување откако беше нападнат пред министерската зграда од страна на дедото на малата Тамара, Љупчо Стојановски, кој пукаше во него. Ексминистерот користеше обезбедување нешто повеќе од една година. Безбедносната мерка за него стапи на сила во јуни 2017 година.

Последните два месецa се ревидираат безбедносните проценки  за сите лица кои досега користеле полициско обезбедување. Најголем дел од поранешните функционери, кои биле опфатени со ревизијата, останале без обезбедување бидејќи било оценето дека нема опасност za нивните животи.

Освен Тодоров, без обезбедување остана и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

Македонија

ПМ10 честичките во воздухот и вечерва над дозволеното

Објавено пред

Мерните станици и вечерва покажуваат високо ниво на ПМ10 честички во воздухот. Според мерењата и резултатите објавени на страната на Министерството за животна средина и просторно планирање, во Центар концентрацијата во воздухот со ПМ10 честички изнесува 119 микрограми.

Воздухот е загаден и во Миладиновци и Бутел, каде што се измерени 118 и 114 микограми.

На листата на табелата први, со највисоки концентрации на ПМ10 честичките во воздухот вечерва се Карпош и Ректорат, каде што се измерени 142 микограми и 156 микограми на метар кубен.

Воздухот вечерва не е загаден само во главниот град во земјава.

И мерната станица во Тетово вечерва мери висока концентрација на ПМ10 честички во воздухот, односно измерени се 108 микрограми на метар кубен. Понатаму во Гостивар имаме 127 микрограми, во Струмица 121, Кочани 72, Кавадарци 115, Куманово 147 микрограми и Битола 159 микрограми.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ристиќ: Владата да го врати Груевски зад решетки

Објавено пред

Актерката Ирена Ристиќ, која денеска беше дел од протестот пред Владата, побара од власта да го врати Никола Груевски, како што рече таа, како што ни го вети зад решетки.

„Ве молам да станете сериозни и да си ја бркате работата онака како што ветивте. Вратете го да лежи“, им порача Ристиќ на властите од протестот пред Владата.

Таа паролата што ја носеше со себе, а на која пишува „Вратете го!“, му ја остави на премиерот Зоран Заев пред портите на Владата, почарувајќи дека тие чекаат Владата да си ги исполни ветувањата.

Протест пред Владата, според најавите, ќе има и утре со почеток во 18 часот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

Објавено пред

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто во овој поранешен автократ, осуденик за корупција што можеби ќе го стопи срцето на Орбан“.

Со оваа објава на Твитер, истражувачкиот новинар Обри Волфорд од Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) со две реченици ја долови реалноста – дека е голема веројатноста блискоста меѓу Никола Груевски и Виктор Орбан да го направи бившиот премиер, осуден на две години затвор, слободен граѓанин во Будимпешта.

Оваа блискост датира многу одамна, што впрочем се гледаше и во владеењето на двајцата премиери, кои носеа слични одлуки, делеа исти ставови, остваруваа редовни средби. Она што најмногу ги врзува е национализмот и нивната тенденција да владеат со секој сегмент од општеството, вклучувајќи ги и медиумите.

Оваа тенденција во Македонија продолжи и откако ВМРО-ДПМНЕ ја загуби власта, па во земјава почна да се слева унгарски капитал во македонски медиуми, кои се блиски до сега опозициската партија. Па така, во многу краток период, две фирми со унгарски капитал, „Таргет медиа“ и „Адинамик медиа“, ги купија веб-порталите Нетпрес, Република, Курир и телевизија Алфа. Истражувањето на БИРН покажа дека двете лица кои се јавуваат како сопственици на овие фирми, Петар Шатц и Агнеш Адамик, своите кариери во медиумите ги граделе токму за време на владеењето на Орбан, ги поддржуваат неговите политики, а медиумскиот бизнис го шират во повеќе држави во регионот, меѓу кои и во Македонија.

Познат како „малиот Путин“ во срцето на Европа, 55-годишниот Орбан беше првиот премиер на држава од Европската Унија кој почна да ги преиспитува западните вредности, да го поттикнува национализмот и сѐ поотворено да се угледува на Русија.

Кратко време откако дојде на функцијата, во 2010 година, Орбан ја оствари својата прва официјална посета на Никола Груевски во мај 2011 година и го пофали неговиот домаќин за својата работа. Две години подоцна, Орбан го прими орденот „8 Септември“, највисокото признание од македонското Собрание за исклучителни придонеси во афирмацијата на Македонија во меѓународните односи.

Ова се случи токму во периодот кога Македонија се соочуваше со гласни критики од меѓународната заедница за проблемите што ги создаде Груевски во демократските процеси, владеењето на правото, слободата на медиумите.

Џорџ Сорос им беше заедничкиот непријател на Орбан и Груевски. На предвремените избори во декември 2016 година, за време на техничката влада воспоставена преку Пржинскиот договор, Орбан дојде во Скопје да го поддржи Груевски на партискиот митинг.

Веднаш по изборите, ВМРО-ДПМНЕ и нејзините поддржувачи ја почнаа кампањата против Сорос и јавно повика на „десороизација“ на државата. Кратко време подоцна почна и иницијативата „Стоп за операција Сорос“, во која учествуваа и новинари кои работеа во медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ, а беа и гости на големиот собир во Будимпешта, каде што беше формирана иницијалната „Стоп операција Сорос“.

„Унгарија е пример што треба да се следи, таа е првата земја која ја призна заканата од Фондацијата ‘Сорос’, особено неговото барање за отворање на границите“, пишуваа дел македонски медиуми.

Неколку месеци откако СДСМ ја презеде власта во мај 2017 година, Виктор Орбан дојде во Охрид за да му даде поддршка на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.

Орбан тогаш и јавно му се заблагодари на Груевски за „спречување на мигрантите да дојдат во Унгарија”. Односот кон бегалците и бегалската криза впрочем беше уште една допирна точка меѓу Орбан и Груевски.

Двајцата политичари разговараа околу три часа, по што Орбан, со приватен авион се врати во Унгарија.

Дел медиуми тврдат дека токму на оваа средба Орбан му дал ветување на Груевски дека може да се засолни во Унгарија доколку во Македонија му се заканува затвор, а унгарските медиуми веднаш по средбата информирале дека Груевски навистина добил такво ветување.

Партиите на Груевски и Орбан, ВМРО-ДПМНЕ и Фидес, се сестрински конзервативни партии и членки на Европската народна партија.

Сега, откако Груевски избега на унгарска територија, настапува тестот за Орбан, кој се движи на тенка линија меѓу движечките европски политики и пркосот што тој го има кон Брисел.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Видео) „Гардијан“: Хрватската полиција ги тепа барателите на азил

Британски „Гардијан“ објави снимка на која тврди дека се прикажани барателите на азил во Хрватска и на која се гледало...

Македонија3 часа

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Македонија4 часа

Граѓани му оставија слика од Груевски на Заев

Со транспаренти „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, „Немојте пред народот”,...

Македонија5 часа

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Македонија6 часа

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде...

Македонија6 часа

Судот ги одби жалбите за „Империја“, Камчев ќе биде 30 дена во притвор

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените...

Македонија7 часа

Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на...

Македонија9 часа

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија9 часа

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија9 часа

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија10 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија10 часа

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија11 час

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет11 час

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија12 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија13 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија13 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија1 ден

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија1 ден

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија1 ден

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Досие