Контакт

Македонија

И Општина Карпош со субвенции за жителите што ќе купат велосипед

Објавено пред

Советниците во Општина Карпош денеска ја изгласаа предлог-одлуката за распишување јавен оглас и спроведување постапка за одобрување субвенции на жителите на општина Карпош за купување нови велосипеди.

Локалната самоуправа ќе субвенционира со максимален износ од 3.000 денари финансиска помош за купување нови велосипеди по принципот прв пријавен, прв услужен.

Како што истакна градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, досега има голем интерес за оваа субвенционирана помош и нагласи дека по исцрпување на предвидените финансиски средства од буџетот на Општината, со негов ребаланс ќе се обезбедат нови финансии за продолжување на ваквата практика и во иднина.

Според Богоев, на овој начин ќе се поттикне користењето велосипед од страна на карпошани, а со тоа и ќе се придонесе за заштита на животната средина, односно нејзино помало загадување. Одлуката за субвенционирање ќе почне да важи од 26 април годинава.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Формирана секторска работна група за следење и решавање на ромските прашања

Објавено пред

Во Владата се одржа првиот состанок на Секторската работна група за интеграција на Ромите. Целта на оваа група е да го примени секторскиот пристап при решавањето на прашања поврзани со Ромите во земјава. На состанокот присуствуваа министристерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, министерот без ресор за ромски прашања, Музафер Бајрам, преставникот на ЕУ Делегацијата, Никола Бертолини, преставници на други министерства и меѓународни и граѓански организации во земјава.

„Приоритетни области на секторската работна група за интеграција на Ромите и натаму ќе бидат образованието, вработувањето, социјалната заштита, домувањето и здравството. Решавањето на долгогодишниот проблем на лицата без документи како и вклучувањето на децата во образовниот процес”, истакна Царовска.

Секторската работна група ќе прави мониторинг и проценка на спроведувањето и напредокот на меѓусебно поврзаните области на политики и стратешки документи и ќе ги следи сите процеси. Оваа работна група треба да послужи како платформа која ќе работи на идеи за подобрување на процесот на интеграција на Ромите, на тој начин директно придонесувајќи кон општата цел, односно постигнување на повисоки социо-економски стандарди за ромското население.

Секторската работна група за интеграција на Ромите ќе биде координирана од министерот без ресор како водечка институција во соработка со министерството за труд и социјална политика.

Прикажи повеќе...

Македонија

Царовска: Годината ја завршуваме со 10 нови специјализирани сервиси за жртви од родово базирано насилство

Објавено пред

Потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска, вчеравечер во Велес учествуваше на трибина посветена на борбата против семејното и родово базирано насилство. Трибината „Стоп за насилство против жените и девојчињата, нема оправдување” се одржа во рамките на одбележувањето на 16 дена активизим во организација на Форум на жени на СДСМ на ОО Велес.

„СДСМ е партија која препозна дека има неправедност кон жените и девојките и се бори тоа да го промени. Се залагаме за еднаква застапеност на жените на раководни позиции, но и се бориме против дискриминацијата и насилството врз жените. За таа цел Владата предводена од СДСМ за оваа година издвои двојно повеќе средства, односно 6,4 милиони денари за имплементација на Истанбулската конвенција и отворање  сервиси за поддршка на жртви од родово базирано насилство. Годинава ќе ја завршиме со 10 нови специјализирани сервиси за жртви од родово базирано насилство во 6 плански региони на Република Северна Македонија. Во моментот во скопскиот регион има воспоставено СОС-линија, кризен центар за 24-48 часа сместување, долгорочно сместување до 6 месеци во шелтер-центар, психо-социјална поддршка во прв семеен центар за жртви сторители и деца и правно зајакнување”, рече Царовска.

Царовска истакна дека борбата не е завршена затоа што сè уште го имаме фактот дека секоја трета жена во Северна Македонија е жртва на семејно насилство.

„Зад статистиките стојат жени и девојки на кои насилството, стравот, дискриминацијата им се секојдневие. Сè додека не изградиме свет каде сите ќе бидеме безбедни и еднакви. За ваков свет продолжуваме да се бориме секој ден од годината”, рече Царовска.

Владата истовремено работи и на други аспекти кои се особено важни во едно општество, дел од нив се родовото буџетирање и вклучување на што повеќе жени на пазарот на трудот.

„Се радувам што минатата година стигнавме до 50% искористеност на активните програми и мерки за вработување од страна на жени. Тоа значи дека едноставно мерките се поадаптирани и ова е важен чекор за активација на жените на пазарот на трудот”, рече Царовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Објавено пред

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори за неговата здравствена состојба.

На почетокот од судењето Јовановски рече дека разговарал со затворскиот лекар, кој му кажал дека не може да гарантира за неговото здравје.

„Ординирана ми е терапија и пронајдени се улцерални промени, а за биопсијата не би сакал јавно да коментирам…”, рече Јовановски. Тој продолжи да говори за неговата здравствена состојба, а судијката го предупреди дека ќе го извади од судницата, ако продолжи да говори за неговата здравствена состојба.

„Ве опоменувам дека ако продолжите да говорите, ќе ве извадам од судницата”, рече судијката.

Според обвинението, од ноември 2018 година до април 2019 година обвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, го искористил пријателството со шефицата на СЈО Катица Јанева и ѝ влијаел да го ослободи од притвор  бизнисменот Орце Камчев осомничен во предметот „Империја“.

Јанева му ја олеснила положбата во истрагата на Камчев, па предложила да му се укине притворот и да му се определи поблага мерка, куќен притвор, при неизменети околности.
Во натамошниот тек на постапката Јанева планирала да му даде својство на заштитен сведок и да ја запре истражната постапка или да склучи со него предлог-спогодба за вина за полесни кривични дела и Камчев да плати незначителен износ на штета и да му се врати пасошот.

Обвинетиот Зоран Милевски, кој призна вина и доби 3 години затвор, договарал средби меѓу Бојан Јовановски и брачната двојка Орце и Ана Камчеви, а за возврат за посредувањето примиле награда од 1,5 милион евра во разни апоени, и тоа од Ана Камчева половина милион евра, а од Орце Камчев 1 милион евра.

Јанева ова го прифатила и за себе прибавила значителна имотна корист, и тоа предмети, мебел во износ од приближно пет илјади евра, кој за неа го набавил Боки 13, и готовина 50.000 евра. Јанева е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување, а Бојан Јовановски за примање награда за противзаконско влијание и перење пари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Македонија1 час

(Видео) Орце Камчев без неговата сопруга дојде да сведочи во судот за „Рекет“

Бизнисменот Орце Камчев пристигна во судот, како сведок за случајот „Рекет”. Денеска требаше да сведочи и неговата сопруга Ана, која...

Свет2 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет2 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет3 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет3 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија3 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет3 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија3 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа14 часа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет18 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија20 часа

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија20 часа

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија21 час

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија1 ден

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура1 ден

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион1 ден

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет1 ден

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија1 ден

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет1 ден

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Досие