Контакт

Македонија

И пет минути да се намали чекањето на Табановце е добро за транспортерите, Муратовска реагира зошто има две контроли од полицијата место една

Објавено пред

Транспортерите, кои стојат заглавени на граничниот премин Табановце по пет-шест часа, денес добија уште едно ветување за скратување на времето на чекање, овој пат од новиот директор на Царинската управа, Бобан Николовски. Тој, денес, на граничниот премин Табановце се сретна со Билјана Муратовска од Асоцијацијата на превозниците „Макам транс“.

„Имаме две контроли од полицијата наместо една. Јас барам службениците во заднина да си разменуваат податоци и кога влегуваат возила кај нас, да ги проверува нашата, македонската полиција, а кога излегуваат, само српската и тука ќе добиеме најмалку десетина минути. Има технички процедури што мора да се средат и да се најде најоптималниот начин како може да соработуваме. Треба да го намалиме чекањето со преземање одредени активности, како што е забрзувањето при влез во Агенцијата за ветеринарство со другите инспектори и слично. Јас велам, и пет минути да се намали времето за чекање е добро за сите нас“, рече Муратовска.

Таа нагласи дека превозниците на овој граничен премин чекаат и по повеќе од пет-шест часа во периоди на зголемена фреквенција на граничниот премин. Токму затоа смета дека секоја минута чекање што ќе се скрати е битна за превозниците.

„Инаку, пет часа во споредба со тоа што ние чекаме за влез во Хрватска, за влез во Унгарија, се како награда. Бидејќи таму се чека по 30 часа, по 40 часа, по два-три дена, што е страшно, и тоа се нестандардни мерки што ги спроведуваат. Од тој аспект како државна институција Царинската управа и другите треба навистина да нè поддржуваат, да ни дадат можности да се почувствуваме важни во самата држава за да можеме и понатаму да одиме и да се бориме“, рече Муратовска.

Усогласување на работното време на инспекциските служби на граничните премини, автоматизација на терминалите на граничните премини со грант од ЕУ и негово поврзување со новиот систем за видеонадзор и препознавање на регистарските таблички, што се имплементира во моментот, како и унапредување на дигитализацијата и поврзување на институциите во рамките на државата, но и на ниво на држави, се трите главни реформски мерки на кои ќе работи Царинската управа во следниот период.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Директорот на БЈБ Јанев: Македонската и италијанската полиција ги продлабочуваат партнерството и заедничката борба против современите безбедносни закани

Објавено пред

Со поддршка на проектот EU4FAST-WB, координиран од програмската канцеларија EMEA за Европа, Блискиот Исток и Африка при Централната дирекција за криминалистичка полиција на Министерството за внатрешни работи на Италија, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со македонска делегација, во изминатите два дена реализираше работна посета на Италијанската државна полиција.

Во рамки на посетата беше спроведена сеопфатна и интензивна работна агенда, исполнета со низа состаноци со раководствата и експертските тимови на Италијанските карабинери, службите надлежни за борба против тероризмот и современите безбедносни закани, сајбер безбедноста и сајбер истрагите, заштитата на децата во дигиталниот простор и критичната инфраструктура, граничните работи и миграцијата, безбедноста на градот Рим, меѓународната полициска соработка и размената на информации, како и со ИТ-дирекцијата задолжена за дигиталната безбедност и функционирањето на европските системи EES и ETIAS.

На средбите се разговараше за организацијата и начинот на функционирање на службите, нивната филозофија на работа и предизвиците со кои се соочуваат, како и за заедничките безбедносни закани и можностите за натамошно продлабочување на соработката. Заеднички беше оценето дека македонската и италијанската полиција веќе имаат воспоставено цврсти партнерски односи, засновани на меѓусебна доверба, професионалност и отвореност.

Во таа насока беа дефинирани идните приоритети и беше подготвена рамка за понатамошно унапредување на соработката преку побрза и непосредна размена на сознанија и информации, спроведување заеднички операции, организирање специјализирани обуки и тренинзи, работилници и студии на случаи, како и заедничко проучување и спротивставување на феномените на тероризмот, организираниот криминал и мафијашките структури.

Италијанската полиција поседува значајно искуство и експертиза, особено во борбата против мафијата, финансиските истраги, откривањето и конфискацијата на нелегално стекнат имот, како и во справувањето со тероризмот и насилниот екстремизам. Овие знаења и искуства ќе продолжат континуирано да се пренесуваат на македонските полициски истражители, придонесувајќи кон зајакнување на капацитетите и унапредување на безбедноста на Македонија, Италија, регионот и Европа.

„Со особена гордост можам да истакнам дека македонската полиција останува силен, доверлив и рамноправен партнер на Италијанската државна полиција. Основите што ги зацврстивме за време на оваа посета претставуваат дополнителен импулс за продлабочување на нашите односи и сум уверен дека како партнери ќе продолжиме заеднички да делуваме во сите области во кои се поклопуваат нашите заеднички цели, вредности и визии за безбедна и стабилна иднина“, истакна директорот на БЈБ, Александар Јанев.

Прикажи повеќе...

Македонија

„На пензионерите треба да им се даде можност за вработување доколку сакаат и се работноспособни“, порача Мемов

Објавено пред

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов учествуваше на Тркалезната маса – работна сесија – „Недостигот на работна сила: Од предизвик до можност преку активно стареење и искористување на позитивни искуства“ во организација на Комората на Северна Македонија за приватно обезбедување.

Целта на настанот, како што беше речено е актуелизирање на состојбата со работната сила во областа на приватното обезбедување и изнаоѓање на решение за нејзино подобрување.

Во своето излагање директорот Мемов нагласи дека Фондот на ПИОМ е институција која не креира политики во областа, но дава предлози како состојбите да се подобрат врз основа на искуството од работата.

„Сметам дека пензионерите кои сакаат и се во добра здравствена состојба, треба да имаат можност за работа. Актуелната состојба на пазарот на трудот покажува дека има потреба од нив. Во областа на приватното обезбедување тие навистина може да дадат придонес, бидејќи поседуваат големо искуство и ги имаат бараните вештини“, рече Мемов и додаде дека вработувањаето на пензионерите треба да се однесува само за вработувањата во приватниот сектор.

Тој појасни дека со законското овозможување на ангажирањето на пензионери ќе има троен бенефит.

„Со вработувањето на пензионерите работодавачите ќе имаат лица со кои ќе ги пополнат работните места и за кои ќе плаќаат придонеси. Со тоа корист ќе има државата, бидејќи ќе прибира средства за пензиско, здравствено осигурување и други давачки, а корист ќе имаат и самите пензионери, бидејќи ќе имаат и пензија и плата“, потенцира директорот на Фондот, Мемов.

Професорот д-р Лазар Јовевски рече дека ова е тема која е длабоко поврзана со опстанокот и иднината на државата. Тој додаде дека стареењето на нацијата е факт, а за решавање на проблемот има два начина.

„Едниот пат е увоз на работна сила, кој си има свои последици, а кои што ги гледаме од искуството во западните земји, а вториот пат е внатрешно да се реорганизираме и да ги надминеме недостатоците. Ако се договорат сите чинители дека ќе се оди по вториот пат“, додаде Јовевски, „тогаш ќе треба да се редефинира правно-економската регулаторна рамка со која ќе се овоможат нови решенија за вработување, и правила на пазарот на труд“.

Претедателката на Комората, м-р Верица Милеска Стефановска нагласи дека секторот на приватното обезбедување се соочува со проблеми кои што поскоро треба да се решат. Таа изнесе повеќе примери од нашето окружувње каде што на пензионерите им е дозволено да се вработат и да ја задржат пензијата.

Учесниците на тркалезната маса потенцираа дека мора да се направат измени во законската регулатива што поскоро и со тоа да се обезбеди работна сила која ќе ги поплни празните работни места во секторот на приватното обезбедување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Времето утре: Сончево и топло, попладне услови за пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Времето во наредните денови

Од денеска до средината на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево и потопло со променлива облачност. Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во планинските и југоисточните делови од државата. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура2 минути

Бурхан Шабан во Скопје – концерт на еден од најзначајните интерпретатори на духовна музика на Балканот

Македонската публика ќе има можност да присуствува на концерт на Бурхан Шабан, истакнат уметник, хафиз и еден од најпрепознатливите изведувачи...

Култура8 минути

Премиера на новата претстава „Интервју“ на сцената на Турски театар

На 19 јуни (петок), со почеток во 20:00 часот, на сцената на Турски театар ќе се одржи премиерата на претставата...

Забава28 минути

(Видео) Изнајмија куќа на плажа, ангажираа хрватска ѕвезда: Се појави снимка од прославата, Ноле и Јелена танцуваат како никогаш досега

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа колку е внимателен како сопруг, организирајќи ѝ на својата поубава половина, Јелена Ѓоковиќ,...

Македонија40 минути

Директорот на БЈБ Јанев: Македонската и италијанската полиција ги продлабочуваат партнерството и заедничката борба против современите безбедносни закани

Со поддршка на проектот EU4FAST-WB, координиран од програмската канцеларија EMEA за Европа, Блискиот Исток и Африка при Централната дирекција за...

Македонија50 минути

„На пензионерите треба да им се даде можност за вработување доколку сакаат и се работноспособни“, порача Мемов

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов учествуваше на Тркалезната маса – работна сесија – „Недостигот на работна сила: Од...

Забава53 минути

(Фото/Видео) Таа секогаш има причина да се соблече: Божицата на провокацијата ги откри и градите и задникот

Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави во кои позира во бикини, но во некои провокативни фустани. Не...

Црна хроника58 минути

11 лица се уапсени во Скопје, Тетово, Кичево и Струга: кај нив била пронајдена дрога

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода 11 лица кај кои била...

Hitech1 час

Лесно, брзо и прецизно: Genesis Zircon 880 PRO за гејмерите што сакаат контрола

Во гејминг светот понекогаш разликата меѓу победата и поразот е во само едно движење. Брзата реакција, стабилната конекција, прецизното следење...

Македонија1 час

Времето утре: Сончево и топло, попладне услови за пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за...