Контакт

Македонија

Кабинетот на Иванов тврди: Ниту се разговарало, ниту се размислувало за прогласување вонредна состојба

Објавено пред

Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги отфрла, како што се наведува, ,,континуираните и очајни обиди” за вмешување на претседателот на Република Македонија и Кабинетот во настаните од 27 април 2017 година.

,,Во Кабинетот на шретседателот на Република Македонија никогаш ниту се разговарало, ниту се размислувало за прогласување воена или вонредна состојба.

Сметаме дека последното посочување на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Борис Јосифовски, во функција на наводен план за прогласување воена или вонредна состојба на 27 април 2017 година, е уште еден во низата очајни обиди за конструирање  сценарио за неосновано вмешување на Кабинетот на претседателот на Република Македонија и лично на претседателот на Република Македонија во настаните од 27 април 2017 година”, се вели во реакцијата.

Македонија

Пендаровски бара Иванка Додовска да биде разрешена од Националниот совет за евроинтеграции

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски бара разрешување на Иванка Додовска од Националниот совет за евроинтеграции, а на нејзино место бара да биде именуван Александар Спасов.

„Кабинетот денеска упати известување до претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, Илија Димовски, дека доцент д-р Александар Спасов, од Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ е предложен како претставник на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија за член во Националниот совет за евроинтеграции. Воедно, Кабинетот бара разрешување на проф. д-р Иванка Додовска, која беше претставник во Националниот совет за евроинтеграции на претходниот Кабинет“, се вели во соопштението.

Националниот совет за евроинтеграции има за цел да ги засили активностите и одговорностите на сите надлежни државни органи и институции во обезбедувањето на заедничка согласност и дејствување во пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ.

Националниот советот има претседател, потпретседател, 15 члена и девет заменици членови, и тоа: девет члена од редот на пратениците во Собранието, кои имаат свои заменици и шест члена од други институции: заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, претставник од кабинетот на претседателот на државата, претставник од кабинетот на претседателот на Владата, претставник од Македонската академија на науките и уметностите, од Заедницата на единиците на локалната самоуправа и од Здружението на новинарите. Овие шест членови учествуваат во работата на Советот без право на одлучување.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

ДОМ: На рудник во Иловица треба да се заборави

Објавено пред

ДОМ е континуирано на страната на отпорот против отворање на рудникот „Иловица“ на падините над Струмичкото Поле. Тој проект е антиеколошки и ги загрозува животната средина и здравјето на граѓаните, велат од партијата. Гледано правно, додаваат од таму, тој замислен рудник има документи со одамна истечени рокови, слично на „Казандол“.

Според ДОМ, нема ниедна основа институциите да дозволуваат однесување на сопствениците како сè да е во најдобар ред, па сега им останале уште археолошките истражувања и да продолжат со копање огромен базен во планината.

„Рудникот ‘Иловица’ треба да се заборави и поради тоа што предвидената технологија е во спротивност со измените на Законот за минералните суровини, со кој се забрани употреба на цијаниди и сулфурна киселина во рудници со отворен коп. Оваа одредба важи за сите рудници што треба да аплицираат за концесија. Таков е и „Иловица“, тој е рудник во најава, без валидни документи и концесија. Пратеничките на ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин, го подготвија текстот за Законот за минералните суровини и го поднесоа со група колеги од парламентарното мнозинство токму за да ги спасат граѓаните од отворање 80-ина опасни рудници во Македонија. Законот беше усвоен во јануари 2019 година и тој треба да се почитува“, велат од ДОМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Џафери во Кина: Посетата на високо ниво е со цел да ја прошириме економската соработка

Објавено пред

На средба со потпретседателот на Националниот комитет на Народната политичка консултативна конференција, Џанг Чингли, претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој предводи собраниска делегација во официјална посета на Народна Република Кина, истакна дека минатогодишната посета на Џанг на нашата држава и оваа возвратна посета го покажуваат заедничкиот интерес за натамошно унапредување на односите и продлабочување на соработката.

Како што информираат од неговиот кабинет, Џафери истакнал дека ваквите посети на високо ниво и добрите политички односи со себе носат и голема придобивка за граѓаните, а тоа е проширување на економската соработка.

Тој во текот на разговорите акцентот го ставил на искористување на можностите за економска соработка и нагласил дека, покрај учеството на кинеските компании во изградба на два автопата во нашата земја и можното учество во изградбата на железничката инфраструктура, кинеските инвеститори би можеле да најдат свој интерес и во слободните економски зони и во инвестирањето во капацитети за обновлива енергија.

Како потврда на ваквата определба, Џафери го посочил активното учество на нашата држава во процесот на соработка 17 + 1 на Народна Република Кина и земјите од централна и источна Европа.

Потпретседателот Џанг на средбата исткнал дека зајакнувањето на парламентарните односи дава значаен придонес на добрите билатерални односи, а предлозите за поинтензивна економска соработка ги оценил како полезни за двете држави.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Седум земји членки на ЕУ гласале против отворањето преговори со Северна Македонија

Седум земји членки на Европската Унија гласале против отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија на вчерашниот Совет на министрите...

Свет2 часа

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Европа2 часа

Џонсон вети дека Британија ќе излезе од ЕУ до 31 октомври

Водечкиот кандидат за британски премиер и поранешен министер за надворешни работи, Борис Џонсон, го потврди своето ветување дека ќе ја...

Свет3 часа

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија15 часа

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет16 часа

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ18 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија18 часа

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа20 часа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија22 часа

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија23 часа

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет23 часа

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион23 часа

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија1 ден

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт1 ден

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет1 ден

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет1 ден

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија1 ден

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија1 ден

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech1 ден

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Досие