Контакт

Македонија

Кабинетот на Пендаровски: Претседателот не го дискредитираше Јавното обвинителството

Објавено пред

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во своето обраќање на вчерашната прес-конференција по ниту еден основ нема направено дискредитација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, ниту, пак, постои намера за напаѓање на надлежните институции и мешање во кривичните постапки коишто се во тек, велат од кабинетот на Пендаровски.

„Потенцираме дека претседателот Пендаровски во своето обраќање изрази целосна поддршка за надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и истакна дека ќе стори сè за да ги заштити од евентуалните притисоци при спроведување на истрагата и целосно расветлување на случајот ‘Рекет’“, додаваат од Кабинетот.

Оттука уште еднаш укажуваат дека е потребно ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“ почитувајќи го начелото на презумпција на невиност.

Претходно денеска Јавното обвинителство по повод обраќањето на Пендаровски, укажа дека не е време за напади на институциите и нема да дозволи дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите.

Македонија

Во државата нема вештак кој ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Објавено пред

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот по паузата одлучи да не го прифати барањето на адвокатот на обвинетиот Исмет Гури, странски вештак да вештачи дали потписите на записникот за гласање, сумирање и утврдување резултати од гласањето во 2013 година во Чаир се имитација.

Арслани претходно рече дека Бирото за судски вештачења ги известило дека нема графолошки вештак со валидна лиценца во државата.

Станува збор за потписи, кои Гури ги ставал на записниците до преправаните бројки за освоените гласови, каде што требало да стои потписот на претседателот на избирачкиот одбор.

Откако судот не го прифати барањето на адвокатот, беше предложен распит на обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими за следното рочиште на 26 август.

Во третиот „Титаник“ на СЈО обвинети се пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, заменик директорот на УЈП Скопје. Како членови на општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништиле изборен материјал.

Според обвинението, Алими и Гури влијаеле директно врз изборниот резултат и ја фалсификувале изборната волја на граѓаните на Чаир за да остварат политичка моќ.

Првото рочиште за предметот се одржа на 16 март 2018 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Василевска: Дали Димитров му врти грб на бродот на Заев што тоне

Објавено пред

Очигледна е паниката во редовите на власта и напуштањето на бродот што тоне. И тоа не се случува само во СЈО, туку и помеѓу членовите на Владата, рече Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Еден од тие примери, според неа, е токму министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој, како што вели Василевска, соочен со огромниот скандал „Рекет“ и со разоткриениот криминал на власта, во кој централен лик, освен осомничените, е и токму премиерот Зоран Заев, некако како да крева раце и ги пушта низ вода.

„Имено, тој во фејсбук-статус се правда дека, цитирам: „Да бидеме на чисто, бидејќи има премногу сите, јас ниту сум имал средба, ниту фотографија, а уште помалку меморандум со Боки 13“. Со оглед на тоа што Зоран Заев имал и средби, и фотографии и меморандуми за соработка со Боки 13, дали не сметате дека ова не е вртење на грбот и шлаканица на оние кои се во бродот кој тоне. Дали ова не е вртење на грбот на Димитров кон Заев, Шекеринска, Костадин Костадинов, Стефан Богоев кој се сликале, среќавале и склучувале меморандуми со Боки 13 сега осомничен во аферата „Рекет“?

Министерот Димитров треба да одговори дали го споделува ставот за карактерните особини со кој Заев го опиша Бојан Јовановски или тоа го осудува? Кој е ставот на Димитров за Заев, Шекеринска, Богоев, Костадинов, Ременски и другите од СДСМ, кои се среќавале и фотографирале, па и соработувале со Боки 13. Во истиот статус министерот Димитров вели дека имал правилно претчувство за Бојан Јовановски.

Со оглед на тоа што главниот рекет се одвивал во периодот кога Димитров беше еден од можните кандидати за претседател од страна на СДСМ, дали тактизирањето во однос на односот кон Јовановски за кое говори Димитров се должи на претчувство или имал точна информација за криминалните дејства? Ако имал точна информација, кој му ја дал и зошто не презел ништо да се стопира токму таквиот криминал?

Понатаму, во истиот статус Димитров за трговија со правдата ќе напише, цитирам: „Бојкотот на референдумот имаше иста цел да се факторизираат пратениците за да се тргува со одговорноста и да се избега од правдата“. Ако имало трговија со одговорност тогаш тоа може да е само еден, тој што има можност и ресурси за истото. А, тоа е владата во чиј состав е токму г. Димитров. Нели ова е признание од Димитров дека Владата на Зоран Заев која заедно со Димитров го донесе скандалозниот договор од Преспа тргувала со правдата за да обезбеди поддршка.

Значи имаме признание од Димитров дека Заев соработувал со луѓе кои правеле криминал и дека истите тргувале со правдата. Дали ова не е доказ дека по Пендаровски и Димитров го напушта бродот на Заев кој забрзано тоне“, вели Василевска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

Објавено пред

 

Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во предметот „Титаник 3“. Тие и понатаму ќе го застапуваат предметот до донесување на пресудата. Во кривичниот суд попладнево стигнаа решенијата од Јанева.

Претходно, судијката Марија Клетничка дада пауза за Јанева да одлучи.

Предлогот за изземање на обвинителите дојде од адвокатот на Исмет Гури, Еленко Миланов.

Во третиот „Титаник“ на СЈО обвинети се пратеникот на ДУИ – Ејуп Аљими, и Исмет Гури, заменик-директорот на УЈП Скопје. Како членови на општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништиле изборен материјал.

Според обвинението, Аљими и Гури влијаеле директно врз изборниот резултат и ја фалсификувале изборната волја на граѓаните на Чаир за да остварат политичка моќ. Првото рочиште за предметот се одржа на 16 март 2018 година.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Во државата нема вештак кој ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот по паузата одлучи да не го...

Македонија1 час

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија5 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ5 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија5 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Свет6 часа

ОН: Во светот во моментот има дури 70 милиони бегалци, што е рекорд по Втората светска војна

Бројот на бегалци во светот достигна рекорден број од 70 милиони, што е најмногу од Втората светска војна, соопштија ОН....

Македонија6 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа6 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет7 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија18 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет19 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет20 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија20 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет20 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт23 часа

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија1 ден

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион1 ден

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет1 ден

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет1 ден

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 ден

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Досие