Контакт

Македонија

Каде скопските градоначалници го одлагаат собраниот отпад, прашуваат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје спроведе активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад од контејнерите поставени на булеварот Гоце Делчев до хотелот ВИП, булеварот Партизански одреди, булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, улиците Даме Груев и Џон Кенеди, како и на повеќе локации во скопската општина Аеродром. Во рамките на вчерашните активности беа подигнати вкупно 350 тони комунален отпад, соопштија од претпријатието.

Досега, како што информираат од таму, немаат добиено одговор од страна на градоначалниците на скопските општини, каде што го одлагаат отпадот од наводните активности за собирање на комуналниот отпад, што тврдат дека ги спроведуваат во рамките на своите општини.

„ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје во текот на денешниот ден не забележа дека е подигнат отпад од страна на општинските комунални претпријатија во ниедна скопска општина. Се прашуваме дали навистина и на кои локации се одвиваат овие активности“, прашуваат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Променливо облачно и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Објавено пред

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Времето во наредните денови

Денес и утре во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Утре процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи и услови за ретка појава на град. Од четврток до почетокот на следната седмица времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер претежно од северен правец.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заврши реконструкцијата на една од главните сообраќајници во Кочани

Објавено пред

Од

Завршена е целосната реконструкција на улицата „Бел Камен“, една од главните сообраќајници во Кочани, со што значително се подобрува безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура во градот, соопшти Министерството за транспорт.

Инвестицијата е во вредност од 12,7 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт преку Проектот за локални патишта. Во рамки на истиот проект завршени со реконструкција се и улиците „Борис Трајковски“ и „Гоце Делчев“.

Паралелно со овие активности, преку проектот за поддршка на општините, Владата инвестира и во изградбата на градската магистрална улица „Новопланирана 1“, како и во реализација на уште неколку инфраструктурни проекти во општината, во вкупна вредност од околу 320 милиони денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Скопјанецот кој запали дипломатски возила, со автобус стигнал до Центар, а бензинот го купил од бензинска во близина на бугарската амбасада

Објавено пред

Од

Обвинителството предложи притвор за 44-годишниот скопјанец кој запали дипломатски возила пред амбасадата на Бугарија во Скопје. Против него е поведена постапка за кривично дело предизвикување општа опасност.

„На 15 јуни околу пладне, на булеварот ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’ во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот“, соопшти Обвинителството.

Имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на предметното кривично дело, фактот што било извршено врз две дипломатски возила на пладне, во центарот на Скопје, во период кога фреквенцијата на луѓе и возила во овој дел на градот е голема, јавниот обвиниел оцени дека постојат очигледни околности што укажуваат дека постојат условите за определување на мерката притвор и предложи на Судот да определи таква мерка за обезбедување во текот на постапката.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

(Видео) Трамп се потсмеваше дека сопругата го тепа Макрон: сега се сретна со неа, објавена снимка

Доналд Трамп се сретна со Емануел и Брижит Макрон за прв пат пред камерите на самитот на Г7, откако американскиот...

Македонија7 минути

Променливо облачно и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен...

Спорт7 часа

(Видео) Голчиште на Мбапе, Франција го победи Сенегал

Франција го победи Сенегал со 3:1 (0:0) во првиот натпревар, одигран во И групата на Светското првенство. На „МетЛајф“ стадионот,...

Свет8 часа

Трамп тврди дека може да се оди пеш од Иран до Катар

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја повтори својата географска грешка за време на разговорите на самитот на Г7 во Франција,...

Спорт9 часа

Бернардо Силва потпиша за Реал

Бернардо Силва, како слободен играч го засили Реал Мадрид. Искусниот португалски репрезентативец, кој беше еден од клучните играчи на Манчестер...

Забава9 часа

Витаминот Ц е важен и за здравјето на мозокот: Ново истражување открива изненадувачка врска

Витаминот Ц не само што придонесува за зајакнување на имунитетот, туку може да игра важна улога и во одржувањето на...

Свет10 часа

Италија распоредува систем за воздушна одбрана на НАТО во Турција

Италија ќе распореди систем за воздушна одбрана во централна Турција како дел од одбранбениот план на НАТО, објави турското Министерство...

Македонија10 часа

Заврши реконструкцијата на една од главните сообраќајници во Кочани

Завршена е целосната реконструкција на улицата „Бел Камен“, една од главните сообраќајници во Кочани, со што значително се подобрува безбедноста...

Свет10 часа

Турција испрати јасна порака до Москва и Киев: Запрете ги нападите во Црното Море, подготвени сме за преговори

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, му пренесе на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, предупредување за важноста...