Контакт

Македонија

Кадровските капацитети – клучен предизвик за Јавното обвинителство следната година

Објавено пред

Јавниот обвинител Љубомир Јовески ја одржа традиционалната предновогодишна средба со шефовите на јавните обвинителства во државата. Поради условите диктирани од пандемијата и оваа година средбата се одржа онлајн.

На средбата обвинителите ја анализираа годината што изминува и разговараа за идните планови на институцијата.

Обвинителите годинава имаа тешка задача, оцени Јовески. Од една страна, материјалните и кадровски услови за работа и покрај малото подобрување, беа недоволни. Од друга страна, во текот на 2021 година имаше кривично-правни настани и предмети кои по својата тежина беа испит за самостојно, стручно, одговорно постапување и пред сè за обвинителство кое неселективно ќе ги гони сторителите на кривични дела.

„Сметам дека со својата одговорна работа јавните обвинители, успешно ја овозможуваа и гарантираа ефикасноста на кривично- правниот систем во општеството. Сепак, претстојат уште многу предизвици“, рече државниот јавен обвинител.

Според него, еден од клучните приоритети за ефикасна борба против криминалот е зајакнувањето на кадровските капацитети на обвинителството. Во овој сегмент, работите се придвижуваат нанапред, но потребни се дополнителни заложби.

„Имено, обвинителствата се соочуваат со природен одлив на вработените, како и на јавните обвинители кои заминуваат во пензија. Уште повеќе што во меѓувреме, донесени се законски одредби со кои се оневозможува работењето на јавните обвинители по навршување на 64 години. Па така, имајќи ја предвид старосната структура во обвинителството, следната година во пензија треба да заминат околу 20 обвинители, во 2023 година уште петмина. Нивното место, според сегашната динамика ќе може да се пополни дури за две години. Постои опасност основни јавни обвинителства да останат без јавни обвинители, како што се обвинителствата во Свети Николе и во Делчево. И другите основни обвинителства во државата остануваат со далеку помал број обвинители од потребниот, со што се доведува во прашање не само нивната ефикасност, туку и извршувањето на нивната функција. Овие прашања се високо приоритетни за следниот период и тука вложуваме напори за нивно разрешување“, истакна Јовески.

Тој додаде дека во дел од обвинителствата започнаа да функционираат истражните центри и веќе започнаа да се чувствуваат првите придобивки од поголемата независност во преземањето на истражните дејствија. Сепак, клучно е натамошно материјално, просторно и кадровско опремување на истражните центри, а впрочем тоа е и обврска за нашата земја нотирана и во последниот извештај на Европската комисија.

Недостигот на стручен кадар е видлив и во делот на секторот за информатички технологии, особено ако се имаат предвид плановите и најавите за дигитализација на правосудството, а со тоа следствено и на обвинителството.

Во годината што претстои, планирани се и крупни законски измени кои директно ја засегаат работата на Јавното обвинителство. Формирана е работна група за изработка на нов Кривичен законик во Министерството за правда, во која учествува и јавен обвинител, а претставници од Јавното обвинителство учествуваат и во работната група за Законот за кривична постапка.

На средбата, Јовески директно апелираше на отчетно и одговорно постапување од страна на сите јавни обвинители.

„Во текот на 2021 година работевме на обезбедување интерни механизми и правна рамка за ефикасно работење, на зајакнување на капацитетите на вработените, на зголемување на транспарентноста и меѓународната соработка. Отпочнат е процесот на согледување на резултатите, одговорноста и отчетноста на јавните обвинители со тоа што започна да се оценува работата на секој јавен обвинител преку систем за утврдување на резултатите. Ве повикувам овој систем на оценување да го прифатите како еден поттик за уште поголема ефикасност во вашата работа. Секако, системот е нов и во текот на годините што претстојат треба да се усовршува и надградува согласно стекнатото искуство од примената“, нагласи Јовески.

Тој додаде дека состојбите во обвинителството мора да се менуваат на подобро и поефикасно работење, со зголемување на неопходните материјални средства за извршување на функцијата. На пример, буџетот за следната година зголемен е околу 14%, платите на јавните обвинители и јавнообвинителските службеници ќе се зголемат за 15%, а обвинителството ќе мора да оствари сериозни реформи за да се придвижи кон европските стандарди. Охрабрување на тоа е што во последниот извештај на ЕУ се нотира напредок во справувањето со тешкиот и организиран криминал.​



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ЗНМ бара почитување на ковид-протоколите во Владата за заштита на медиумските работници

Објавено пред

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) побара од Владата да ги почитува протоколите и да обезбеди соодветни услови за работа на медиумските работници.

„По добиени поплаки од страна на членови на секцијата на сниматели при ЗНМ, апелираме дека Владата на РСМ треба да ги почитува здравствените протоколи за медиумско покривање настани во затворен простор. Имено, на фотографиите од денешниот настан може да се забележи дека снимателите немаат безбедни услови за работа поради несоодветниот простор во кој нема речиси никаква дистанца помеѓу медиумските работници, а со тоа директно се изложени на здравствен ризик по нивното здравје“, велат од ЗНМ.

Здружението на новинарите бара од Владата во иднина строго да ги почитуваат здравствените протоколи предвидени за јавни настани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Наместо блокади, потребни се мостови, му рече Мицкоски на бугарскиот премиер

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во партиското седиште имаше средба со премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков.

На средбата се разговараше за актуелните состојби врзани за односите на двете земји.

„Мицкоски се задржа на истите позиции кои се и претходно јавно познати. Она што беше посочено е потребата за градење  доверба, отворени односи и поврзување на теми и области каде е можна меѓусебна соработка и заеднички бенефит за граѓаните од двете држави. Беше посочена потребата за соработка на темите кои ќе обезбедат иднина, инвестиции во образованието, науката, коридорот 8 и други проекти важни за двете земји“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ за текот на средбата.

Наместо блокади, потребни се мостови, отворени односи и заемно почитување, посочи Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ахмети: Да го прифатиме бугарското малцинство во Уставот, ништо лошо нема да ѝ стане на државата

Објавено пред

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денес во Собранието оствари средба со претседателот на Владата на Бугарија, Кирил Петков, со кого разговараа за важноста од спроведување на поконструктивен и рационален пристап за решавање на спорот меѓу двете земји, кој е пред сè важен за европската перспектива на Северна Македонија.

Ахмети ја поздрави посетата на бугарскиот премиер во земјава како чекор кој означува почеток на ново поглавје на соработка, зголемување на билатералната доверба и продлабочување на добрососедските односи како единствена гаранција за развојот и прогресивната иднина на двете земји.

На средбата Ахмети му ја истакнал на премиерот Петков важноста за отворање на преговорите на земјата за членство во Европската Унија до Јуни 2022 година, барајќи конструктивност и максимална посветеност за изнаоѓање  прифатливо решение за двете страни.

Бугарскиот премиер Петков зборуваше за позициите на бугарската страна за конечно решавање на билатералниот спор, но и изрази подготвеност за адресирање на сите отворени прашања.

Ахмети ги истакна предностите на Охридскиот договор во однос на правата на заедниците и ја изрази својата поддршка за вклучување на бугарската заедница во Уставот на нашата земја бидејќи со тоа нашите граѓани не губат ништо.

„Двете земји се наоѓаме во еден многу важен процес, имаме извонредна потреба да ги релаксираме односите. Зборувавме многу отворено за теми кои бараат решенија, но и храброст, бидејќи не треба да бидеме водени од емоции, туку потребно е да бидеме рационални“ – истакна Ахмети на прес-конференцијата по средбата.

Во овој шестмесечен период треба да се отворат преговорите за членство на нашата земја во Европската Унија, бидејќи негирањето на перспективата на итегративниот процес ги зголемува аспирациите и активностите на антиевропските струи во нашиот регион и тоа не треба да се дозволи да се случи.

Ахмети и Петков дадоа јасна порака за потребата од продлабочување на соработката не само на политички, туку и на економски план, што ќе овозможи поголема развојна перспектива на двете земји преку подиректна бизнис-комуникација потенцирајќи ја тука важноста од брзата изградба на Коридорот 8 кој ќе ги поврзува трите главни градови: Софија, Скопје и Тирана.

Средбата ја завршија со изразување заеднички оптимизам за унапредување на дијалогот и надминување на разликите меѓу двете земји, што ќе го има како сигурен епилог интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Рекордни 2.269 нови случаи на коронавирус во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269...

Македонија5 часа

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие

Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што...

Македонија6 часа

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања....

Македонија7 часа

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, ја поздрави денешната посета на Македонија на...

Македонија9 часа

Гаврил Бубевски избран за нов претседател на скопското Јавно обвинителство

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е...

Македонија10 часа

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е...

Европа11 час

Европскиот парламент доби нов претседател

Европскиот парламент доби нов претседател. Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи...

Македонија14 часа

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет14 часа

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг ги прикажуваат земјата...

Македонија15 часа

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во општина...

Македонија24 часа

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија1 ден

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија1 ден

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија1 ден

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија1 ден

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија1 ден

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Економија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V)...

Свет1 ден

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт1 ден

Само вакцинираните ќе може да настапат на „Ролан Гарос“

Професионалните спортисти ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување,...

Досие