Македонија
Казнети 236 возачи во Скопје, од кои 35 за брзо возење

Полицијата вчера казни 236 возачи во Скопје, од кои 35 за брзо возење, 31 за некористење сигурносен појас.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.3.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Во Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35, 12 санкции за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, а изречени се 15 санкции за користење мобилен телефон.
Казнети се 41 пешак, а напишани се и 45 казни за непрописно паркирани возила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Бектеши: Донесена одлука за едностран раскин на договорот за концесија за ископ на песок во Долно Коњаре

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за еднострано раскинување на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – песок и чакал на локалитетот с.Долно Коњаре со концесионерот Друштвото за производство, трговија, туризам и рибарство ЕУРО ПРОГРЕС ДООЕЛ експорт-импорт с. Долно Коњаре Петровец.
„ Според извештајот од Инспекторатот за животна средина, Министерството за економија утврди дека концесионерот не се придржувал кон решенијата и мерките во однос на заштитата на животната средина утврдени со прописите од областа на животната средина, односно експлоатацијата на минералната суровина е вршена надвор од крајбрежниот појас во широчина од 50 метри зад линијата на допирање на педесетгодишната вода кај нерегулираниот водотек на реката Пчиња“ напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук.
На 55 седница одржана на 18 март 2021 година Владата донесе одлука за привремено запирање на експлоатацијата на чакал на реката Пчиња во атарот на село Средно Коњари додека трае увидот на Државниот инспекторат за животна средина, заради укажувањата на населението дека ископот на чакал се врши надвор од пропишаното со концесијата и додека не биде донесена нова одлука согласно наодите на надлежниот инспекторат.
Државниот инспекторат за животна средина, по налог на Инспекцискиот совет спреоведе вондреден иснпекциски надзор над концесионерот, по што достави извештај до Министерството за економија со кој се укажува дека истиот не постапувал согласно Договорот за концесија и експлоатација на минерална суровина-песок и чакал.
Македонија
Алијансата за Албанците и Алтернативата: Владата ги дискриминира своите граѓани, а ги привилегира Србите

Владата која не стигна навремено да обезбеди вакцини против Ковид-19 за граѓаните, а мал број вакцини обезбеди од Србија, која ги отвори границите за државјаните на Северна Македонија да се вакцинираат таму, сега ќе ги награди граѓаните на Србија ослободувајќи ги од патарините. Министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со Владата, со широкоградост кон граѓаните на Србија, сака да ги покрие својот срам и неспособноста за невремено обезбедување вакцини за да се спасат животи, обвинуваат од коалицијата „Алијанса за Албанците и Алтернатива“.
„Од друга страна, имаме многу села што се на самиот автопат и тие граѓани секој ден плаќаат патарини на наплатните места иако нивните села се наоѓаат на 2-3 километри од наплатните пунктови“, велат од коалицијата.
Тие ја потсетуваат Владата на протестите на граѓаните од тетовското село Седларце, кои протестираа барајќи ослободување од патарината бидејќи нивното село се наоѓа на непосредна близина од 3 км од наплатното место, а тие немаат алтернативен пат.
„Слични случаи има многу во регионот на Гостивар, Куманово, Скопје, Велес итн.
Неприфатливо е на српските граѓани да им се овозможува бесплатно користење на автопатите на Северна Македонија во одреден период, а на нашите иселеници им се наплатува на наплатните пунктови во евра по висок курс во споредба со службениот. Имаме илјадници администратори од градовите Тетово, Куманово, Гостивар, Велес и Кичево, кои секојдневно патуваат за Скопје плаќајки ги сите патарини по нашите автопати достигнувајќи високи суми за кои не постои никаква олеснителна мерка иако пред многу години Владата на Северна Македонија ги ослободи од патарини државните административни службеници. Ова е лажната широкоградост на министерот Филипче и на оваа Влада, кои ги ограбуваат своите граѓани додека се претставуваат џентлмени пред српските граѓани“, реагираат од коалицијата.
Македонија
Акведуктот прогласен за споменик со највисок степен на заштита

Владата, на предлог од Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство, на денешната седница донесе одлука за прогласување на споменикот Акведукт во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.
Одлуката следува по усвоениот елаборат за ревалоризација на споменикот, процес што со години беше закочен во надлежнитe институции.
Со ревалоризацијата на Акведуктот е опфатено и прашањето за категоризација на доброто според неговото значење, а со тоа и прашањето за режимот на заштита.
Одлуката овозможува трајно зачувување на Акведуктот и на неговите вредности во културна и историска смисла, како и во однос на заштитата на архитектурата, на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и на економскиот аспект на локалитетот. Со тоа се овозможува, конечно, да почне и неговата физичка заштита.
Со донесувањето на одлуката, Акведуктот се вбројува во уставната категорија „добра од општ интерес за Република Северна Македонија“ и ужива посебна заштита во смисла на Уставот и Законот за заштита на културното наследство.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?