Контакт

Македонија

Казнети 50 возачи во Скопје поради брзо возење

Објавено пред

Вчера во Скопје биле преземени мерки и активности од страна на полицијата, при што било констатирано дека 50 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај исклучени се 20 возачи од кои: тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол, 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило и четири возачи почетници затоа што не ги почитувале законските ограничувања. Исто така, исклучени од сообраќај се и четири возила, од кои три не биле регистрирании едно поради претовар.

Санкционирани се пет возачи поради поминување  крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минувње на пешаците на обележан пешачки премин, три возачи поради неправилно престигнување, еден возач на мотоцикл поради некористење заштитен шлем – кцига, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 41 возач поради користење мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 70 мандатни платни налози и 67 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а две лица се здобиле со телесни повреди.

Македонија

Царовска во Полска: Владата има цврста определба да се сочува вистината за Холокаустот

Објавено пред

Во присуство на преживеаните од нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау и стотици официјални лица од многу држави во Европа и светот, денес на местото на поранешниот логор во Република Полска, беше одбележан Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот, кој со одлука на Генералното собрание на ООН е утврден да се одбележува на 27 јануари.

На комеморацијата со која се одбележа 75-та годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау, а на која свое обраќање имаше и претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, присуствуваше и официјална делегација од земјава, предводена од вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска, а придружувана од претставник на Еврејската заедница од нашата земја.

По обраќањето на лретседателот Дуда, главното обраќање на комеморацијата го имаа преживеаните лица од Аушвиц, кои ги раскажаа горчливите искуства и повикаа на разум, вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат.

Министерката Царовска рече дека оваа огромна човечка трагедија е врежана во нашата колективна меморија.

„Со одбележувањето на овој ден се потсетуваме на сите жртви на Холокаустот, помеѓу нив, над 7.000 Евреи од Скопје, Битола и Штип кои во март и април 1943 година беа депортирани и убиени во нацистичкиот концентрационен логор Треблинка. Оваа огромна човечка трагедија е врежана во нашата колективна меморија, не потсетува дека не смееме да дозволиме никогаш повеќе да се повтори. Токму затоа Владата на Република Северна Македонија посветено работи и има цврста определба на сочувувањето на сеќавањата и вистината за Холокаустот. Се бориме и ќе продолжиме да дејствуваме против било каков вид на дискриминација, спречување на говорот на омраза, превенирање и спречување на расизмот и на сите други форми на кршење на човековите права“, истакна Царовска по одржаната комеморација за изгубените човечки животи во концентрациониот логор.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев на средба со граѓани: Им го вративме достоинството на земјоделците

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска беше во посета на општина Кисела Вода, каде што се сретна со граѓани од населбата Драчево.

На средбата Заев се запозна со нивните проблеми и разговараше за можните и ефикасни решенија кои се во интерес на граѓаните и го засегаат нивното секојдневие.

Меѓу другото, Заев се сретна и со пазарџиите на пазарот во Драчево, со кои разговараше за економските политики на Владата на СДСМ, кои, како што рече, овозможуваат подобри услови за работа и можности на раст на нивните микробизниси.

„Во две и пол години мандат како Влада презедовме сериозни чекори, кои го унапредуваат земјоделството и им го враќаат достоинството на земјоделците. Преку партнерски однос со земјоделците успеавме да ги надминеме предизвиците за откупот на земјоделските производи, откупот денес е навремен и целосен, а цените на производите растат. Тоа е важно не само за земјоделците туку и за пазарџиите, кои преку оваа чесна и почитувана професија се активни учесници во нашата економија“, посочи Заев.

Претседателот на СДСМ ја посети и точката на која е почната реконструкцијата на патот кон локалитетот Три Круши во времето додека ја предводеше Владата на СДСМ, а е реализирана со средства од инвестиции од Општината и државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Тетово се одржа втората јавна трибина посветена на дигитализацијата

Објавено пред

Министерството за информатичко општество и администрација, продолжи со организација на повеќе настани во областа на дигитализацијата.

Во Тетово се одржа втората јавна трибина на тема „Дигитализација на јавните услуги“, на која се обратија министерот Дамјан Манчевски и градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, потоа професорот Азир Алиу како претставник на академската заедница и Бобан Милосавлески од бизнис-заедницата.

На трибината се зборуваше за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализaцијата на јавната администрација.

Според Манчевски, целта на овие јавни трибини е покрај граѓаните, исто така и институциите да бидат запознаени со сите можности во однос на електронските услуги.

„Денеска имаме 128 електронски услуги што ги нудиме, од кои 70 беа постојни, но ги интегриравме на едно место на uslugi.gov.mk, а 58 се нови и оваа бројка ќе расте“, рече министерот Манчевски

Министерот се осврна на проектите на МИОА во однос на дигитализацијата и процесот што водеше до електронските услуги. Посебен фокус беше ставен на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи, значително олеснувајќи го административниот процес.

Градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, од своја страна рече, дека проектите за дигитализација треба да се користат што е можно повеќе оценувајќи дека тие се многу значајни за локалната самоуправа.

На трибината говореше и професорот Азир Алиу од Факултетот за современи науки и технологии, кој, меѓу другото, се осврна на дигитализацијата како неопходност во наставниот процес, но и современото живеење.

Бобан Милосавлески од компанијата „Алтиус солушнс“ се осврна на придобивките од е-услугите, особено во однос на бизнис-заедницата, како и нивните искуства во таа насока.

На денешната втора јавна трибина се обрати и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, кој ги поздрави присутните. Тој исто така се осврна на дигитализацијата како неопхопдност и на придобивките од овој процес.

Инаку, денеска беше отворен и регистрацискиот пулт во рамките на Општина Тетово, каде што граѓаните кои нема да можат сами да се регистрираат на порталот за е-услуги, тоа ќе го направат со помош на овластено службено лице.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Македонија4 часа

Во Скопје и Тетово надминат прагот на загадување, стапуваат на сила препораките на Владата

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи,...

Македонија5 часа

(Видео) Стефанова: Дејствијата на Јанева нанесоа огромна штета на СЈО

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа...

Економија6 часа

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни...

Македонија6 часа

Јанева отстранета од судница, на Стефанова ѝ се обрати со зборовите: „Гомнарке, ороспијо“

Судијката на рочиштето за „Рекет“ нареди да се отстрани поранешната шефица на СЈО Катица Јанева од судницата, откако таа почна...

Македонија6 часа

Вработен во ФЗОМ: Мајката на Тамара не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Бранко Хаџигогов, вработен во Фондот за здравство, кој денеска  сведочеше за лекувањето на малата Тамара, потенцираше дека решение за лекување...

Македонија6 часа

Сведочење за „Рекет“: Чифлиганец и Савова се обидувале да влијаат врз истрагата за Камчев и Мијалков

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на градежната компанија Адора инжинеринг, бил кај обвинителката Лиле Стефанова за да се интересира за предметот „Империја”,...

Свет6 часа

Објавена аудиоснимка од последниот разговор на пилотот на Коби Брајант и контролата на летање

На интернет е објавена аудиоснимка од последниот разговор меѓу пилотот на хеликоптерот со кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна...

Македонија7 часа

Стефанова: Јанева се однесуваше како да е адвокат на Панделески

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното сведочење за случајот „Рекет” рече дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева телефонски и се заканувала...

Македонија8 часа

(Видео) Стефанова: Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред кривичниот суд за случајот „Рекет” каде обвинети се Бојан Јовановски –...

Свет8 часа

(Видео) Авион со 150 патници се излизга од пистата и излета на улица

Ирански патнички авион со 150 патници се излизга од писта и излезе на улица во јужниот град Махшар, откако се...

Свет9 часа

ФБИ почна истрага зошто хеликоптерот на Коби Брајант летал во услови на магла

ФБИ го истражува местото на несреќата каде што се урна хеликоптерот со НБА-играчот Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум...

Свет9 часа

Калифорнија: Ќе бидат потребни неколку дена за да се извлечат телата од непристапниот терен каде што се урнал хеликоптерот

Властите во округот Лос Анџелес соопштија дека може да потрае неколку дена за да се извлечат телата од местото на...

Свет9 часа

Рик Фокс е жив, не бил во хеликоптерот со Коби Брајант

Откако бројни американски медиуми објавија дека заедно со кошаркарот Коби Брајант во хеликоптерската несреќа загинал и неговиот поранешен соиграч од...

Свет10 часа

Најмалку 80 починати од коронавирусот, а околу 3.000 лица се заразени

Бројката на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 80, а речиси 3.000 лица се заразени. Во обид да...

Свет10 часа

(Видео) Лошото време и густата магла се можна причина за несреќата во која загина Коби Брајант

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа...

Спорт19 часа

Полицијата тврди дека имало девет лица во хеликоптерот, именувани само Коби и неговата ќерка

Полицијата на Лос Анџелес на официјална прес-конференција даде првични детали за хеликоптерската несреќа во која загина НБА ѕвездата Коби Брајант....

Спорт20 часа

Спортскиот свет во шок и неверица по смртта на Коби, фановите се собираат пред „Стејплс центарот“

Голем број на спортисти, спортски клубови, славни личности и многу обични луѓе на социјалните мрежи реагираа со неверување и со...

Спорт21 час

Потврдено: Во хеликоптерот на Брајант била и неговата 13-годишна ќерка Џиџи

По првите извештаи на американската ТВ-мрежа „Еј-би-си“ дека во хеликоптерската несреќа во која загина НБА легендата Коби Брајант биле неговите...

Свет22 часа

(Видео) Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Легендарниот американски кошаркар и еден од најдобрите во НБА историјата Коби Брајант загина во својата четириесет и прва година во...

Досие