Контакт

Македонија

Казнети 513 возачи во Скопје, од кои 148 за брзо возење

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 513 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола казнети се 35 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење 148 прекршоци, за нерегистрирани и технички неисправни возила казнети се 39 возачит.

Исто така, казнети се 82 мотоциклисти и одземени се четири мотори.

Изречени се 75 мерки за непрописно паркирани возила и 72 возила се подигнати со „пајакот“ (вкупно 147), а изречени се и 104 санкции за неносење заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот, порача Заев на онлајн-средба со Борел

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска оствари онлајн средба со високиот претставник за надворешна политика и за безбедност, и потпретседател на Европската Комисија Жосеп Борел, како дел од серијата средби со највисоките претставници на институциите на ЕУ што се договорени за денеска и кои вклучуваат разговори со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, и со еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји.

На онлајн средба со високиот претставник и потпретседател на Европската Комисија Жосеп Борел, премиерот Заев упати благодарност за личниот придонес на потпретседателот на ЕК Борел за пристапниот пат на Северна Македонија во ЕУ, при што ја издвои одлуката на Советот на ЕУ во март да отпочнат преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ со што се означи новата ера во меѓусебните односи.

Заев изрази надеж дека оваа поддршка ќе се формализира и со усвојување на Рамката за преговори на почетокот на идниот месец, по што ќе следува и првата меѓувладина конференција до крајот на годината.

„Одржувањето на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија и ЕУ ќе испрати позитивен сигнал и до регионот и ќе ја потврди европската перспектива на Западен Балкан како гео-стратешки интерес на Европската унија“, потенцираше премиерот Заев на онлајн средбата со високиот претставник и потпретседател на Европската Комисија Жосеп Борел.

Северна Македонија останува посветена на негување на добрососедските односи со континуирана имплементација на Договорот од Преспа и на Договор за добрососедство и пријателство со Бугарија кои донесоа нова енергија и придонесоа за обновување на интензитетот за проширување на ЕУ со земјите од регионот.

Премиерот истакна дека новата коалициска влада и сите институции се целосно функционални и посветени на континуитетот на реформите и на остварувањето на резултати од владеењето на правото и на борбата против организираниот криминал и корупцијата како најголем приоритет.

Постигнатите важни резултати во зајакнувањето на независноста на судството, донесувањето на Законот за јавно обвинителство, како и резултатите од истрагите и конечни пресуди за случаи на корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво, се регистрирани и во годишниот извештај на Европската комисија за Северна Македонија, и понатаму ќе бидат наш фокус со отворена покана за вклучување на опозицијата во Парламентот, како и низ дијалог со граѓанското општество и нашите меѓународните партнери.

На онлајн средбата како исклучително значаен беше оценет Економскиот и Инвестициски План за Западен Балкан, кој е од голема важност за поддршка на развојот на приватниот сектор, транспортното и енергетско поврзување, дигитализацијата, зелената агенда и социјалните инвестиции во регионот.

Цврстата заедничка поврзаност на ЕУ со Република Северна Македонија, рече премиерот Заев на онлајн средбата со потпретседателот на ЕК Борел, се потврди и во поддршката на земјата во заеднички одговор за справување со последиците од Ковид-19 и придонесе за зацврстување на врските со ЕУ.

Високиот претставник за надворешна политика и за безбедност, и потпретседател на Европската Комисија Жосеп Борел истакна за Брисел е исклучително значајно што продолжува интензивната соработка со влада која е докажано посветена на интегративниот процес на Северна Македонија во ЕУ, и дека очекува колку што е можно поскоро одржување на првата меѓувладина конференција за да ја градиме иднината заедно.

Прикажи повеќе...

Македонија

Објавена јавна набавка за реконструкција на патот до селото Трново

Објавено пред

Во електронскиот систем за јавни набавки е објавен тендерот за избор на изведувач за реконструкција на локалниот пат до селото Трново. Проценетата вредност на овој проект е 24.700.000 денари.

Патот ќе се реконструира на потегот од раскрсницата за Ниже Поле, до откупната станица за млеко во селото Трново, односно до делницата до каде што е изработен колекторскиот систем за собирање на отпадните води од домаќинствата и туристичките објекти во селото. Должината на оваа делница е 2009 метри.

Во потегот кај селата Трново-Магарево веќе е изградена пречистителната станица во вредност од над 9.000.000 денари, а исто така изработен е колекторски систем во должина 2029 метри, чија вредност е 21.879.853 денари. Колекторскиот систем во следните фази ќе ги опфати останатите делови од селата Трново и Магарево.

„Со реконструкцијата на овој дел од патот се заокружува една етапа од вложувањето во овој дел од Потпелистерието, односно од заложбата на оваа локална самоуправа да се добие комплетно поинаква слика во однос на зголемувањето на квалитетот на животната средина. На тој начин во Потпелистерието се отвора потенцијал за уште поголем развој на туризмот“, велат од општина Битола.

Прикажи повеќе...

Македонија

Казни за 899 лица поради неносење маска

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 899 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.

Во моментот како активно заразени се водат 6.069 лица на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот, порача Заев на онлајн-средба со Борел

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни...

Регион5 минути

Во Хрватска повеќе од 1.500 новозаболени, десетмина починати во Загреб

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени, а во Загреб има дури десетмина починати....

Свет41 минута

99-годишна жена од Шпанија го победи коронавирусот

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за...

Македонија1 час

Стевановиќ: Заразените со лесни симптоми да се лекуваат дома

Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние...

Свет2 часа

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека...

Македонија3 часа

Активни над 6.000 случаи со коронавирус, болниците се полнат

Во моментот како активни се водат 6.069 случаи на коронавирус на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје. Само...

Свет15 часа

Починал волонтер што учествувал во тестовите за вакцина против Ковид-19

Бразилската здравствена агенција „Анвиса“ потврди дека починал волонтер што учествувал во испитувања на вакцина против Ковид-19, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Станува...

Македонија18 часа

Дванаесетмина починати и нови 641 заразен од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на...

Топ19 часа

Кондовец со возило удрил во полицаец и побегнал, нападнати биле и полицајците што го пронашле

Во вечерните часови на 20 октомври, на скопската улица Ѓорче Петров, автомобил „ауди“, управуван од А. А. (26) од село...

Македонија19 часа

Инспекторите ќе можат да ги затвораат кафеаните со новите законски измени

Со новите построги мерки кои се во собраниска процедура инспекторите ќе можат веднаш да ги затвораат угостителските објекти до 30...

Свет20 часа

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Македонија21 час

Филипче: Мерките мора да се донесат во најкраток можен рок

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението...

Македонија21 час

Владата ги осуди изјавите на Каракачанов: Тие се недолични и недостојни

Владата ги осуди изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во...

Македонија23 часа

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до пет километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за образование...

Македонија23 часа

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за...

Регион24 часа

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Свет1 ден

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули....

Македонија1 ден

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во...

Свет1 ден

Приведени уште седум лица за убиството на францускиот професор

Уште седум луѓе, вклучително и двајца малолетници, ноќеска биле предадени на судијата во рамки на истрагата за минатонеделното убиство на...

Македонија1 ден

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница ги разгледа и прифати препораките...

Досие