Македонија
Казнети 715 лица за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 715 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Облачно и студено со температура до 6 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер претежно од северозападен правец. На места ќе провејува слаб снег. До крајот на денот облачноста во најголем дел од земјава ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
Македонија
Забрана за камиони на патот Тетово-Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Прилеп и на планинскиот премин Стража.Од 12:00 часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка и се препорачува задолжителна употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на истиот патен правец.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Земјотрес во Маврово со јачина од 3,6 степени

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван изутринава во 7.44 часот во подрачјето на Гостивар. Според првичните податоци, епицентарот бил 20 километри југозападно од Гостивар, во мавровскиот регион, на длабочина од 2 километри.
Жителите во мавровскиот крај земјотрес почувствувале и ноќеска во 1.36 часот со јачина од 3,2 степени.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот