Контакт

Македонија

Казнети 796 лица за неносење маска

Објавено пред

Полицијата вчера казнила 796 лица за неносење заштитна маска, што е законска обврска од 1 мај.

„Во текот на изминатото деноноќие (19/20.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 796 прекршоци“, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Македонија

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Објавено пред

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитува и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување на опасната стапица на историскиот ревизионизам, вели претседателот, Стево Пендаровски, во интервју за Дојче Веле кое утре ќе биде објавено во целост.

Пендаровски коментира дека го гледал интервјуто на премиерот, Зоран Заев за бугарската новинска агенција БГНЕС, а во дел од коментарите на македонската јавност забележал дека е присутна дилемата дали државниот врв настапува единствено во однос на ова витално национално прашање.

Во делот од интервјуто што го објави Дојче Веле, Пендаровски изјавува дека со Заев се согласни дека некои личности и настани можат да се слават од обете страни, но дека македонскиот народ има своја посебна историја, исто како што има и бугарскиот народ.

Заев во интервјуто за БГНЕС вчера рече дека Пендаровски е посветен на договорите со соседите, а изјавата на шефот на државата дека односот на Софија кон Скопје е наследство од режимот на Тодор Живков, ја препиша на неискуството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Објавено пред

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев, поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција БГНЕС.

Од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение велат дека Заев е срам за државата, а после изнесените антидржавни ставови оставката е неминовен чекор.

„Нема Македонец кој не се срами од додворувањето на Заев кон бугарската влада на штета на македонските интереси. Зоран Заев го продава македонскиот идентитет, јазик и историја. Зоран Заев се откажа од Гоце Делчев-црвената линија на македонскиот идентитет. Од среде Скопје Заев кажа дека бугарите биле ослободители во втората светска војна, и со тоа ги израмни македонските партизани со бандити. Зоран Заев се откажа и ја погази жртвата на Орце Николов, Раде Јовчевски Корчагин, Стив Наумов, Вера Јоциќ, Борка Талески, Методија Андонов Ченто, и плејада други знајни и незнајни јунаци кои животот го положија за слободна Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата порача дека Заев не треба да чека народот да го смени, туку треба самиот веднаш да си даде оставка.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера повика на протест за одбрана на црвените линии во преговорите со Бугарија, што ќе се одржи денеска во 18 часот, од СЦ Борис Трајковски до Владата. Протестот, поради запазување на здравјето поради коронакризата, ќе биде со автомобили.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја повеќе делови на Скопје

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека за денеска се планирани следните технички зафати во електросистемот на градот Скопје:

Во периодот од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од ул. Франце Прешерн (општина Карпош);
Во периодот од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од с. Маркова Сушица (местото наречено Вршник) (општина Студеничани);
Во периодот од 9 до 14 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Танушевци, Малино и Брест (општина Чучер-Сандево);
Во периодот од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. Кара Трифун, ул. Пандо Кљашев, ул. Малина Попиванова, дел од ул. Караџица, дел од ул. Милан Мијалковиќ, ул. Пржино (општина Чаир).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитува и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Свет1 час

Меркел: Задолжителни маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет1 час

Трамп одобри помилување на неговиот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател Доналд Трамп го одобри помилувањето на неговиот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија12 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија13 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија14 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет15 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен16 часа

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија19 часа

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија21 час

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија21 час

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура22 часа

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа23 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет23 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија23 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија24 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион24 часа

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа1 ден

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет1 ден

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет1 ден

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Досие