Македонија
(Видео) Како Јакимовски им овозможувал на фирми да добиваат државно земјиште по багателни цени
Во периодот од 2011 до 2017 година вработени во Општина Карпош на чело со тогашниот градоначалник Стевчо Јакимовски легализирале бараки во сопственост на фирми и на тој начин им овозможувале да се стекнат со државно земјиште по багателни цени.
Вака накратко од Министерството за внатрешни работи ја објаснија кривичната пријава поднесена против Јакимовски и уште четворица вработени во Општината. Кривични пријави се поднесени и против управителите на три фирми и едно физичко лице.
Станува збор за времени објекти во општина Карпош, на улицата Илинденска, кои биле во сопственост на фирмите.
Споорд МВР, компаниите „Гром промет“, ЕМАГ, ДОТ „Мебел“ и физичкото лице Т.Ѓ побарале утврдување на правен статус, односно легализирање на нивните монтажни бараки, кои според законот не се сметаат за бесправно изградени објекти.
Сепак, и покрај ова, Јакимовски и уште четворица вработени во Општината за кои има кривични пријави, на бараките им дале третман на бесправно изградени објекти и дале согласност тие да се вклопат во урбанистичко-планската документација.
Со ова, на фирмите им било овозможено бараките да бидат впишани како легални објекти во нивна сопственост, а со тоа добиле ексклузивно право да извршат откуп на државното земјиште на кое биле сместени монтажните објекти.
Ова, според кривичната пријава, е спротивно на Законот за градежно земјиште, според кој времени објекти не се дел од градежно земјиште и за нив не може да се бара стекнување право на сопственост на градежното земјиште.
Сепак, и покрај ова, како што велат од МВР, „Гром промет“ се стекнала со земјиште од 1.533 квадратни метри, кое како градежно неизградено земјиште во 2016 година имало вредност од најмалку 448 илјади евра.
„ЕМАГ“ ДОООЕЛ се стекнала со земјиште од 722 квадратни метри кое во 2016 година имало вредност од околу 211 илјади евра,
На ДОТ „Мебел“ и на физичкото лице Т.К, пак, им било овозможено да откупат државно земјиште за 450 денари по метар квадратен, иако, ако се одржело јавно наддавање, почетната цена за таа локација би била 300 евра за квадрат.
„Макфакс“ ја обелодени аферата уште во 2017 година, кога откри дека „Гром промет“ купил државно земјишто во Карпош за само 11 илјади евра, а потоа го продал за 600 илјади евра, а од општината тврдеа дека во случајот нема никакви прекршувања на законите.
Обвинителството за гонење организиран криминал бара притвор за Јакимовски и двајца вработени во Општината. За бизнисмените кои се на распит во Кривичниот суд побарани се мерки на претпазливост, односно да им бидат одземени пасошите и да се јавуваат еднаш неделно во судот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото+видео) „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“ – марш за загинатите во кочанската дискотека
Илјадници граѓани и родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје. Побараа правда и одговорност.
Маршот во организација на Здружението на граѓани „16 Март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е следен“ почна во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, продолжи кон Собранието на Македонија, а заврши пред Основниот кривичен суд.
Се движеа носејќи фотографии од загинатите и транспаренти на кои пишуваше: „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“, „Моето дете беше убиено од систем кој не штити туку убива“, „Колку детски животи треба да згаснат за да се разбудите?“, „Ние изгубивме, вие се уште имате за што да се борите“…


Сопругата на пејачот Андреј од ДНК, Наталија Ѓорѓиеска, побара пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
„Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања, без одговор и недоразјаснети околности. Ние, семејствата, останавме со сомнеж дека вистината овојпат е сокриена“, кажа Ѓорѓиеска.


Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда. Предвидено е неделно да се одржуваат по најмалку две рочишта. Обвинителство распореди 15-мина обвинители кои ќе настапуваат во тимови. Ќе им се суди на сопствениот на дискотеката, фирмата за обезбедување, тројца градоначалници на Кочани, поранешни министри за економија и директори на Дирекцијата за заштита и спасување. Обвинети се за пожарот во Пулс каде загина 63 лица, а над 200 беа повредени.
Македонија
Јаневска: Преку развој на формалното и неформално стручно образование го подобруваме пазарот на труд и ја јакнеме економијата
Македонија има квалитетен систем на формално стручно образование кој во соработка со бизнис секторот продуцира кадар што му е потребен на стопанството. Тој систем постојано се надградува и неодамна се формирани седум регионални центри за стручно образование и обука, а паралелно фокусирани сме и на развој и промоција на неформалното образование и обука меѓу повозрасната популација за да продолжиме да го намалуваме јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот. Овие два сегменти ќе бидат во фокусот на нашите образовни политики и во периодот што следи.
Ова го посочи министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, говорејќи како еден од панелистите на денешната дискусија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење, што се одржа во рамки на третиот „Глобален конгрес за население, здравје и развој на човечки капитал“ во Каиро.
Јаневска нагласи дека државата спроведува успешна инклузивна политика во формалното образование, но дека и неформалното образование треба да се практикува како концепт на доживотно учење, заради континуиран личен развој и постојано напредување во работата.
„Предизвик е што 25% од популацијата во Македонија на возраст од 25 до 64 години одлучува да се надградува постојано во текот на животот, да ги развива стекнатите вештини за да обезбеди работен ангажман или да напредува во работата. Нашата интенција е да го достигнеме европскиот просек кој изнесува 47% и затоа усвоивме ново поефективно законско решение, нова Стратегија за образование на возрасните и преку промотивни активности ги поттикнуваме да продолжат да се едуцираат, да ја зголемат својата вработливост и да бидат повеќе конкурентни на пазарот на трудот“, рече Јаневска.
Министерката посочи дека државата во соработка со Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија изработи Стратегија за паметна специјализација која укажува во кои области државата има потенцијал за развој и во таа насока Владата ги канализира човечките ресурси и инвестициите. Стручното формално и неформално образование помагаат за успешна имплементација на овој стратешки документ со крајна цел за економски напредок на Македонија.
Соговорници на настанот беа египетскиот заменик министер за образование и стручна едукација, проф. Ајман Баха, генералниот секретар на Националниот одбор на универзитети, проф. Мустафа Рифат, како и претставници на УНИЦЕФ и Светска банка.
Јаневска присуствуваше на повеќе други панел дискусии и презентации во рамки на „Глобалниот конгрес за население, здравство и развој на човечки капитал“ а оствари и средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур со кого е договорено формирање на работно тело со претставници на двете држави што ќе дефинира конкретни активности кои ќе ја продлабочат билатералната соработка во високото образование и науката.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев
„Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев, го постави Александар Трајановски за потпретседател на партијата. Ова именување е уште една потврда дека Заев и натаму ги држи конците во СДС и ја води партијата од сенка“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче со ова покажува дека не му е важен напредокот на СДС. Тој избира кандидат кој ги загуби локалните избори, но истовремено е близок до него и до неговиот ментор Заев. Јавноста добро ги памети нивните летувања на скапите грчки плажи, уживајќи во ултра луксузната јахта на Заев. Со ова, се докажува дека ова трио не го интересира народот, туку луксузот. СДС со истите луѓе како Заев, Ковачевски и Филипче, продолжува да тоне во бездната. И наместо да се реформира и да се освежи, тие ставаат повторно кадри кои се продолжеток на Зоран Заев“, истакна Манасиевски.
Тој порача дека „реформите во СДС ќе дојдат само доколку Филипче си замине од партијата“.

