Контакт

Македонија

Камбовски: МАНУ ќе се залага да не се преименува во Академија на науките на Северна Македонија

Објавено пред

МАНУ ќе се залага да го задржи акронимот, без да се преименува во Академија на науките на Северна Македонија, вели академик Владо Камбовски. Според него, има простор за либерлано толкување на членот од договорот кој се однесува на кодовите и придавките на државните институции.

„Кога ќе дојде време за имплеметација на договорот, ние ќе се обидеме да дадеме доволно аргументи дека МАНУ, МНТ и Филхармонијата треба да ја задржат автономијата на употреба на терминот македонски. Точно, МАНУ има финансиска поддршка од државата, но се работи на реформи за деетатизација. Задржувањето на придавката нема да има штета за другата страна зашто тамошната Атинска академија не ја користи истата придавка“, порача Камбовски.

Академик Камбовски на реферат од 20-ина страници го изнесе својот став за договорот со Грција оценувајќи го како европски кој не ги загрозува идентитетот, јазикот и државјанството.

„Постигнатиот консензус за новото име е компромис меѓу стравот и надежта на двете страни: задржано е името Македонија, со што не се загрозува идентитетот на македонскиот народ кој живее на нејзина територија, но додадена е географска одредница со која таа се разликува од северниот регион на Грција“, образложи Камбовски.

За него, договорот со Грција е добар пример и основа за склучување вакви договори и со другите соседени земји.

Неговите ставови не се заеднички и официјални на целата МАНУ, туку научни на Центарот за стратегиски истражувања при Академијата. Излагањата на Камбовски се во пресрет на утрешната научна расправа посветена на договорот од Преспа.

Македонија

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку Фејсбук најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Објавено пред

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите Фејсбук профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу кои Влатко Ѓорчев, Ане Лашкоска, Лилјана Затуроска, Павлина Честојнова, Зоран Илиоски, Дафина Стојановска, Димитар Стевананџија, Лилјана Кузмановска, Трајче Димков, Никола Мицевски и Васил Пишев, повикувајќи се на поддршка од граѓаните, напишаа дека немаат намера да поддржат промена на името на државата.

„Нема да гласам за уставните измени за промена на уставното име на Република Македонија. Македонија е мојот идеал и вечна љубов. Тоа е емоција и кауза што не поминува. Јасен е ставот на народот, гласачите и членството против најавените измени за промена на уставното име на Република Македонија. И народот, и гласачите, и членството. Очигледни се притисоците и недемократските постапки на власта на СДСМ во кампањата за референдумот, кои секојдневно се се засилуваат, особено во локалните средини. Сето тоа дополнително го компромитира и проблематизира резултатот и демократскиот карактер на престојниот референдум. Секако дека Македонија треба да биде членка на ЕУ и НАТО. Македонија тоа одамна го заслужува, а ВМРО-ДПМНЕ беше првата партија во независна Македонија која ги промовираше евро-атлантските интеграции. Членството на Македонија во НАТО и ЕУ, заедно со стратешкото партнерство со САД, остануваат приоритет на нашата надворешна политика“, напиша Ѓорчев.

„Јас Ане Лашкоска, како кандидат за пратеник на ВМРО–ДПМНЕ ја побарав Вашата поддршка на парламентарните избори во 2011, 2014 и 2016 година. И тогаш, а и денес гласно кажувам , не се согласувам и нема да поддржам промена на Уставот на државата со цел промена на Уставното име на Република Македонија. Нема да бидам пратеник, но пред сѐ човек, граѓанин на Македонија, кој ќе се согласи да се избрише минатото на државата, да се избрише делото на нашите предци и да придонесам во создавање на идина на младите генерации без минато. Ни поставуваат прашање кое не заслужува одговор! Татковината ни е света! Ја носам во срцето! Вечна да ни е Македонија!“, напиша Лашкоска.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев вели дека нема информација дека станува збор за организирана акција, а официјално ниту од партијата не откриваат на што се должи ваквата реакција на дел од пратениците.

Прикажи повеќе...

Македонија

Иванов од денеска престојува во работна посета на САД

Објавено пред

Од

Претседателот Ѓорге Иванов, од денеска престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 73. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Иванов на 27 септември ќе има обраќање на генералната дебата на 73. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации на тема: „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите луѓе: Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества“.

Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН предвидено е претседателот Иванов да оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и повеќе билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.

Предвидено е претседателот Иванов да присуствува на настанот на високо ниво – Глобален повик за акција за светскиот проблем со дрогата, со кој ќе претседаваат Претседателот на САД, Доналд Трамп и Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Македонскиот претседател ќе присуствува и на Мировниот самит Нелсон Мандела 2018, пленарен состанок на високо ниво посветен на глобалниот мир, а по повод 100-годишнината од раѓањето на поранешниот јужноафрикански лидер.

Претседателот Иванов во Њу Џерси ќе оствари средба со претставници на македонската заедница.

Во рамки на работната посета на САД, на претседателот Иванов во Детроит ќе му биде врачена наградата Глобален државник, највисоко признание што го доделува Обединетата Македонска Дијаспора. Во Детроит претседателот Иванов ќе одржи предавање на Државниот универзитет Вејн, во чии рамки е Мајк Илич Школата за бизнис, и ќе оствари средба со македонската црковна заедница во Детроит.

Иванов за време на работната посета на САД ќе биде придружуван од сопругата, Маја Иванова. Таа ќе присуствува на настанот со првите дами учеснички на Генералното Собрание на Обединетите Нации во организација на Првата дама на САД, Меланија Трамп, како и на настан на високо ниво кој го приредува Првата дама на Република Турција, г-ѓа Емине Ердоган. Во Детроит,Иванова ќе ја посети Детската болница на Мичиген.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски: Сајбер-заканите се меѓу најзначајните безбедносни закани врз современите општества

Објавено пред

Од

,,Нема сомнеж дека во последните неколку години, сајбер-заканите се меѓу најзначајните безбедносни закани врз современите општества, што е основна причина истите да се третираат како интегрален дел од националната и меѓународната безбедност“, истакна меѓу другото министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во своето обраќање на меѓународната министерска конференција посветена на темата – ,,Високотехнолошки криминал и информатичка безбедност“ што денес и утре се одржува во Белград, а во организација на српското Министерство за внатрешни работи.

Презентирајќи ги активностите што македонската полиција, но и другите надлежни институции ги преземале и преземаат во оваа област, министерот Спасовски посебно ги посочи нормативните промени целосно хармонизирани и во соработка со ЕУ, како и Националната страгија за сајбер-безбедност 2018 – 2022 година, којашто служи како патоказ за развој на сигурно, безбедно, доверливо и отпорно дигитално окружување, поддржано од квалитетни капацитети, кои се базираат на доверба и соработка во полето на сајбер-безбедноста.

,,Нашето министерство се фокусира на развивање на капацитетите за обезбедување електронски докази и информации во електронска форма со цел поддршка на сите истраги коишто се водат во рамки на инстиуцијата“, нагласи Спасовски, притоа посочувајќи го Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР како клучен во превенцијата и борбата против овие обици на криминал.

,,Независно од низата меѓународни признанија за покажаната ефикасност и професионалност во водењето истраги како на национално, така и на меѓународно нив, наша цел е континуирано унапредување на капацитетите на овој Сектор во насока на истражување на компјутерскиот криминал, дигиталната форензика“, потенцираше Спасовски.

Република Македонија и МВР продолжуваат да бидат активен дел од широкиот фронт заедно со нашите соседи и партнерските држави и посебно со ЕУ и нејзините институции, како наш стратешки партнер. ,,Со цел постигнување добри резултати во иднина, сметам дека е неопходно продолжување на соработката во сите наведени сегменти при што посебно ја нагласувам важноста на редовна размена на информации на национално и меѓународно ниво“, рече Спасовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку Фејсбук најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите Фејсбук профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците,...

Македонија2 часа

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија2 часа

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија2 часа

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија2 часа

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија2 часа

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет4 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија13 часа

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија16 часа

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија17 часа

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија19 часа

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија19 часа

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток23 часа

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ23 часа

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија24 часа

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток1 ден

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија1 ден

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ1 ден

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток1 ден

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Вести1 ден

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Досие