Контакт

Македонија

(Видео) Камења висат од мостот кај Визбегово, Стојанче Ангелов утврдил опасност: „Сејфти фрст“

Објавено пред

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изврши лично обиколка на мостот во Визбегово, Скопско, по повторното јавување на граѓани на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК.

Утврди дополнителна опасност од коцките камен, кои од гумите на тешките камиони и возила се вадат и се истуркуваат од патот и од мостот сè до рабовите на мостот, од каде што по нивното паѓање, претставуваат сериозна закана за животот на граѓаните што возат или поминуваат под мостот.

„Оваа коцка може да убие човек“, рече Ангелов тргајќи камења од опасниот мост за време на увидот.

На 12 ноември лани директорот на ЦУК, Стојнче Ангелов, директно од мостот ги повика јавно надлежните да преземат мерки за отстранување на опасноста од големите парчиња бетон што висеа над коловозот и за нестабилноста на мостот надвозник кај Визбегово, Скопско, како и парчиња бетон што висат од него, кои претставуваат опасност за луѓето и возилата што се движат по него, но уште повеќе за тие што се движат под него.

Разграничувањето на надлежностите на Град Скопје и Општина Бутел се преклопуваат и можеби не беа јасни до крај, но Град Скопје преку ЈП „Улица и патишта“ сепак постави заштитна ограда за еден ден по јавниот аларм на ЦУК, што во интерес на безбедноста на граѓаните директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, јавно ја актуализира по повеќето пратени документи и укажувања.

Потоа, на 15 ноември Центарот за управување со кризи упати благодарност до Град Скопје за брзата реакција и отстранување на потенцијалната опасност по граѓаните од парчињата бетонски плочи што висеа од мостот надвозник кај Визбегово, но сега се појавува опасност од коцките камен, кои опасно се вадат од патот и мостот, па се тркалаат до рабовите на мостот.

„Денеска, повторно јавно ги повикавме надлежните институции, но и медиумите и граѓаните да се актуализира отстранувањето на опасноста од мостот во насока институциите да реагираат, медиумите дополнително да истражат и информираат, а граѓаните да пријават каква било опасност на бројот 112. Едноставно кажано, безбедноста на граѓаните е секогаш на прво место. ‘Сејфти фрст!’“, рече Ангелов.

Најново

Црна хроника11 минути

Стружанец пријавил дека бил грабнат со закана со оружје, па признал дека измислил

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“,...

Македонија14 минути

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Сите настани околу прославата на 35 години самостојност ги платиле општествено одговорни компании, рече премиерот Христијан Мицкоски. Иако денес првпат...

Македонија19 минути

Само 32 отсто од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Резултатите од ПИСА 2025 се повторно многу лоши, но тие се одраз на претходно спроведените реформи во образованието, оцени денеска...

Македонија30 минути

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција

Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола помогнал да се спаси тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во морето...

Спорт32 минути

НБА сака да ја преземе Евролигата

НБА е подготвена да ја купи и преземе Евролигата. Потенцијалната понуда на НБА за купување на Евролигата би можела да...

Свет52 минути

Германија би можела да му достави на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Германија би можела да ѝ достави на Украина податоци за украинските мажи кои живеат во земјата и се способни за...

Свет58 минути

Кина воведува построги правила за вештачката интелигенција и авторските права

Кина планира да ги заостри и приспособи прописите за заштита на интелектуалната сопственост поврзани со вештачката интелигенција и алгоритмите, како...

Македонија1 час

„Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за...

Македонија1 час

Тошковски во посета на Тетово: „Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово,...