Контакт

Македонија

Канадските искуства за употребата на канабисот беа дискутирани во Владата

Објавено пред

На третиот состанок на Работната група за канабис која се одржа денеска во Владата, на покана на членовите од Здружението на производителите на медицински канабис, присуствуваше и Стефани Вилмот од Канада – консултант за правни прашања и добри производни практики, познати како GMP стандарди (Good Manufacturing Practice) и процеси за примена на лиценци.

Со членовите на работната група, Стефани Вилмот сподели искуства и информации за начинот на кој во Канада е легализирана медицинската и личната употреба на канабисот. Таа се осврна на тековните стандарди, вклучително и добрите производни практики (GMP) за хербални медицински препарати.

Беа објаснети повеќе аспекти кои ги опфаќаат прописите за здраво и безбедно одгледување на канабисот, за контрола на квалитетот во сите аспекти на производството, и тоа за: неопходноста од научно истражување за примена на канабисот како лек за специфични болести, важноста на правилното инспекциско работење за да се обезбеди дека нелегалниот канабис не влегува во медицинскиот пазар и пазарот за лична употреба, вклучително и целосни контролни механизми за следење на одгледувањето и производството на канабис, заштитата на малолетници, и даночните придобивки од легализацијата на канабисот.

На состанокот се разгледаа потребите и можностите за проширување на листата на дијагнози за кои канабисот може да се препише од доктор за медицинска употреба, за што во периодот што следува ќе бидат дефинирани конечните решенија.

Работната група ги разгледуваше и можностите за обезбедување декриминализација на канабисот во рамки на тековната дискусија за измени на Кривичниот законик, а со цел да се отстранат недостатоците во спроведување на правото во оваа област.

Во рамки на работната група се изработува и компаративна анализа на моделите по однос на статусот на употреба на канабисот во 10 различни земји од регионот, Европа и светот (Португалија, Холандија, Чешка, Шпанија, Канада, Колорадо (САД), Калифорнија (САД), Израел, Хрватска и Албанија) која ќе обезбеди темелен преглед на политиките за канабис согласно утврдените критериуми.

На третиот состанокот на Работната група за канабис учествуваа претставници од Министерството за здравство, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Кабинетот на премиерот, Здружението на токсиколози, Психијатриската асоцијација, Факултетското студентско собрание при Фармацевтски факултет, Хелсиншкиот комитет за човекови права, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Коалицијата маргини, Здружението Операција Ослободување, Здружението за канабис и зелени политики Билка, НВО коалиција Канабис институт Пелагонија, Здружението на производителите на медицински канабис, Иновативната фармацевтска индустрија и од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ.

Македонија

Владата почна постапки за обезбедување 20.000 литри гориво за противпожарните возила и летала

Објавено пред

Владата донесе одлуки за спроведување постапки за обезбедување 15.000 литри млазно гориво и 5.000 литри нафтени деривати за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување, заради справување со појавата на пожарите.

Владата донесе одлука за отстапување нафтени деривати од стоковните резерви без надомест, од Агенцијата за стоковни резерви.

„Со одлуката е задолжена Агенцијата за стоковни резерви да отстапи 5.000 литри Еуродизел од стоковните резерви за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување, без надомест, заради справување со појавата на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, за противпожарните возила“, соопшти Владата.

Согласно Одлуката за постоење кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на целата држава и справување со непредвидливите последици, Владата го задолжи Бирото за јавни набавки да даде согласност на Генералниот секретаријат на Владата да спроведе постапка со преговарање без објавување оглас согласно член 55 од Законот за јавни набавки, за набавка на 15.000 литри млазно гориво за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Активни повеќе пожари во Македонија, затворени се неколку патишта

Објавено пред

Низ Македонија активни се неколку пожари, а на терен се силите на Армијата, противпожарни екипи, а помош дава и месното население.

Во продолжение интегрално го пренесуваме соопштението на Центарот за управување со кризи со состојбата со пожарите до 19 часот:

Штипски регион
Пожарот кој започна на ден 02.08.2021 година во атарот на с.Нов Истевник, маало Пасјак сеуште и е во дијаметар од 15 км. До овој момент опожарена се околу 800 ха борова шума и нискостеблести растенија. Пожарот го зафати маалото Балабанци с.Нов Истевник, каде зафати и 3 куќи, а истиот брзо се шири и ја зафати и Курачка маала каде досега изгореа 3 плевни.

Поради големиот пожар регионалниот патен правец Делчево – Пехчево е затворен за сообраќај. Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 04:00 часот. Интервенираат 200 припадника на АРСМ; 25 вработени во ШС Голак – Делчево со 4 теренски возила; ТППЕ Делчево со 13 пожарникари, 2 цистерни и теренско возило; 5 припадника на Гранична полиција со 5 теренски возила; 3 припадника на ПС Делчево со 1 теренско возило; ЈПКД Брегалница со 10 вработени со 2 ровокапачи, теренско возило со 1 тон вода и 1 џип; РЦУК Делчево со 1 вработен, ТППЕ Македонска Каменица со 4 пожарникари со теренско возило; ЈП Камена река – Македонска Каменица со 10 вработени и 1 комби; и дел од ПП екипата од Р.Бугарија. Волонтери од Црвени Крст Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните сили. Во гаснењето на пожарот ангажирани се и 4 хеликоптери.

На територијата на општина Пехчево, кај м.в.Бајаз Тепе сеуште е активен и се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик. Поради силината на ветерот пожарот го префрли регионалниот пат Берово – Делчево и се движи накај селото Црник. Патниот правец е забранет за движење. Опожарена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Интервенираат хеликоптери, 100 припадници на АРСМ, 20 Ренџери, дел од екипата од Р.Бугарија; ШС Равна Река – Пехчево со 30 вработени со 2 теренски возила со цистерни и 4 возила за превоз; ШС Малешево – Берово со 15 вработени со 2 теренски возила со цистерни и 2 теренски возила за превоз; ТППЕ Берово со 3 ПП возила и 7 пожарникари; ТППЕ Скопје, Штип и Струмица со по 2 пожарникари со 1 ПП возило; ДЗС со 1 теренско возило со цистерна и 4 вработени; РЦУК Берово со 1 вработен; ЕВН со 6 теренски возила за превоз; 35 луѓе од месното население; Како и ПП екипите од Словенија кои се распоредени во атарите на селата Црник и Негрево.

Во 15:10 часот пожар на отворен простор помеѓу с.Тработивиште – с.Вирче. м.в.Дштица, каде гори бор и бука. Интервенира ТППЕ Делчево со 1 теренско возило и 2 пожарникари.

Во 15:15 часот пожар во атарот на с.Дулица е пријавен пожар на отворен простор каде горело сува трева и каде интервенираат ТППЕ Македонска Каменица со 1 ПП возило и 2 пожарникари.

Пожарот на потегот Костин Дол – Ново Село (опш.Кочани и опш.Македонска Каменица) е под контрола.

Интервенирале ТППЕ Кочани со 15 пожарникари; ШС Осогово – Кочани со 10 вработени; Водостопанство – Кочани со 20 луѓе; и МЗШВ со 5 лица. На терен останала екипа од ШС Осогово.

Струмички регион
Пожарот кај м.в.Погана, кој започна на ден 01.08.2021 година е со намален интензитет, односно нема активно горење. Досега опожарени се околу 1.300 ха ниско стеблеста шума (даб, габер, прнар, јасен). Денес до околу 12:00 часот беше спласнат, но со појавата на посилен ветер се прошири према Богданци, непосредно пред ветерниците е активен и посилен и критично за еден дел од зимзелена шума, како ветрениците.

На останатиот терен према населените места Балинци и Брајковци е локализиран. На терен интервенираат: ТППЕ Валандово со 2 ПП возила и 7 пожарникари; ШС Саланџак – Валандово со 14 вработени; ПО ДЗС Валандово со 7 припадника; АРСМ со 30 припадника; ЕВН Битола со 7 вработени, едно теренско возило и 1 цистерна и Здружение од Битола со 9 припадника. Има и 2 трактори за пренос на храна и вода за учесниците во пожарот.

Поради новонастанатата ситуација и активирање на пожарот во непосредна близина кај ветерниците ќе има потреба и за утрeшниот ден помош од армијата и други сили.

Битолски регион

Во општина Прилеп, пожарот во атарот на с.Ракле – с.Никодин – с.Топлица е активен со јак интензитет. Од с.Ракле евакуирани се две неподвижни стари лица и префрлени во својот дом во Прилеп. Интервенцијата ја спроведе екипа од МВР ПС Прилеп со возило на ПС Прилеп.

Во с.Ракле останати се уште 5 лица од месно население, а интервенираат 7 од ТППЕ Прилеп и 10 лица од месно население.

Пожар на потегот Дрен – Смолани (опш.Прилеп) со кој гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка е со јак интензитет. На истиот локалитет има и еден приземен пожар на м.в.Мањов Дол, каде гори нискостеблеста дабова шума.

Интервенираат 3 пожарникари на ТППЕ Прилеп и 2 лица од месно население, како и 7 работници на ШС Црн Бор Прилеп.

На пожарите повлечени се припадниците на АРСМ.

За во 18:30 часот свикан е кризниот штаб на ЕЛС Прилеп, а од страна на градоначалникот на ЕЛС Прилеп добиено е и барање за воздушна и армиска подршка.

ТППЕ Прилеп известува дека во 15:50 часот интервенираат на запалена сува трева кај с.Тополчани.

Од 16:25 часот ТППЕ Прилеп интервенира за пожар во пазарот во Прилеп каде се продава текстил.

ТППЕ Битола, од 12:30 до 14:00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена сува трева кај с.Жабени.

Во пожарот бил зафатен и еден помошен објект.

Од 11:35 до 13:30 часот, имало пожар на запалена сува трева и отпад од ѓубре на излезот од с.Светомитрани спрема с.Пресил. Интервенирале 3 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Крушево, 2 вработени со 1 возило од ЈП „Липа“ Крушево и 2 полицајци со 1 возило. Зафатена површина од 0,02 ха.

Во атарот на с.Лешани (опш.Дебарца) појавен е шумски пожар, на кој се упатени екипи на ШС „Галичица“ Охрид,

ТППЕ Охрид и ЕЛС Дебарца.
Пожарот во атарот на с.Девич (опш.Македонски Брод), во 18:00 часот на ден 04.08.2021 година е ставен под контрола. Од утрово на терен се ТППЕ Македонски Брод со 4 пожарникари и 5 вработени од ШС Македонски Брод заради контрола на просторот.

Тетовски регион
Пожар на сува трева на локација од с.Реовиќ (опш.Сарај) во правец кон с.Мерово (опш.Желино). За пожарот се известени ШС Лешница –Тетово и ПС Групчин.

ТППЕ Тетово привршуваат со интервенцијата кај фабриката Леар, а дополнително имаат екипа на интервенција кај с.Пирок (опш.Боговиње) за запалена сува трева.

Исто така има и падната електрична бандера во село Боговиње за што се известени ЕВН Македонија и ПС

Боговиње, а на неколку наврати интервенираат и за паднати дрва како последица од силниот ветер.

Паднати дрва на повеќе локации во општините Брвеница, Јегуновце ,Боговиње и Тетово.

До 17:05 часот имало пожар на сува трева во с.Теново (опш.Брвеница) каде што интервенирале просторни сили од ЕЛС Брвеница со механизација од цистерна од 6 тони, два багери и 12 лица од просторни сили од општината, како и 2 жители на село Радиовце. Пожарот е локализиран.

Во општина Гостивар, до 16:30 часот во регион засега има пријавено шумски пожари во село Куново во 15:50 часот, каде е е упатена екипа на ШС „Шар“ Гостивар, а известени се и ТППЕ Гостивар.

Исто така повторно е активиран пожарот кај Пожаране во 15:45 часот, за кој известени се ЈП Македонски шуми Шар Гостивар и ТППЕ Гостивар.

Кумановски регион

ТППЕ Куманово со 4 пожарникари и 1 ПП возило, од 07:00 часот интервенираат на запалена сува трева во атарот на с.Јачинце.

Од Градоначаникот на Општина Куманово побарано е ангажирање на војската за гаснење на пожарите кои се на 8 нови локации и тоа кај селата Зубовце, Сопот, Четирце, Нагоричане, Зебрњак, Лојане, Орашац и Долно Довезенце.

ТППЕ Старо Нагоричане известува дека во атарот на с.Жељудино испратени се 6 пожарникари со 1 ПП возило и 2 теренски возила, 10 вработени во ШС Куманово со 2 теренски возила и 4 граѓани.

Во општина Ранковце – Крива Паланка, од страна на ЕЛС Ранковце, доставено е барање за употреба на хеликоптер и војска за гаснење на пожар на територијата кај с.Гулинци кое е отсечено од пат (патиштата се ураснати со нискостеблеста шума и однесени од дождови и е непристапно за противпожарни возила на ТППЕ Ранковце). Според барањето пожарот претставува опасност да се прошири во останатите села како Пклиште, Отошница, Станча во општина Ранковце и Дренок, Осиче и Дејлповце од општина Старо Нагоричане кои исто така се отсечени од пристапни патишта од кај страната на општина Ранковце.

Во 15:52 часот од ТППЕ Ранковце известиле дека екипа од ТППЕ Ранковце ќе излезе на терен во с.Гулинци поради проверка на состојбата со пријавениот пожар од Градоначалникот на Општината.

Велешки регион

Во општина Кавадарци има пожар во шума на м.в.Свети Петре, помеѓу селата Мрежичко и Рожден. Гори мешана нискостеблеста шума од даб и јасен. Интервенираат ТППЕ Кавадарци со 4 пожарникари и 1 ПП возило, ШС „Бор“ Кавадарци со 5 вработени и 1 возило и Еуро Никел со 7 вработени и 2 возила. Теренот е каменит и непристапен и дува силен ветер. Изгорена површина до пристигнување на екипите е околу 10 до 15 декари.

Во општина Росоман, од 13:25 до 15:55 часот, во близина на с.Сирково имало пожар на сува трева и грмушки. Интервенирале ТППЕ Кавадарци со 3 пожарникари и 1 ПП возило.

Во општина Свети Николе, од 16:15 часот има пожар на Богословски рид, каде гори сува трева. Интервенираат ТППЕ Свети Николе со 11пожарникари со 2 ПП возила и 2 ПП возила од ДППД Свети Николе.

Скопски регион

На територијата на Град Скопје има 18 активни пожари од кои повеќето помали интервенции за запалена сува трева и ѓубриште со помал ризик.
Покрај овие регистрирани се и следните пожари:
 БППЗ известува за пожар во реонот Буковиќ – Раовиќ (опш.Сарај) кој е од поголеми размери. Интервенираат БППЗ, но истите бараат помош во луѓе од АРСМ.
 Помеѓу с.Добри Дол и с.Ракотинци на поголема неутврдена површина гори сува трева и ниско стеблеста шума. На пожарот интервенира екипа на БППЗ.
 Во 16:30 часот на бул.Борис Трајковски на главен влез на „Охис“ има пожар каде гори сува трева и интервенира БППЗ со 3 ПП возила.
За сите пожари известена е и ШС Караџица.

Локализирани се следните пожари:
 Село Кучково кон село Горно Свиларе, каде на неутврдена површина гори сува трева и ниско стеблеста шума.
 Село Горно Блаце каде на неутврдена површина гори сува трева и ниско стеблеста шума со тенденција да се прошири кон повисоката шума.
 Од 16:55 часот, пожар во с.Долно Соње – Скопје, пат кон с.Брзовец, каде се опожарени сува трева и фолии.

Прикажи повеќе...

Македонија

Приведено едно лице за предизвикување на пожар во Ресенско

Објавено пред

Полицијата уапси едно лице за предизвикување пожар во селото Лева Река, Ресен.

Според информациите од полицијата, уапсен е К.С. од с.Лева Река поради постоење основи на сомнение дека го предизвикал пожарот во Лева Река, во кој беше опожарена нискостеблеста шума.

Пожарот околу 17:40 часот беше ставен под контрола.

К.С. е приведен во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

Вчера од Полициско одделение Галате беше уапсен Л.А. (32) од Албанија, со илегален престој во државата, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране.

Исто така, полицијата во координација со јавен обвинител постапува и во врска со осомниченото лице за пожарот во Старо Нагоричане и двете осомничени лица за пожарот кој на 3.8.2021 беше пријавен пред село Блаце кон Катланово.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Владата почна постапки за обезбедување 20.000 литри гориво за противпожарните возила и летала

Владата донесе одлуки за спроведување постапки за обезбедување 15.000 литри млазно гориво и 5.000 литри нафтени деривати за потребите на...

Македонија21 минута

Активни повеќе пожари во Македонија, затворени се неколку патишта

Низ Македонија активни се неколку пожари, а на терен се силите на Армијата, противпожарни екипи, а помош дава и месното...

Македонија1 час

Приведено едно лице за предизвикување на пожар во Ресенско

Полицијата уапси едно лице за предизвикување пожар во селото Лева Река, Ресен. Според информациите од полицијата, уапсен е К.С. од с.Лева...

Македонија3 часа

Ангелов: Пожарите се шират со голема брзина, имаме сознанија дека некои намерно се запалени

Пожарите се шират со голема брзина, а имаме сознанија дека некои намерно се запалени, изјави директорот на Центарот за управување...

Македонија5 часа

Ширењето на пожарот кај Делчево е критично – неопходна евакуација на две села

Жителите од критичните реони во село Нов Истевник и Стар Истевник зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската...

Македонија6 часа

219 нови случаи на Ковид-19, починаа четири лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на...

Македонија8 часа

Ангелов најави акциски план за справување со пожарите

Откако Владата денеска прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите кои ја зафатија Македонија, директорот за Центарот...

Македонија10 часа

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради зголемената појава на пожари

Владата на денешната 95. седница, која се одржа изутринава, донесе одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна...

Топ10 часа

72-годишен битолчанец извршил полов напад врз десетгодишно девојче

Маж од Битола на возраст од 72 години е осомничен дека сторил полов напад врз дете што не наполнило 14...

Топ10 часа

Татко си ја малтретирал својата ќерка, ја удирал со тупаници и ѝ се заканувал на сопругата дека ќе ја убие

38-годишен жител од Брвеница, татко и сопруг, е осомничен за малтретирање на својата ќерка и за семејно насилство над блиски...

Европа11 час

(Видео) Пожарите во Грција не стивнуваат, населението се евакуира, огнената стихија уништи куќи

ЕУ испрати помош за Грција и другите земји од Југоисточна Европа, кои се борат со големи пожари. Помошта дојде еден...

Македонија12 часа

Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите, ќе емитувам во живо

Пет хеликоптери, три српски и два македонски, полетаа од скопскиот аеродром кон Пехчевскиот Регион, соопшти утрово директорот на Центарот за...

Македонија13 часа

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

Владата, денеска, во 8.30 часот треба да одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење...

Македонија1 ден

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија1 ден

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија1 ден

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија1 ден

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија1 ден

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ1 ден

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион1 ден

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Досие