Контакт

Македонија

Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Арсовска, без маска на состанок со Занаетчиската комора

Објавено пред

Данела Арсовска, кандидатката за градоначалничка на Скопје и сегашна претседателка на Сојузот на стопанските комори, на „Фејсбук“ објави фотографија од состанокот со претставниците на Занаетчиската комора, на која се гледа дека разговараат без маски, а не внимаваат ниту на дистанцата. Арсовска фотографијата од состанокот ја објави вчера.

Во сила сè уште се мерки што пропишуваат задолжително носење маска во затворени простории, но од објавената фотографија се гледа дека на состанокот никој не носи маска. Маските, на фотографијата, стојат на масата пред учесниците на состанокот.

За слична објава на прекршување на протоколите во јануари годинава функционери од ДУИ добија казна од 20 евра за неносење маска и кривична пријава кога на социјалните мрежи објавија фотографија на која се гледа дека во просториите на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците слават роденден на лидерот Али Ахмети.

Македонија

Земјотрес кај Кичево и околината

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала синоќа ја потресе околината на Кичево.

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 21 часот и 17 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Дебарца-Илинска Плакенска Планина.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML2.8, а беше почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Прикажи повеќе...

Македонија

Речиси 47 отсто од населението над 18 години е вакцинирано со една доза вакцина

Објавено пред

Заклучно со 26 септември, со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 46,9% од населението над 18 годишна возраст, соопшти Министерството за здравство. Кај лицата над 40 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 55%, кај лицата помеѓу 18-39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 31%.

„ Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид(63,9%), Кавадарци(64,3%), Гевгелија(61,4%) и Неготино(65,1%). Помеѓу 50-60% опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Д.Хисар, Ресен, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово, Штип и Пробиштип. Помеѓу 40-50% опфат на вакицнинирани граѓани има во градовите Кичево, Св.Николе, Кочани, Делчево, К.Паланка, Струга, М.Брод, Скопје и Тетово. Помеѓу 30-40%, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш“ наведува министерството.

Во тек е вакцинација во постоечките вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шилегов: Силна финансиска поддршка за граѓаните, 50 отсто поевтин оброк за учениците, до 50 проценти помал трошок за градинките

Објавено пред

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов нуди финансиска поддршка за сите групи граѓани во следните четири години.

Во изминатите речиси две години пандемијата ги смени животите на граѓаните. Покрај здравствените ризици кои ги донесе Ковид-19, силно страдаше економијата и семејните буџети на граѓаните. Затоа, најдоброто за нашиот град во следните четири години подготви пакет од силна финансиска поддршка за сите групи граѓани. Скопје е град на солидарноста и како таков мора да се грижи за сите, а парите на граѓаните да ги враќа онаму каде се најпотребни.

Овој пакет од социјални поволности е наменет за сите групи, за возрасните и пензионерите, лицата со попреченост, лицата со ретки болести, младите и идните родители. Продолжуваме со остварување на активности за поквалитетен живот во нашето Скопје, за подобро секојдневие на нашите сограѓани, за поудобни и побезгрижни денови во овој град.

Пензионерите и повозрасните граѓани се извор на знаење, искуство и мудрост. Тие го граделе Скопје и ја заслужуваат поддршката од градот. Затоа им го олеснуваме животот и се грижиме за нивните потреби.

Овозможуваме бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје секој ден во неделата. Нашите повозрасни граѓани ќе можат слободно да се движат и да ги остваруваат своите обврски, а не само вторник и петок. На тој начин ги запираме метежот во работните денови во градските автобуси за луѓето кои одат на работа, или на школо.

Овозможуваме бесплатен медицински транспорт за лицата во трето доба и лицата со попреченост до здравствените институции во градот. За поголема самостојност и независно функционирање, обезбедуваме ефикасен, безбеден и бесплатен транспорт.

Се грижиме и за лицата со ретки болести, како инклузивно општество кое се грижи за сите.

Лицата со ретки болести кои живеат во Скопје ќе можат исто така бесплатно да го користат јавниот градски превоз. Трошоците за хроничната терапија која ја примаат ги олеснуваме преку финансиско ослободување за јавниот превоз, за нив и нивната придружба при користење на превозот.

Во пакетот финансиска поддршка се вклучени и младите кои се движечката сила на градот. Ги поддржуваме во личниот и професионалниот развој.

На сите постдипломци и докторанди кои студираат во Скопје им овозможуваме бесплатен превоз во градските автобуси. Со тоа ги поттикнуваме да бидат поактивни во своите обврски и релаксирани во планирањето на својата мобилност низ градот.

Учениците од државните основни училишта во градот ќе добиваат до 50% поевтин оброк за време на престојот во училиште. Оброкот го правиме подостапен за секое дете и поттикнуваме исхрана во училиштата.

Ќе доделуваме 100 стипендии во висина од 12.000 денари месечно за најдобрите средношколци од средните училишта на Град Скопје кои ќе се запишат на некој од државните универзитети. Ги поттикнуваме младите да вложуваат во себе, ги елиминираме финансиските потешкотии на семејствата и го вреднуваме трудот.

За секој средношколец од државните училишта, обезбедуваме бесплатно овошје за време на училишниот престој. Здравата исхрана е неопходна за виталност и здрав живот. Создаваме навики кај младите за здрава и среќна иднина.

Градот ќе расте и ќе се развива ако идните родители ги гледаат можностите и сакаат да живеат во него. Мојот императив е среќни и задоволни граѓани во Скопје. Вложуваме во среќата за идните родители и за сите семејства во градот.

Го субвенционираме згрижувањето на децата во државните градинки преку покривање на максимум 50% од месечниот трошок. Ги поттикнуваме семејствата да останат во Скопје, тука да се развиваат и остваруваат.

За остварување на желбата за потомство, го помагаме процесот на Биомедицинско потпомогнато оплодување преку финансиска поддршка на паровите. Го дополнуваме семејниот буџет за дополнителните трошоци што не се признаени со основните поволности на Фондот за здравствено осигурување или во дополнителен обид кој не е покриен од Фондот. Ја поддржуваме храброста и упорноста за посреќни семејства во нашиот град.

Потребите на скопјани се предизвик кој со задоволство го прифаќаме и на кој ќе одговориме. Град Скопје развива социјална политика на локално ниво која се повеќе не доближува до граѓаните и нивните судбини а тоа ни дозволува и реално да ги креираме социјалните мерки кон нив.

Преку овој пакет мерки градот вложува во квалитетот на живот. Градот станува еднаков за сите граѓани, транспарентен и солидарен град, град на успешен соживот. Постојаната комуникација со секој наш сограѓанин и подадена рака на секој на кого му е потребна е препознатлив пристап за нас. Ни претстои една поинаква приказна во социјалната слика на градот. Од Скопје правиме социјално сензитивен град за посреќни мигови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Речиси 47 отсто од населението над 18 години е вакцинирано со една доза вакцина

Заклучно со 26 септември, со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 46,9% од населението над 18 годишна возраст,...

Свет1 час

(Видео) Силна експлозија во зграда во Гетеборг натера луѓе да скокаат од прозорец, најмалку 25 повредени

Најмалку 25 луѓе се повредени во експлозија што се случи денеска во станбена зграда во Гетеборг. Шведската полиција соопшти дека...

Регион2 часа

Нов силен земјотрес на Крит – стотици луѓе ја поминаа ноќта во шатори

По немирна ноќ и неколку силни земјотреси што вчера го погодија Крит, жителите на Ираклион утрово ги разбуди нов силен...

Македонија2 часа

Попишани 1.619.857 граѓани во земјата и 198.589 од дијаспората, остануваат уште два дена од пописот

Во земјава до вчера се попишани 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови. Можноста за самопопишување на лица во странство,...

Македонија3 часа

Претседателката на Европската комисија денеска во Скопје, а утре еврокомесарот Вархељи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, денеска попладне ќе допатува во посета на Скопје. Како што беше најавено,...

Македонија16 часа

Од модуларната болница во Штип избегал 84-годишен пациент

Вчера попладне, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници. „На 26.09.2021 во...

Македонија18 часа

Регистрирани 112 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 82, Кавадарци...

Европа21 час

Олаф Шолц: Дојде време ЦДУ/ЦСУ да замине во опозиција

Пo објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија денеска рано наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за...

Македонија21 час

Пендаровски: Политичките тензии на моменти ја парализираат државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното...

Македонија22 часа

Црвенковски: Ако нашата идеја е „НАТО ќе нѐ брани, ЕУ ќе нѐ храни“, ниту ќе се одбраниме ниту ќе се нахраниме

Како поранешен премиер и претседател на Република Македонија имам право, но и обврска да проговорам, за тоа каде според мои...

Македонија22 часа

Шефицата на Европската комисија утре во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, утре ќе допатува во земјатаа, а ќе ја пречека премиерот Зоран Заев...

Европа23 часа

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Свет1 ден

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија1 ден

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија1 ден

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ2 дена

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион2 дена

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија2 дена

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија2 дена

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Досие