Контакт

Македонија

Каракамишева: Венециската комисија поради притисоците испрати писмо до Османи и Заев

Објавено пред

Венециската комисија испратила писмо до Кабинетот за вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и до премиерот Зоран Заев во кое се наведува дека не е дозволен владин притисок од каков било вид врз национален претставник на телото, тврди професорката Татјана Каракамишева.

„Само што добив информација од генералниот секретар на Венециската комисија, г. Томас Маркерт, дека согласно со правилата на Комисијата владин притисок од каков било вид врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН и дека писмото е веќе доставено до Кабинетот на Османи и на Заев.

Да имавме слободно новинарство јавноста веќе ќе беше информирана. Ама немаме!

Ги повикувам новинарите да го добијат писмото упатено до претседателот и заменик-претседателот на Владата и да ја информираат јавноста за ставот на Комисијата во однос на ваквите недолични испади на политичари врз угледни експерти”, напиша Каракамишева на „Фејсбук“.

Ваквата реакција доаѓа откако вицепремиерот Османи се закани дека до Венециската комисија ќе бидат испратени само членовите за банкнотите и за униформите, а не целиот закон, затоа што во ова тело како претставник од Македонија е професорката Тања Каракамишева, која, наводно, се обидувала субјективно да влијае на Законот. Каракамишева, која е претседател на комисијата за политички систем на ВМРО-ДПМНЕ, Османи ја нарече деструктивен елемент за кој ќе гледале со коалициските партнери да го повлечат од Венециската комисија.

И покрај спротивните најави од вицепремиерот Бујар Османи, Владата одлучи целиот Закон за јазици да го испрати во Венециската комисија. На мислење до советодавното тело на Советот на Европа околу уставноста на законот се испратени и двата члена што не се дел од донесеното решение: одредбите за двојазичност на банкнотите и воените униформи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

МВР: Ги отфрламе шпекулациите за постоењето на киднапери и продажба на човечки органи

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи ги отфрла шпекулациите за постоењето на киднапери кои киднапираат поради препродажба на човечки органи. Оттаму велат дека досега кај нив не се пријавени ниту случаи на киднапирање поради органи, ниту се вистинити наводите дека досега на исчезнати жртви им недостигале органи

„Деновиве преку социјалните мрежи во јавноста се шират целосно неточни информации во кои се злоупотребуваат актуелните случаи на исчезнати лица. Граѓаните да бидат спокојни и да не потпаѓаат на шпекулативни дезинформации кои предизвикуваат паника и вознемиреност. МВР за последните случаи на исчезнување, коишто се целосно расчистени, јасно и недвосмислено соопшти дека се работи за класични случаи на самоубиство. Неосновани се и дезинформациите дека има пораст во бројот на исчезнати лица, како што е соопштено и во текот на вчерашниот ден – статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата, и дека во континуитет во последниве 5 години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94% Статистичките податоци од 2014 заклучно со 2018, од 2008 пријавени случаи за исчезнати лица, пронајдени се 1876 лица. Дополнително, на веб-страницата на МВР може да се проверат сите податоци и сите актуелни случаи на исчезнати лица МВР апелира до медиумите и граѓаните да се воздржат од ширење на дезинформации кои ја вознемируваат јавноста, и да се повикуваат на официјално објавените податоци од надлежните институции“, соопштуваат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Иванов го осуди нападот во затворот во Шуто Оризари и побара одговорност од институциите

Објавено пред

Kабинетот на Претседателот на Република Македонија, најостро го осудува физичкото насилство што се случи во текот на вчерашниот ден во затворот во Шуто Оризари.

Од таму велат дека безбедноста на сите притворени и затворени лица мора да биде загарантирана од затворската управа, а за ваквите и слични случаи, не може и не смее да има никакво оправдување.

„Во казнено поправните установи во Република Македонија мора да се заштити психофизичкиот и моралниот интегритет на лицата, да се почитува нивната личност и достоинство, како и нивното право на лична сигурност“, стои во соопштението.

Од Кабинетот на претседателот се повикуваат и на член 10 од Уставот на Република Македонија според кој „животот на човекот е неприкосновен“ и челн 11 согласно кој „физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени и се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување“.

Го цитираат и членот 176, став 1, од Законот на кривична постапка според кој „при издржување на притворот не смее да се навредува личноста и достоинството на обвинетиот“.

„Во изминатиов период до Комисијата за помилување како и до Одделението за постапување по претставки и предлози во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, беа доставени писма од граѓани кои изразуваа загриженост за безбедноста во затворите во Република Македонија“, велат од Кабинетот на Иванов од каде што додаваат дека очекуваат што побрзо расчистување на овој, како и на сите досегашни случаи и бараат одговорност од сите надлежни институции.

Прикажи повеќе...

Македонија

(ИНТЕРВЈУ) Силјановска: Ме болат навредите, но јас сум инает и бунтовник

Објавено пред

Кандидатката за претседател зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, предизвика различни реакции во јавноста по објавувањето и изборот на нејзината кандидатура. Реакциите се движеа од позитивни, преку говор на омраза и сексизам за нејзиниот изглед, до коментари од типот „како е можно вмровски кандидат да биде поранешна министерка во Владата на Бранко Црвенковски“ и зошто премолчела голем дел од општествените случувања за време на владеењето на Никола Груевски.

Во интервју за „Макфакс“ таа одговара на дел од овие прашања, нејзините ставови за шарената револуција, оценува што би направила различно доколку би била избрана за претседател, а јасно ги изразува и своите негодувања во однос на договорот од Преспа. Вели дека е легалист и дека е должна да го прифати договорот, но дека „прашањето сè уште не е затворено“.

„Јас немам проблем да има компромис со име кон надвор, ама име кон сосед за внатре е крајно чудно решение“, вели таа.

Силјановска тврди дека слушала дека нејзиниот молк значел поддршка на „груевизмот“ и додава дека Груевски го сретнала само еднаш, кога се дискутурало за Законот за високо образование.

„Професорите не треба да се секогаш присутни по медиумите, но секогаш кога ме повикувале да кажам свој став, тоа сум го правела. Кај нас има таканаречени ‘прекувремени медиумски фабрички работници’ кои цело време се по телевизии и го окупираат медиумскиот простор. Јас не сум таква личност“, тврди Силјановска.

Таа вели дека кај неа преовладал инаетот и фактот дека очекувала промени по промената на власта, но и дека неколкупати се предомислувала пред да ја поднесе кандидатурата.

„Мотото на шарената револуција беше ‘нема правда, нема мир’, а сега е ‘нема правда, има мир’. Шарената револуција не даде резултати“, вели таа.

Децидно стои на ставот дека не е врзана за ниту една политичка партија и дека нејзиното време на партиски активизам е поминато.

„Партија бирам еднаш, повеќе не. Во 1994 година ја видов политиката однатре и сфатив дека тоа не е мојот живот“, тврди Силјановска, додавајќи дека таа е критичар на секоја власт, па затоа не се пријавила на конкурсот на СДСМ за претседател на државата.

„Но, да беше конкурсот во времето кога владееше ВМРО-ДПМНЕ, можеби не би било проблем“, вели таа.

Силјановска од утре ќе собира потписи за претседателската кандидатура низ сите подрачни канцеларии низ ДИК во земјава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

(ИНТЕРВЈУ) Силјановска: Ме болат навредите, но јас сум инает и бунтовник

Кандидатката за претседател зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, предизвика различни реакции во јавноста по објавувањето и изборот...

Македонија18 минути

Судска медицина: Не се вадени органи кај починатите лица

Институтот за судска медицина ги демантира шпекулациите во јавноста дека на некои од починатите лица кои претходно беа пријавувани за...

Македонија1 час

„Ги поминаа границите“ – директорот на СОЗР во Владата им забрани „Фејсбук“ на вработените

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески, им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и...

Крвав четврток2 часа

На 15 март пресуда за крвавиот четврток

Претседателката на Судечкиот совет, кој го води случајот за насилствата од 27 април, Добрила Кацарска, следното рочиште на кое ќе...

Македонија2 часа

(Видео) Котевски: Одговорен човек сум, во понеделник поднесувам оставка

Директорот на КПУ „Скопје“, Ѓоко Котевски, пред новинарите рече дека во понеделник ќе поднесе оставка на функцијата поради физичкиот инцидент...

Македонија3 часа

Пратеничките Лашкоска и Манаскова обвинија дека Мисовски им се заканува со камен

Пауза на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, им се...

Македонија3 часа

(Видео) Александрова: Бараме домашен притвор за Јанакиески и Ристовски

Пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ вчерашниот инцидент во затворот во Шуто Оризари го нарече настан без...

Македонија4 часа

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија4 часа

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади...

Македонија5 часа

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Европа6 часа

Хаос на автопат во Италија: Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир

Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир во северна Италија, при што едно лице загина, а вкупно 37 се...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тепани луѓе во притвор, како да живееме во Северна Кореја

Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта го допре дното. Претепувањето на Миле...

Македонија6 часа

СДСМ по инцидентите во затворот: Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски

Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски, институциите и граѓаните нема да им дозволат да ја втурнат државата во...

Македонија6 часа

Попладне локални врнежи од дожд, на планините снег

Уште во текот на претпладнето облачноста насекаде ќе се зголеми, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од...

Македонија16 часа

Архитектите лути, барат итна заштита на ГТЦ без зелениот покрив и на Владата без барок

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар иницираше низа барања на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) до Владата. Архитектите денес...

Македонија19 часа

(Видео) Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под надзор на доктор

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот...

Македонија19 часа

Братот и сопругот на Мира Стојчевска се откажаа од вработувањето и унапредувањето, синот останува во ЕЛЕМ

Пратеничката Мира Стојчевска, по една недела молк за вработувањето на синот и братот и за унапредување на сопругот, се огласи...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што попладнево беше пренесен ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот...

Македонија21 час

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Македонија22 часа

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во...

Досие