Контакт

Македонија

Каракачанов: Македонските колеги сфатија дека Бугарија не се шегува

Објавено пред

Нема никакви разлики во политиката кон Република Северна Македонија. Нема никакви разлики помеѓу премиерот Бојко Борисов, министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, и мене, изјави утрово вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, по вчерашните средби со македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев, која престојуваше во Софија.

„Вчера, имавме корисни разговори, кои почнаа во 10 часот и завршија малку пред пет часот. Македонските колеги сфатија дека Бугарија не се шегува. Тие разбраа дека нема кој да нè притиска за да го смениме нашиот став“, рече Каракачанов и објасни:

„Она што е ново од вчера е што колегите од Скопје разбраа многу јасно дека сакаме јасни гаранции за спроведување на договорот за пријателство од 2017 година и дека нема да го заобиколат. Дали ова ќе биде нов договор, анекс или протокол – не е важно. Не брзаме, има уште неколку дена до донесувањето на конечната одлука“.

Каракачанов вели дека Бугарија ќе продолжи да ја поддржува Македонија.

„Јасно изјавуваме дека единствената нормална перспектива за РСМ е европска интеграција. Разговорот беше корисен, но задоцнет“, рече Каракачанов за „Нова ТВ“.

Според него, Македонија и политичката елита во Скопје изгубиле 30 години.

„Нема кој да изврши притисок врз нас. Нема да дозволиме фалсификување на бугарската историја. Бугарија е суверена и достоинствена земја“, повтори вицепремиерот неколкупати, пренесува „Бгнес“.

Каракачанов вчера по средбата изјави дека Бугарија не може да прави никаков компромис за прашањата поврзани со бугарската историја.

„Им објаснивме на нашите колеги од РС Македонија дека не можеме да направиме никаков компромис за прашањата поврзани со бугарската историја, со идентитетот на бугарските херои и со идентитетот на целиот нејзин народ, кој е дел од општата историја. Од тука натаму сè е во рацете на колегите во Скопје. Макар и неколку дена до крајот на процесот, до петок, бргу да коригираат сè што пропуштиле во моментот. И да видиме дали тоа е доволно да почнат преговорите“, рече бугарскиот вицепремиер.

Според него, од октомври лани се промениле две работи, а тоа е дека Македонија разбрала оти Бугарија не води некаква политика на инает, туку води принципиелна политика, и дека Бугарија е суверена држава, која има свое достоинство, своја суверена и независна политика и не ѝ влијаат ставовите на една или друга европска или светска престолнина.

Македонија

Царовска: Буџетот на МОН е поголем за 1,1 милијарда денари во однос на лани

Објавено пред

Министерката за образование и наука Мила Царовска го презентираше граѓанскиот буџет за идната 2021 година, проектиран на 23,1 милијарда денари. Царовска рече дека во новиот буџет многу јасно се одразени развојните политики и заложби за создавање образование кое му овозможува на секое дете да го достигне својот полн потенцијал.

„Децата кои се сега дел од образовниот процес се генерациите кои треба да го носат ова општество напред. Училиштата треба да ги подготват за работни места што сè уште не се создадени, за технологии што сè уште не се измислени, за решавање на проблемите кои сè уште не се предвидени. Токму ние се соочуваме со одговорноста, но и обврската да создадеме нови можности за нашите деца и млади, за подготвено да ја дочекаат иднината. Затоа овој буџет е креиран според реалните потреби на образованието и во насока на реформите кон кои се стремиме“, рече Царовска.

Царовска истакна дека вкупниот Буџет на МОН е поголем за 1,1 милијарда денари во однос на минатата 2020 година, а најголемиот дел од парите се насочени директно кон граѓаните – кон подобрување на образовниот систем и условите во коишто се одржува наставата.

„Издвоивме околу 1 милијарда денари за капитални инвестиции – што е за два и пол пати повеќе во споредба со минатата година. Со овие средства ќе овозможиме поквалитетен образовен процес за околу 100.000 ученици, студенти и наставен кадар. Ќе реконструираме основни и средни училишта секаде низ државата, ќе градиме спортски сали и ќе продолжиме со реконструкциите на студентските домови и јавните установи за високо образование“, рече Царовска.

Во интерес на инклузивното образование министерката најави и новина за условите за добивање буџетски пари за изградба и реконструкција на училиштата.

„За првпат еден од основните критериуми на конкурсот за капиталните инвестиции е токму пристапноста. Главниот услов да поддржиме одреден проект како Министерство ќе биде објектот да е лесно пристапен за лица со попреченост. Овој критериум го воведовме на последниот конкурс и продолжуваме да го применуваме во иднина“, рече Царовска.

Во делот на капиталните инвестиции предвидена е и целосна адаптација на 3 регионални центри за средно стручно образование во Охрид, Тетово и Куманово. Со воспоставувањето на овие регионални центри даваме сосема нова димензија на средното стручно образование. Ги поттикнуваме младите да се стекнат со вештини потребни на пазарот на трудот, преку кои ќе дојдат до поквалитетни работни места.

„Но, инвестирањето во објекти само по себе не е доволно, ако не е проследено со суштински реформи во самиот образовен систем. Интензивно работиме на реформи во основното и средното. Развиваме целосно нов концепт на наставни програми и наставни материјали. Го напуштаме традиционалниот начин на фактографско учење и преминуваме на образование кое создава граѓани што размислуваат критички и логички и носат заклучоци врз основа на факти, докази и анализи“, рече Царовска.

Она што е многу важно за првпат Министерството за образование издвојува 54 милиони денари за ангажирање на образовни асистенти. „Овозможуваме да секое дете го развие својот потенцијал преку креирање на инклузивни образовни политики и грижа за индивидуалните потреби на сите ученици“, рече Царовска.

Министерката најави целосно нова динамика односно редовна месечна исплата на студентските и ученичките стипендии од декември.

„Со 900 милиони денари за стипендии за ученици и студенти и за започнување исплата на бесплатен студентски оброк го подобруваме и унапредуваме студентскиот и ученичкиот стандард на околу 50 илјади млади лица“, рече Царовска.
Царовска истакна дека МОН продолжува да работи на враќање на достоинството на наставниците, мотивирање и вреднување на нивниот труд.

„Ги зголемуваме блок дотации за основно и средно образование и обезбедуваме дополнителни 122 милиони денари. Во 2021 година е планирана и исплата на минат труд во високото образование – законска обврска која со години не се реализирала. Со ова решение покажуваме дека високото образование ни е важен приоритет“, рече Царовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Објавено пред

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени низ здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

„Вчера го донесовме нашето барање како Влада, испратено е до претседателот, јас очекувам дека во текот на денешниот ден врховниот командант на АРМ, а тоа е претседателот ќе даде зелено светло и ситемот за поддршка ќе може да функционира уште утре“, рече Шекеринска.

Војниците ќе бидат распределени по барање на здравствените институции, бидејќи според министерката здравствените лица треба да се посветат само на нивната работа, а не да се грижат кој е пред болниците.

Министерката изјави дека една од причините зошто беше даден предлогот за кризна состојба е затоа што во вакви услови можеме да ги користиме армиските сили.

„Согласно нашиот Устав и нашите законски одредби , АРМ не може да биде употребена во овие услови надвор од кризна и воена состојба“, рече Шекеринска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Царовска: Со квалитетно образование до превенција и спречување на насилство врз девојчињата и жените

Објавено пред

Министерката за образование и наука Мила Царовска во видео обраќањето по повод одбележувањето на „16 дена активизам“, рече дека за родово базираното насилство треба гласно да зборуваме постојано, а не само во деновите кога трае кампањата.

Царовска која е и долгогодишна активистка во борбата и јакнењето на женските права, рече дека Владата, но и Министерството за образование и наука посветено работат на искоренување на насилството врз жените и девојчињата, а тоа се прави во сите сегменти во општеството и низ образованието.

„ Моите лични заложби, но и заложбите на Министерството за образование и наука се низ образовниот процес да создадеме ненасилно однесување на новите генерации, да го искорениме насилството во каква и да е форма од нашето секојдневие и да поттикнеме толеранција и почит. На ова веќе посветено работиме со укинување на учебниците кои содржат родови стереотипи и поттикнуваат агресивност и понижување и преку воведување на нови наставни материјали кои ја унапредуваат родовата еднаквост и различностите”, рече Царовска.

Министерката истакна дека големо позитивно влијание на сето ова ќе има и воведувањето на сексуалното образование во основното образование, како и јакнењето на стручните служби во основните и средните училишта кои ќе работат на заштита на менталното здравје на учениците и на наставниците.

„ Како Влада изминатите години направивме многу за превенција и заштита од родово базирано насилство. Почнувајќи од ратификација на Истанбулската конвенција, до засилување на мрежата за помош и поддршка и поставување механизми за едукација и превенција. Но, ова е битка која мораме да ја водиме сите заедно, како општество.

Затоа, денес ве повикувам никогаш да не премолчуваме насилство, да делуваме во име на сите оние на кои им треба нашата помош. Да одговориме на предизвикот кој го нарушува најсветото – безбедноста и сигурноста на секој од нас. Портокаловата е само боја се додека не прерасне во симбол, во заедничка заложба. А, за тоа сме потребни сите. Да пријавуваме насилство, да подадеме рака, да помогнеме”, рече Царовска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени низ здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера...

Култура1 час

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе и обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата коишто се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа2 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет2 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но откако во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија3 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион3 часа

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа3 часа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет3 часа

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет4 часа

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет4 часа

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет4 часа

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет5 часа

Голем метеж на аеродромите и во центрите за тестирање во САД во пресрет на Денот на благодарноста

Метежот на аеродромите и редиците пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Македонија16 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет17 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет17 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија18 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа18 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Свет19 часа

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Спорт19 часа

Ѓоковиќ најдобар во 2020-та година

Моментно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува годинава на првата позиција на АТП листата. Тоа му појде од рака...

Досие