Контакт

Македонија

Касами за откажувањето на пратеникот за гласање недоверба: Не сум изненаден

Објавено пред

Претседателот на Беса, Билал Касами, дојде во Собранието откако неговиот пратеник Кастриот Реџепи се откажа од гласање за недоверба на Владата.

„Не сум изненаден“, рече Касами и влезе во Собранието.

Тој не одговори дали ќе има мнозинство за гласање недоверба на Владата, туку рече дека изјава ќе даде за половина час.

Македонија

Стојановски: Буџетот нема да им ги реши проблемите на граѓаните во пресрет на најголемата криза

Објавено пред

Цените на основните производи се во постојан пораст и привременото замрзнување на дел од нив нема значително да го подобри животниот стандард на граѓаните, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, посочувајќи дека во следните денови на собраниска седница ќе се расправа за буџетот за 2022 година.

„Во текот на амандманската расправа поднесовме бројни суштински амандмани со цел цената на електричната енергија да не се зголеми и дополнително да им се помогне на граѓаните и компаниите, но сите амандмани беа одбиени од страна на владејачкото мнозинство.

Одбија амандмани за изградба на градинки, реконструкција на училишта, третман на отпадни води и бројни други амандмани кои што се покорисни отколку да делат пари за проекти кои што треба да ја откријат ‘пицата на Римјаните’.

Истовремено сакаме на СДСМ да им порачаме дека тие амандмани што биле прифатени и биле во голем број, како што тие тврдат, е одраз дека на Буџетот му се потребни значајни интервенции и дека ВМРО-ДПМНЕ преку своите амандмани се бори за интересот и барањата на граѓаните.

Се надеваме дека парламентарното мнозинство ќе собере сили и ќе признае дека овој Буџет нема да реши ниту една криза со која се соочуваат граѓаните и стопанството“, посочи претеникот на ВМРО-ДПМНЕ и изрази очекување во следните месеци да има ребаланс на буџетот, затоа што, како што рече, кризата е многу посериозна отколку што СДСМ и ДУИ сакаат да ја претстават.

Прикажи повеќе...

Македонија

Деспотовски предлага конкретни мерки за справување со корупцијата

Објавено пред

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски, повикува на заедничка борба против корупцијата и предлага конкретни мерки за справување со овој проблем.

„Денес добив прашања за мојот став по повод Меѓународниот ден на борба против корупцијата. Нема да бидам нималку внимателен и политички коректен на оваа тема. Бидејќи корупцијата краде од моите, од нашите деца. Краде од нивната иднина за малкумина да живеат комотно денес. 25 години зборуваме, ама многу малку правиме. Граѓаните неодамна ја дадоа последната опомена, “ напиша Деспотовски на официјалниот фејсбук профил.

„Со #Концепт 28 воведуваме обврска за сите носители на јавни функции годишно да ја доставуваат својата имотна состојба. И, истата ќе биде на увид на граѓаните преку механизмите на ДКСК. Не само на почеток и на крајот од мандатот како досега,“ вели Деспотовски.

Тој упати и апел за заедничка борба против корупцијата.

„Ги повикувам и моите другари Фросина и Димитар, но и огромното мнозинство на чесни членови на СДСМ и сограѓани, заедно да кажеме и да покажеме дека сме фронтот против ова зло.“

Прикажи повеќе...

Македонија

168 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати за 24 часа

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.478 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 110, Кавадарци и Кочани по 9, Гевгелија – 7, Битола – 5, Куманово, Прилеп и Охрид по 3, Струга, Неготино, Македонски Брод и Дојран по 2 и по еден заразен во Тетово, Гостивар, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Берово, Делчево, Виница, Богданци и Демир Хисар.

Во текот на изминатото деноноќие пријавени се седум починати лица – 4 од Скопје (71, 69, 59 и 55 години) и по едно починато лице од Велес (67), Струмица (65) и од Штип (77). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

За 24 часа, регистрирани сe и 275 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 90, Битола – 26, Прилеп – 24, Кавадарци – 22, Берово – 18, Струмица – 13, Кочани – 11, Тетово – 10, Велес – 7, Валандово – 6, Куманово, Неготино и Радовиш по 5, Гевгелија – 4, Штип, Крива Паланка, Делчево, Кратово и Пехчево по 3, Виница, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод по 2 и по еден оздравен во Гостивар, Свети Николе, Ресен, Дебар, Богданци и Демир Хисар.

Направените 1.478 теста се преку: ИЈЗ – 131, ЦЈЗ Скопје – 26, ЦЈЗ Куманово – 17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 1, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 65, „Авицена“ – 82, „Биотек“ – 71, „Систина“ – 53, лабораторија „Лаор“ – 74, „Ремедика“ – 13, „Плодност“ – 34, „Никоб лаб“ – 210, „ВФВ медикал“ – 20, „Ели медика“ – 17, „Рапид лаб“ – 7, „Жан Митрев Струмица“ – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 653.

Досега во земјата се направени вкупно 1.493.451 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, на починати е 7.695, а бројот на активни случаи изнесува 5.707.

Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 95.588, Активни 2.762
Куманово 12.966, Активни 189
Тетово 11.353, Активни 87
Прилеп 10.386, Активни 340
Битола 8.883, Активни 494
Гостивар 8.075, Активни 21
Велес 7.362, Активни 165
Кавадарци 7.120, Активни 243
Штип 6.632, Активни 115
Охрид 6.558, Активни 212
Струмица 6.157, Активни 113
Кичево 4.237, Активни 43
Кочани 4.042, Активни 106
Струга 3.913, Активни 35
Гевгелија 2.821, Активни 82
Неготино 2.581, Активни 41
Свети Николе 2.128, Активни 40
Крива Паланка 1.913, Активни 70
Ресен 1.770, Активни 61
Радовиш 1.760, Активни 61
Берово 1.466, Активни 55
Дебар 1.456, Активни 0
Делчево 1.429, Активни 103
Виница 1.162, Активни 17
Пробиштип 1.128, Активни 23
Валандово 959, Активни 42
Кратово 778, Активни 27
Богданци 647, Активни 19
Демир Хисар 622, Активни 50
Крушево 595, Активни 32
Македонски Брод 505, Активни 14
Демир Капија 426, Активни 4
Македонска Каменица 421, Активни 27
Пехчево 353, Активни 7
Дојран 170, Активни 7

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

168 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.478 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Македонија3 часа

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката заврши рочиштето за Меѓународниот сојуз

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката Софче Гаврилова-Ефремова заврши рочиштето за Меѓународниот сојуз Јовановски побара нејзино изземање од...

Свет4 часа

Од компанијата „Фајзер“ со најава: Можеби ќе биде потребна четврта доза за заштита од омикрон-сојот

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ велат дека две дози од нивната вакцина не обезбедуваат силна заштита од омикрон-сојот, па затоа...

Свет5 часа

Бајден: Дали да испратам војска во Украина доколку Русите нападнат – тоа не е опција

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема да нареди испраќање американски војници во Украина како одговор на можна руска инвазија....

Европа6 часа

(Видео) Tепачка во турскиот парламент

Синоќешната расправа за буџетот во турскиот парламент завршила со тепачка меѓу пратениците, јавуваат медиумите во регионот. Имено, додека се расправало...

Свет7 часа

Aкутната фаза на пандемијата на коронавирусот ќе заврши во 2022, предвидува Бил Гејтс

Акутната фаза на пандемијата на коронавирусот ќе заврши во 2022 година, предвиде основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, на својот блог,...

Македонија22 часа

Бектеши: Цената на струјата нема да поскапи повеќе од 10%

Поскапувањето на струјата нема да биде повеќе од 10%, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. „Согласно сите проекции, зголемување...

Македонија23 часа

419 новозаразени и 14 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.285 тестирања,...

Свет1 ден

Три дози од вакцината на „Фајзер“ штитат од омикрон – официјална изјава од појавата на новиот сој

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ денеска објавија дека нивните три дози од вакцината против коронавирус за време на лабораториски тест...

Европа1 ден

Олаф Шолц официјално избран за канцелар на Германија

Германскиот парламент го избра Олаф Шолц за наследник на Ангела Меркел како канцелар на Германија. Лидерот на Социјалдемократската партија (СПД),...

Свет1 ден

Швајцарија одобри капсула за евтаназија: Смртта настапува за помалку од една минута

Еутаназијата е поддржана легално во Швајцарија, а оние што ја сакаат ќе имаат на располагање нов метод. Капсулите Сарко го...

Европа1 ден

Рации во Германија поради трговија со работници од Балканот – има уапсени и запленет имот

Германските полицајци и цариници денеска спроведоа десетици рации ширум земјата со цел да ја потиснат наводната трговија со привремени работници...

Свет1 ден

(Видео) Јапонски милијардер стана првиот руски турист во вселената

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава денеска полета до Меѓународната вселенска станица (ISS) во својот прв вселенски лет. Руското вселенско летало Сојуз,...

Свет1 ден

Објавена фотогафија од омикрон со помош на електронски микроскоп

Универзитетот во Хонг Конг објави фотографија од новиот сој на коронавирусот, омикрон, добиена со помош на електронски микроскоп. Омикрон првпат...

Свет1 ден

(Видео) Во Индија се урна хеликоптер во кој бил шефот за безбедност и неговата сопруга

Индиски воен хеликоптер утрово се урна во Тамил Хад. Според светските медиуми, во авионот бил и шефот на индискиот безбедносен...

Свет1 ден

Во разговорот на Путин и Бајден покрај сериозни теми имало и шеги

Разговорот помеѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден бил деловен, но се слушале и шеги и...

Европа2 дена

Белорусија воведува ембарго за производи од непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата...

Европа2 дена

Банкнотите на еврото преку нов дизајн ќе промовираат различност и инклузивност

Европската централна банка (ЕЦБ) во понеделникот објави дека планира да ги редизајнира банкнотите на еврото во следните три години за...

Македонија2 дена

Вкупно 16 починати и 375 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на...

Европа2 дена

Објавени нови сателитски снимки од руска војска на украинската граница

Американските медиуми продолжуваат да презентираат докази за руска акумулација на сили по должина на границата со Украина и подготовки за...

Досие