Контакт

Македонија

Касами од Беса го условува Заев за двотретинското мнозинство

Објавено пред

Заев ако продолжи како и досега да нема слух за нашите барања, нека си размислува да најде уште гласови за уставните измени, рече претседателот од едното крило на Беса, Билал Касами, по денешната седница на Централното собрание.

Од ова партиско крило соопштија дека Централното собрание го овластило Централното претседателство, во согласност со програмата на движењето Беса да донесат потребна одлука, одлука што ќе се одрази преку гласање во Собранието на Република Македонија преку двајца пратеници од Движењето Беса.

Касами оцени дека што се однесува до 2018 година, Движењето Беса во текот на оваа година, откако поминало во период на предизвици на политичка зрелост, прераснало во една од главните протагонисти во важните процеси со кои се соочува Македонија.

Од Беса сметаат Македонија не го надминала кризниот период, особено од фактот дека правниот систем и државата се трансформирале во „пазарна економија” за да се реализира политичката агенда. Касами смета Македонија се одалечува и подалеку од европски вредности и принципи.

„2018 година ќе се памети како година на амнестија на криминалот, прикриени коруптивни работи – афери, екстремната политизација на судството и трансформирање на Собранието како институција што го спречува владењето на правото. Во економскиот аспект, Македонија не само што немала прогрес и економски раст, напротив има стагнација и влошување. Отежнати услови на стопанисување, недостиг на перспектива, наметна голем очај во населението и како резултат на сето ова младите сè почесто се одлучуваат да најдат засолниште во развиените европски земји за да се изгради својата иднина далеку од татковината. Се надеваме дека, како што го оставаме зад себе 2018 година, заедно со тоа се надеваме дека зад себе ги оставаме горчливите настани што се случија во оваа година“, рече Касами.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Милошоски: Изјавите на обвинетите се основано сомнение за соучество на Заев во „Рекет“

Објавено пред

Од она што можеше да се слушне во изјавите од првообвинетиот и второобвинетата се гледа дека обвинителството смислено не ги вештачело целосно нивните телефони, особено на првообвинетиот Бојан Јовановски затоа што во неговиот телефон според тврдењата се наоѓаат докази за комуникација помеѓу него и поранешниот премиер Зоран Заев, за обезбедување на број на пратеници, за влијание врз судството и за рекетирање на стопанственици, изјави Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ваквите изјави сметаме дека треба да бидат третирани како допрен глас за Јавното обвинителство и апелираме Обвинителството за борба против организиран криминал под итно да спроведе истрга за можното соучество на Зоран Заев во аферата Рекет или можеби неговата улога на налогодавец на целата оваа финансиска афера.

Она што исто така сметам дека во овој случај е битно е дека во телефонот на првообвинетиот во случајот Рекет се тврди дека постои смс порака од 16 април минатата година каде што господинот бивши премиер Зоран Заев на првообвинетиот му испраќа порака: Дојди да се видиме и ќе ги соочиме доказите.

поставува прашањето како дошле доказите за Рекет до бившиот премиер Зоран Заев на 16 април минатата година, кога истиот Зоран Заев тврдеше дека пријавата за Рекет ја направил на 2 мај? Дали тоа значи дека доказите од обвинителството прво одат на проверка во владата на СДСМ и кај Зоран Заев а потоа дури одат во судница?

Сметаме дека доколку е ова точно е скандалозно и не покренува само сомнение за првообвинетиот Бојан Јовановски во “Рекет”, туку остава основано сомнение дека Зоран Заев е соучесник или налогодавец во најголемата криминална афера “Рекет” во изминатите 30 години.

Истовремено апелираме до ЈО освен детално вештачење на мобилниот апарат на првообвинетиот во случајот “Рекет”, да се изврши детално вештачење на мобилниот телефонски апарат на тогашниот премиер Зоран Заев, истиот оној телефон преку кој што разговараше со лажниот Порошенко. Тоа би биле нашите апели до ЈО и правосудството и ги повикуваме да дејствуваат поефикасно и неселективно, за да може оваа афера да ја добие нејзината вистинска димензија“ истакна Милошоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Исплатени над 156 милиони денари на невработени лица и стечајци за месец мај

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување информираат дека на 16.012 невработени лица корисници на паричен надоместок и стечајци исплатени се 156.649.277 денари за месец мај. Паричниот надоместок се исплатува согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

Со последните дополнувања на регулативата, работниците кои поради корона-кризата останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, врз основа на потпишана спогодба, отказ или лична изјава, независно од времето поминато во работен однос, можат брзо да дојдат до помош за полесно да го премостат периодот на невработеност. За да добие паричен надоместок во времетраење од два месеца, невработеното лице треба да достави барање до надлежниот центар за вработување на Агенцијата за вработување.

Со прилагодување на регулативата на новонастанатите услови поради корона-кризата, Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Северна Македонија одговораат на реалните потреби на лицата кои останале без работа. Обезбедувајќи брз и олеснет пристап до материјално обезбедување, не дозволуваме невработените лица да завршат во сиромаштија. Се грижиме за сите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во изминатие 24 часа издадени решенија за изолација на 392 лица

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие за 392 лица биле издадени решенија за изолација, а 150 лица потпишале изјави за самоизолација, информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани прекршувања на мерките.

Во однос на мерката за носење заштитна маска, регистрирани се 475 прекршоци.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа2 часа

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет2 часа

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет3 часа

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа4 часа

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион16 часа

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет16 часа

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет17 часа

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија17 часа

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија19 часа

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија21 час

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија21 час

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија22 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион1 ден

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија1 ден

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион1 ден

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет1 ден

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет1 ден

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт1 ден

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа1 ден

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Досие